Европа
Фараж, човекот заслужен за Брегзит поднесе оставка, ја исполнил мисијата

Најџел Фараж, лидерот на Партијата за независност на Велика Британија, кој е најзаслужен за излегувањето на Велика Британија од Европската унија, поднесе оставка од лидер на партијата.
По оставката на премиерот Дејвид Камерон кој овозможи да се одржи референдумот за напуштање на ЕУ, следуваше Борис Џонсон, поранешниот градоначалник на Лондон и најгласен заговорник на Брегзит кој се откажа од кандидатурата за премиер на земјата, а сега и Најџел Фараж – третиот клучен човек за Брегзит.„Никогаш не сум бил и никогаш не сум сакал да бидам политичар кој ќе гради голема кариера. Мојата цел во политиката беше да ја изнесам Велика Британија надвор од Европската унија. Поради тоа, чувствувам дека е во ред сега да го отстапам местото лидер на партијата“, изјавил Фараж.Тој смета дека „го завршил својот дел од работата“ – Британците да си ја добијат државата назад, и сега тој сака да си го врати својот стар живот назад. Фараж рекол дека партијата сега е добро позиционирана и овој пат порачал дека нема да се премисли како што било случај минатата година.Велика Британија, по референдумот на кој изгласа излегување од ЕУ, се соочува со големи протести, главно на младите луѓе, кои не сакаат да се признаат резултатите од референдумот и кои сакаат да останат дел од Европа, но и со низа на проблеми како што се барањето на Шкотска за останување во ЕУ и „прашањето“ за Северна Ирска кое што допрва ќе се отвори, пренесува „БиБиСи“.Британија ќе добие нов премиер на есен. Фунтата загуби 10 отсто од вредноста во однос на доларот, британските акции паѓаат на светските берзи, а големи компании сега веќе размислуваат да ги преселат своите централи од Лондон, досегашниот финансиски центар на ЕУ, во Франкфурт или Париз.Според податоците на “Financial Times”, за два дена тргување после победата на евроскептиците на референдумот во Британија, на глобалниот пазар со акции биле загубени три билиони долари, од кои берзите на развиените земји загубиле 2,8 билиони. Тоа е најголемиот дводневен пад после колапсот во ноември 2008-ма година поради големата финансиска криза./крај/bbc/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин