Европа
Француските градови не сакаат да ги погребаат терористите од Париз
Браќата Каши и Амеди Кулибали, терористите што ги извршија минатонеделните убиства во Париз, а беа убиени од полицијата нема каде да бидат погребани, затоа што градовите каде што се родени не го сакаат тоа.
Браќата Каши и Амеди Кулибали, терористите што ги извршија минатонеделните убиства во Париз, а беа убиени од полицијата нема каде да бидат погребани, затоа што градовите каде што се родени не го сакаат тоа.
Според францускиот закон, починатите треба да бидат закопани или во местото на живеење или во местото каде починале, но тоа е одлука што треба да ја донесат роднините на починатите.
Но, градоначалниците на Женвил и Ремс, градовите каде живееле браќата Саид и Шариф Каши, не сакаат нивните тела да бидат погребани таму, затоа што стравуваат дека може да се претврат во места за аџилак.
Надлежните во Дематрен-ан-Гоел, малиот град на 30 км од Париз, каде браќата Каши беа убиени од полицијата, за францускиот дневен весни Le Figaro велат: „Ако треба да го почитуваме законот, ќе го сториме тоа, но би сакале да го избегнеме“.
Роднините на Амеди Кулибали, терористот убиен во кошер маркетот, исто така ќе треба да одлучат дали да го погребаат во Фонтенеј-о-Рос, предградие на Париз, каде што тој живеел или во самиот Париз.
Ваква дилема имаше и во 2012 година кога требаше да се погреба Мохамед Мера, кој уби седуммина, меѓу кои три еврејски деца и еден рабин, а ниту градот Тулуз ниту Монтобан не сакаа тој да биде погребан кај нив.
Надлежните од Тулуз предложија тој да биде погребан во Алжир од каде потекнувал, но Алжир тоа експресно го одби. Тогаш, Николас Саркози, тогашниот претседател пресече, дека тој треба да биде погребан во Франција затоа што е Французин. Мера беше погребан во Тулуз, но гробот не му беше обележан.
Најверојатно и со браќата Каши и со Кулибали ќе се случи истото.
„Сите тројца се Французи“, велу Жан-Лук Бринге, правен експерт за погреби, за барањата за погребување на терористите на француска почва.
„Само во чувствителни случаи градоначалниците имаат право да побараат присуство на полиција за време на погребот, која ќе обезбеди на крај и гробовите да останат необележани“.
Се уште нема одлука каде ќе се погребаат браќата Каши, што убија 12 луѓе во редакцијата на „Шарли Ебдо“, и Кулибали, а нивните тела се наоѓаат во болничките мртовечници. /крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

