Европа
Француски суд одобри делумно уривање на кампот во Кале
Француски суд ја одобри во четвртокот планот на владата за делумно уривање на мигрантската дива населба во предградие на Кале, од каде мигрантите се обидуваат да стигнат во Велика Британија, соопшти портпаролот на судот.
„Наредбата е применлива, освен за заедничките општествени површини“, изјави портпаролот на бирото префектот во Па-де-Кале.
Официјалниот рок најмалку илјада мигранти да го напуштат јужниот дел од кампот наречен „Џунгла“ истече во вторникот и властите најавија дека доколку е потребно, ќе применат сила за да ги преселат мигрантите во блиската контејнерска населба и во други центри за прифаќање.
Мигрантите мора да го напуштат јужниот дел од бегалскиот камп до вторник до 20 часот. Оние коишто нема да го сторат тоа, ќе бидат исфрлени со сола за да може да се урнат импровизираните куќи. Инаку станува збор за дел од кампот кој се претвори во своевиден културен центар за големиот број имигранти и бегалци. Таму се наоѓаат продавници и импровизирани училишта и верски објекти.
Локалните власти соопштија дека со оваа наредба би можело да бидат опфатени околу илјада луѓе, но волонтерите кои се ангажирани во кампот тврдат дека во тоа подрачје живеат барем двојно повеќе.
Илјадници имигранти кои бегаат пред судирите и сиромаштијата во Африка и на Блискиот исток, а најмногу ги има од Судан, Сомалија и Еритреја, од минатата година се собраат во големата дива населба крај Кале наречена „Џунгла“, користејќи ја како одморалиште пред да се обидат илегално да стигнат до Велика Британија во надеж дека ќе најдат подобар живот.
Имигрантите се групирани околу влезот на Евротунелот кој го поврзува европскиот континент со Британија и често предизвикуваат негово затворање, обидувајќи се да се прошверцуваат преку него, а во минатото беа забележани и десетина смртни случаи во обидите на очајниците./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

