Европа
Франција: Бурни полемики за „денот на буркини“
„Денот на буркини“ кој го организира здружение на муслиманските жени и преки компанија којашто организира културно-спортски манифестации на еден ден го закупила приватниот аквапарк „Speed Wate“ за пливање само на муслиманските жени и нивните деца, предизвика жестока полемика во Франција.
Здружението на жени кое е активно во северните квартови на Марсеј, каде што живее претежно сиромашно население, го резервирало за 10-ти септември водениот парк „Speed Water“ повикувајќи ги жените да не облекуваат дводелни костими за капење, туку „буркини“, пренесува AFP. Тој ден за 15 евра во паркот ќе можат да влезат само муслиманки од сите возрасти и момченца до 10-годишна возраст.
Истовремено жените мора да бидат облечени исклучиво во буркини, односно костим за капење, кој ги исполнува прописите на шеријатот за облекување на муслиманките, со коишто е прекриено поголемиот дел од телото.
„Во текот на посетата на паркот дозволено е да се облечат исклучиво буркини“, се наведува на поканата, а на Facebook страницата на здружението се појаснува дека тоа е така бидејќи спасувачи во паркот се мажи.
Мишел Амиел, градоначалник на гратчето Ле-Пен-Мирабо, крај коешто е лоциран овој воден парк, навести дека ќе преземе „соодветни мерки за собирот да биде спречен, имајќи предвид дека тоа би можело да поттикне јавни безредија“.
„Сметам дека ваквиот настан претставува провокација и мислам дека во актуелните контекст и време, не треба да се одржи“, вели Амиел, кој е инаку лево ориентиран политичар, за дневниот весник e Le Parisien.
Пратеничката од конзервативната партија Републиканци, Валери Боаје, на Twitter напиша дека со „прифаќањето на ваквиот тип мода би можело да се оди во полза на комунитаризмот“ во Франција, кој зговара заедница наспроти индивидуализмот, но дека станува збор и за „прашање за дигнитетот на жените, односни прашање за почитување на напите темелни принципи“.
Повеќето француски политичари од управата на паркот бараат да го откаже настанот.
Појавата на бурки и хиџаби во модните колекции во март годинава го критикуваше и министерката за женски права Лоренс Росињол, којашто муслиманките со хиџаби ги спореди со американските црнци кои го прифатиле ропството и кога било укинато, што предизвика остри реакции.
На традиционалните облеки за муслиманските жени – бурката и хиџабот во Франција не се гледа позитивно. Тие се забранети да се носат во образовните институции и во јавните служби.
Законот кој стапи во Франција на сила 11-ти април 2011 година го забранува носењето на јавни места и на улици „целосен превез“, како што се иранската паранџа, арапските никаб и бурка, кои се широко прифатени кај Авганистанките и Пакистанките. Сите видови муслимански облеки за жените целосно ја прекриваат фигурата на жената а бурката го прекрива целосно и лицето. Според законот, појавувањето на јавно место, како улици, паркови, плажи, продавници, ресторани, театри, железнички станици, административни и образовни институции, болници, музеи, библиотеки, спортски објекти и во јавниот превоз, со целосно покриено лице повлекува казна од 150 евра.
На муслиманските жени во Франција им е дозволено да ги носат споменатите видови облека кои ги прекриваат лицата дома, во хотелски соби, во простории организации од затворен тип, на места за вршење богослужба и на верски процесии.
Во летото 2014 година Европскиот суд за човекови, решавајќи по жалби, донесе мислење дека ваквиот закон, кој е на сила и во други европски земји, е валиден./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала
Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела по големиот напад на 10 декември, објави „Киев индепендент“.
Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.
Taking the war to russian’s front door in Moscow tonight:
🔥Drones are attacking Moscow: explosions are heard and smoke is rising. Muscovites are panicking. Cope is real. pic.twitter.com/45Ca3Wym77
— Beefeater (@Beefeater_Fella) December 14, 2025
Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетаљни податоци тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати во Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот Регион.
Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, 40-ина километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот телеграм-канал „Шот“. Експлозии се слушнале и во Кашира и во Коломна, јужно од главниот град.
Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми „Жуковски“ и „Домодедово“. Претходните напади исто така ги прекинаа воздушните операции приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.
Европа
Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ
Евростат објави детаљни податоци за тоа колку граѓани, кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментно имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.
На 31 октомври оваа година вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1 %).
Земјите членки на ЕУ, кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина, биле Германија (1.229.960 лица; 28,6 % од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5 %) и Чешка (393.005; 9,1 %).
Список на земји според примени бегалци од Украина:
- Германија – 1.229.960
- Полска – 965.005
- Чешка – 393.005
- Шпанија – 250.135
- Романија – 197.675
- Словачка – 137.600
- Холандија – 132.200
- Ирска – 117.805
- Белгија – 93.520
- Австрија – 90.340
- Норвешка – 82.590
- Финска – 77.335
- Бугарија – 75.255
- Швајцарија – 70.950
- Италија – 56.940
- Франција – 54.005
- Литванија – 50.600
- Шведска – 48.315
- Данска – 45.230
- Унгарија – 42.430
- Грција – 37.685
- Естонија – 34.965
- Латвија – 31.280
- Хрватска – 28.070
- Кипар – 24.755
- Словенија – 10.950
- Малта – 2.445
- Лихтенштајн – 845
Европа
(Видео) Експлозии во Белгород; Русите: Бевме нападнати со ракети, штетата е значителна
Украинскиот ракетен напад врз рускиот град Белгород предизвика „сериозна штета“ на локалната инфраструктура, изјави доцна синоќа гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.
„Како резултат на нападот, е предизвикана сериозна штета на инженерската инфраструктура. Службите за итни случаи и оперативните служби работат на отстранување на последиците“, напиша Гладков на социјалните мрежи.
Night-time strikes were reported in Belgorod, Russia. Russian channels say the Luch thermal power plant was hit in a missile attack. Unconfirmed reports suggest HIMARS was used – something seen relatively rarely. pic.twitter.com/m6FVEx261w
— WarTranslated (@wartranslated) December 14, 2025
Гладков објави заматена фотографија од местото на нападот, но не прецизираше кои цели биле погодени. Локалните канали на Телеграм објавија експлозии во термоцентралата Луч во градот, клучна енергетска инфраструктура во Белгород, која во минатото беше цел на украински напади, предизвикувајќи големи прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Белгород е честа цел на украински напади
Термоцентралата Луч е гасно-турбинска електрана која произведува топлина и електрична енергија и обезбедува околу 10 проценти од греењето на градот.
❗️According to local reports, a missile strike hit the "Luch" substation in 🇷🇺Belgorod. The city is experiencing power outages. pic.twitter.com/PRq6at8B6T
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) December 14, 2025
Според Гладков, некои куќи и станбени згради во областа беа исто така оштетени во вчерашниот напад. Засега нема извештаи за жртви. Жителите на Белгород, исто така, пријавија прекини во снабдувањето со електрична енергија по нападот.
Сместен на границата со Харковската област, Белгород е честа цел на украински напади. Украина претходно ја таргетираше енергетската инфраструктура во регионот користејќи HIMARS и повеќекратни ракетни системи (MLRS) како одговор на руските напади врз енергетската мрежа на Украина, што сè повеќе го нарушува секојдневниот живот на жителите на Белгород.

