Европа
Франција по жичаната ограда гради бетонски ѕид за да го заштити Кале од мигрантите
За неколку месеци ѕид ќе го заштитува пристаништето во Кале, во северна Франција, од мигрантите кои преку него се обидуваат да преминат во Велика Британија, но таа иницијатива предизвика полемики од двете страни на каналот Ламанш.
Ѕидот од армиран бетон долг еден километар и четири метри висок, ќе биде подигнат на секоја страна од обиколниот пат кој води во пристаништето. Ќе биде продолжение од жичаната ограда поставен кон средината на 2015 година за да се заштити тунелот под Ламанш, станува збор за 39 километри ограда, како и пристаништето и обиколницата во должина од 30 километри.
Ѕидот ќе може да се демонтира, доколку повеќе не биде потребен. На него ќе бидат поставени надзорни камери и осветлување за да се следат обидите за преминување. Изградбата ќе ја финансира Велика Британија, а треба да чини 2,7 милиони евра. Ѕидот би требало да биде завршен до крајот на годинава.
Во бегалскиот камп во Кале, таканаречената „Џунгла“, живеат меѓу 6.900 и 9.000 луѓе. Во близината се наоѓа обиколниот пат на која миграните често се обидуваат да ги запрат камионите за илегално да ги префрлат во Велика Британија.
„Ѕидот ќе ги спречи имигрантите секоја ноќ да го напаѓаат автопатот. На него поставуваат дрвени трупци,м грани, плински боци… Тоа повеќе не можеме да го трпиме“, појасни главниот директор на пристаништето, Жан-Марк Пуисесо.
Меѓутоа, регионалните власти се сомничави. Наташа Бушар, градоначалничка на Кале, смета дека ѕидот „повеќе не е потребен“, бидејќи владата вети дека ќе ја затвори „Џугнла“-та, „што е можно поскоро“.
Волонтерите во „Џунгла“, повеќето, се противат на овој проект. За Филип Венесон тоа е „непотребен и скап проект“ кој „обидите за преминување ќе го префрли за два до три километра понатаму“.
Претставникот на полицискиот синдикат Жил Дебове изјави дека ѕидот ќе ја намали работата за 25 полицајци, но дека „проблемот ќе се префрли на блискиот автопат А16“.
Во Велика Британија овој проект предизвика големи критики. Пратеничката од партијата на Зелените, Каролин Лукас, оцени дека е „монструозен“. Здружението Граѓани побара овие пари предвидени за изградба на ѕидот да се искористат за доведување на малолетниците блокирани во Кале кои имаат семејства во Велика Британија.
„Кога падна Берлинскиот ѕид, во светот постоеја 16 ѕидови на границите. Денес ги има 65, завршени или наскоро ќе бидат завршени“, вели Елизабет Валет, научничка на Универзитетот Квебек.
Од ѕидот од Израел до бодликавата жица од 4.000 километри на границата меѓу Индија и Бангладеш и големата брана од песок кој го развива Мароко од сахарските области кои ги држат под контрола бунтовниците од Полисарио, примери постоја на сите континенти.
Републиканскиот кандидат за американски претседател, Доналд Трамп, исто така, вети дека доколку биде избран ќе изгради ѕид од 1.600 километри на границата со Мексико за да ги премине илегалните преминувања./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

