Европа
Франција ја истражува кражбата на ескплозиви од армијата
Министерството за одбрана на Франција нареди безбедносни проверки во сите армиски бази откако крадци ограбиле база на југот на Франција, при што се земени и многу детонатори.
Министерството за одбрана на Франција нареди безбедносни проверки во сите армиски бази откако крадци ограбиле база на југот на Франција, при што се земени и многу детонатори.
Кражбата доаѓа во време кога Франција е на високо ниво на претпазливост за терористички напади.Оружјето е украдено од база во Мирамас во Прованс, јави радиото Europe 1.Провалата најверојатно се случила во неделата ноќта, а крадците ја исекле жичаната ограда и влегле внатре.Украле 190 детонатори, како и пластичен експлозив, но и 40 гранати.Истражителите се уште проведруваат дали има украдено и друго оружје.По молкот од министерството за одбрана, подоцна во вторник рекоа дека ќе направат детални проверки во сите армиски бази за да се утврди дали и на друго место недостасува оружје.Деталите за кражбата им се соопштени на владата и францускиот претседател, кои треба да бидат загрижени за ваквата состојвба имајќи ги предвид нападите во Париз од јануари годинава.Додека истражителите се фокусираат на организиран криминал, сепак не ја исклучуваат можноста крадци да се и потенцијални терористи.Базата која се користи како логистички центар се користи и како магацин за оружје кое го користат француските војници во странски операции.Нема камери околу оградата на базата, кои би помогнале во откривање на крадците.Градоначалникот на Мирамас, Фредерик Вигоро е многу загрижен.„Ова е добро чувана и сигурна касарна. Сите државни сервиси се на штрек“, додава тој.Франција е на зголемено ниво на безбедност од пред шест месеци, кога во нападите во Париз беа убиени 17 луѓе, вклучително и 12 новинари на сатиричниот магазин Charlie Hebdo.Земјата е високо на листата на џихадистите од исламска држава.Во последниот напад во Франција, 35-годишен маж поврзан со Исламска држава во Сирија го обезглави својот шеф во фабрика за гас во Лион, кога со комбе полно со плински боци удри во магацин, по што експлодира./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

