Европа
Euractiv: Европскиот парламент го приморува Јункер да направи промени во тимот

Формирањето на новиот состав на Европската комисија (ЕК) во понеделникот претпре удар откако парламентарниот комитет го отфрли унгарскиот кандидат за еврокомесар за образование и култура, поради неговата улога во унгарската влада, која се товари за напад врз граѓанските права, пишува Euractiv.
Комитетот изгласа да го прифати кандидатот Тибор Наврашич во поинаква улога во Европската комисија, и побара од новиот претседател Жан-Клод Јункер да не му го додели портфолиото за образование и култура.
Откако неколку од 27-те номинирани кандидати не успејаа веднаш да добијат право одобрување, Наврашич беше првиот кој веднаш беше одбиен. Судбината на Унгарецот ќе зависи и од пакетот на компромиси кој Јункер би трребало да ги понуди за да го одблокира процесот кој е отежнат поради партиските ривалства во Европскиот парламент (ЕП).
„Ова е првиот пораз за Јункер“, напишал шпанскиот европратеник Ернест Марагал на својот твитер профил, потврдувајќи дека Комитетот за образование и култура изгласал со 14 гласа „против“ и 12 гласа „за“, унгарскиот кандидат да не ја добие номинацијата од Јункер.
„Наврашич и Јункер мора да разберат дека никако не смее да му се додели портфолио на некој што припаѓал на унгарската Влада, која беше индиферентна, дури можеби и против фундаменталните европски вредности“, изјавила германската европратеничка Петра Камереверт.
Европските соседи на Унгарија често ја обвинуваа владата на Орбан за заобиколување на правата на малцинствата, како и медиумските, судските и образовните слободи, а Наврашич по своето сослушување се обиде да се дистанцира од Орбан, „изразувајќи жалење“ поради таквите постапки./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
На Германка и испаднале наочарите во езеро додека била на чамец, се удавила барајќи ги

Една жена загина во Хамбург откако се обидела да ги земе очилата што паднале од чамец во езерото Алстер во близина на пристаништето, соопшти вчера полицијата.
Се верува дека 57-годишната жена нурнала под пристаништето за да ги бара, но не се вратила на површината. Нејзиното безживотно тело подоцна било извлечено од водата и не можело да се реанимира. Минувачите ги известиле службите за итни случаи.
Двајца мажи, исто така, исчезнале додека пливале во водите на Хамбург во неповрзани инциденти еден ден претходно, според властите.
Четириесетгодишен маж скокнал во реката Елба и брзо бил однесен од струјата, соопшти полицијата. Другиот, 46-годишен маж, пливал на друго место во градот кога одеднаш исчезнал под водата, соопшти полицијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање на конфликтот.
Тоталната инвазија на Украина беше наредена од Владимир Путин пред три и пол години. Во војната загинаа десетици илјади луѓе и беше опустошен голем дел од источна Украина.
Putin spoke at the Shanghai Cooperation Organization Summit.
He blamed the West for the "Ukrainian crisis" and said that "the root causes of the crisis" must be removed in order for peace to come.
Looks like Putin has made his choice: he's going to continue the war. https://t.co/yqVH2adAxs pic.twitter.com/kbqYtFnpyH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 1, 2025
„Оваа криза не започна со рускиот напад врз Украина, туку е резултат на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа и охрабри“, рече Путин на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјенџин.
„Друга причина за кризата се постојаните обиди на Западот да ја вовлече Украина во НАТО“, додаде рускиот претседател.
Како избувна војната?
Конфликтот во Украина започна во 2014 година по месеци масовни протести познати како Револуција на достоинството, кога беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович. Кратко потоа, Русија го окупираше и анектираше Крим, а на истокот од земјата, во Донецк и Луганск, избувнаа борби меѓу украинските сили и проруските паравоени групи со директна поддршка од Москва. И покрај договорите од Минск од 2014 и 2015 година, војната во Донбас никогаш навистина не заврши.
Ситуацијата драматично ескалираше на 24 февруари 2022 година, кога Русија, по наредба на Путин, започна целосна инвазија на Украина.
Руските сили тргнаа од неколку правци, тргнувајќи и кон Киев, но наидоа на жесток украински отпор и беа принудени да се повлечат од северните региони. Војната потоа се концентрираше на југот и истокот од земјата, каде што се водеа најжестоките борби.
До ден денес, украинските градови остануваат систематски бомбардирани од руски ракети и беспилотни летала, додека Украина возвраќа со напади врз воени цели длабоко на руска територија. Конфликтот одзеде десетици илјади животи, расели милиони и претвори огромни делови од земјата во бојно поле, а мировните преговори се во застој.
фото: принтскрин
Европа
Европски научници: Пожарите на Медитеранот се директна последица од климатските промени

Незапаметени пожари ги опустошија северна Шпанија и Португалија во последните недели, а Европската Унија се соочува со најлошата сезона на пожари откако започнаа евиденциите во 2006 година. Рекорден број од еден милион хектари изгоре низ Унијата, површина приближно половина од големината на Велс, објави Би-би-си.
Шпанија и Португалија се особено тешко погодени, а научниците од ЕУ проценуваат дека е изгорена околу 1% од целиот Пиринејскиот Полуостров. Повеќе од две третини од вкупната изгорена површина во ЕУ е во овие две земји. Според Европскиот информативен систем за шумски пожари „Коперник“ (EFFIS), повеќе од 400.000 хектари изгореле во Шпанија од почетокот на годината до 26 август. Ова е шест пати повеќе од просекот за истиот период помеѓу 2006 и 2024 година. Соседна Португалија, исто така, бележи рекордни 270.000 хектари изгорени, речиси пет пати повеќе од просекот.
Вкупно, 684.000 хектари се изгорени на Пиринејскиот Полуостров оваа година, при што поголемиот дел од оваа површина е изгорена за само две недели. Пожарите се концентрирани во шумските области на северна Португалија и во шпанските региони Галиција, Астурија и Кастиља и Леон. Пожарот не ги поштеди ниту заштитените подрачја како што е Националниот парк Пикос де Европа, ниту трасата на мрежата за поклонение Камино де Сантијаго, која привлекува повеќе од 100.000 посетители во лето.
Овие настани предизвикаа најголема мобилизација на пожарникари во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ досега.
Чадот од пожарите драстично го влоши квалитетот на воздухот, носен од јужните ветрови до Франција и Обединетото Кралство. Во посебна студија, научниците од групата World Weather Attribution на Империјал колеџ во Лондон директно ја поврзаа влошената сезона на пожари во Медитеранот со климатските промени.
Пожарите, исто така, создаваат маѓепсан круг со ослободување на огромни количини јаглерод диоксид (CO2) во атмосферата, што дополнително ја затоплува планетата. Според податоците на ЕУ, CO2 ослободен од пожарите во Шпанија оваа година достигна рекордни 17,68 милиони тони.
Експертите предупредуваат дека почестите и посериозни пожари низ Европа веројатно ќе продолжат.
фото: принтскрин