Европа
Франција го суспендираше предавањето на воените бродови на Русија
Под силниот притисок на сојузниците во НАТО, во прв ред САД и Велика Британија, Франција објави во средата навечер дека ја стопира испораката на Русија, предвидена за октомври, на првиот од двата носачи на хеликоптери од типот „Mistral“, што го оправдува со кризата во Украина, пренесуваат агенциите.
Францускиот претседател Франсоа Оланд ситуацијата ја оцени како тешка и додаде дека не се остварени условите за француската испорака на првиот воен брод, се наведува во соопштението на Елисејската палата. „Акциите кои неодамна ги водеше Русија во источна Украина се во спротивност со основите на безбедноста во Европа“, се додава во соопштениeто на кабинетот на француското претседателство што го цитира AFP.Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабуси минатата седмица укажа на наводното присуство на руски единици на украинска територија додека Европската унија подготвува нов санкции за Москва.Руското министерство за одбрана реагирајќи на одлуката на Франција да ја суспендира испораката на носачи на хеликоптери на Русија поради кризата во Украина, соопшти дека нема тоа нема да ја погоди нејзината воена модернизација и плановите за реформи“, пренесе агенцијата Итар-Тасс.„Иако, се разбира, тоа е непријатно, и ги засилува одредените тензии во односите со нашите француски партнери, откажувањето на овие договори нема да претставува трагедија за нашата модернизација (на армијата)“, изјави за агенцијата заменикот руски министер за одбрана, Јуриј Борисов.Новиот француски стави во врска со носачите на хеликоптери е утврден на Советот за одбран ана Франција непосредно пред самитот на НАТО кој во четврток и петок ќе се одржи во Велс и само неколку часови по новите американски критики за испораката на овие пловила. Последните месеци Велика Британија и САД, а особено американскиот претседател Барак Обама, оценија дека испораката на споменатите француски воени бродови на Русија би била „несоодветна“, но Франција ги одбиваше тие критики тврдејќи дека и покрај санкциите Лондон продава воена техника на Москва, а министерот Фабиус нагласи дека договорите се потпишани и платени и мора да се почитуваат, бидејќи многу е веројатна руска тужба за непочитување на договорот.Франција во мај годинава соопшти дека ќе го разгледа договорот со Русија во октомври, но не претходно. Меѓутоа, француски дипломатски извори изјавија дека договорот со Русија од јуни 2011 година за продажбата на два носача на хеликоптери „Mistral”, со можност да продаде уште два, во висина од 1,2 милијарда евра, нема да биде дел од третиот круг санкции против Москва. Во меѓувреме Москва соопшти дека, како што беше планирана и заедничка изградба на ваквите пловила, може да ги изгради самата, бидејќи според договорот веќе ја поседува целата техничка документација.Во моментов во бродоградилиштето во Сен-Назер привршува изградбата на носачот „Владивосток“ за руската воена морнарица кој треба да биде испорачан до крајот на 2014 година и за кој Русија веќе обучи 400 морнари.Вториот брод именуван „Севастопол“, според седиштето на руската Црноморска флота на полуостровот Крим, беше почнат со изградба во Санкт Петербург во јуни 2013 година а потоа беше пренесен во Сен-Назер каде што ќе биде довршен. Тој треба да ѝ биде предаден на руската морнарица до крајот на 2015 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

