Контакт

Европа

Француските полицајци се судрија со мигрантите кај Кале

Објавено пред

Француските полицајци употребиле солзавец и водени топови за да растераат околу 200 мигранти и активисти кои се обиделе да одржат забранет протест кај бегалскиот камп крај северниот пристанишен град Кале, таканаречената „Џунгла“, објавија во саботата регионалните власти.

dobivaj vesti na viber

Во судирот полесно се повредени тројца полицајци, бидејќи мигрантите ги нападнале со камења. Полесно е повреден и фоторепортер на AFP.

Полицијата со солзавец и водени топови ги растерала демонстрантите и ја ставила ситуацијата под контрола за дваесетина минути, изјавил функционерот на регионот Па-де-Кале, Етјен Деспланке.

Во бегалскиот камп, кој претставува своевидна мала населба со објекти кои се користат како училишта, според различни процени живеат меѓу 7.000 и 10.000 мигранти, од кои најголемиот дел сакаат да се префрлат преку каналот Ламанш во Велика Британија.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во понеделникот изјави дека кампот треба да биде растурен до крајот на годината, а имигрантите да бидат распоредени по центрите за прифаќање ширум земјата./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Европа

Редок истап на Ангела Меркел, го критикува свјот наследник на чело на партијата

Објавено пред

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го критикуваше лидерот на својата партија поради усвојувањето на предлогот во парламентот со поддршка на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). Меркел го обвини лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц дека го прекршил ветувањето дека нема да соработува со АфД во Бундестагот.

dobivaj vesti na viber

Во средата пратениците на АфД гласаа за предлогот на ЦДУ за построги правила за имиграција. Мерц, кој се очекува да биде следниот канцелар на Германија поради водството на ЦДУ во анкетите, објасни дека политиката не е погрешна само затоа што „погрешните луѓе ја поддржуваат“ и дека тој не ја барал или ја сакал поддршката од АфД.

Сепак, Меркел го обвини дека го прекршил ветувањето што го дал во ноември дека ќе работи со Социјалдемократската партија и Зелените за донесување закони, наместо со АфД. Ова претставува многу необичен и редок истап на жената која ја водеше Германија 16 години, пишува Би-би-си.

Меркел потсети дека Мерц изјавил дека „нема да биде дел од мнозинството со оние од АфД дури и при поставувањето на дневниот ред во парламентот“.

Прикажи повеќе...

Европа

Севернокорејците повлечени од линијата на фронтот во Русија, пишува „Њујорк тајмс“

Објавено пред

Севернокорејските војници кои им се придружија на руските сојузници во борбите со украинските сили се повлечени од првите линии на фронтот откако претрпеа големи загуби, соопштија украинските и американските власти, пишува Њујорк тајмс.

dobivaj vesti na viber

Севернокорејските трупи, кои беа испратени да ги засилат руските сили кои се обидуваат да ја одбијат украинската офанзива во границите на Русија, не се видени на бојното поле околу две недели, изјавија официјални лица, барајќи анонимност поради чувствителноста на воените и разузнавачките информации.

Пристигнувањето на околу 11.000 севернокорејски војници во Русија во ноември предизвика загриженост во Украина и меѓу нејзините западни сојузници, кои стравуваа дека нивното распоредување може да значи значителна ескалација во речиси тригодишната војна.

Но, за само три месеци севернокорејските трупи се намалени за половина, изјави генералот Олександр Сирски, врховен воен командант на Украина.

Украинските војници кои се бореле против Севернокорејците ги опишаа како жестоки борци, но недостатокот на организација во нивните редови и лошата координација со руските трупи брзо ги зголемија нивните загуби, изјави украински официјален претставник.

Според украинските официјални податоци и извештаите на војниците на бојното поле, откако пристигнале на бојното поле, севернокорејските војници биле оставени сами на себе, напредувајќи со малку оклопни возила и ретко застанувале да се прегрупираат или да се повлечат.

Прикажи повеќе...

Европа

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Објавено пред

Помалку од тројца од десет Британци мислат дека Брегзит е добра работа, а повеќето сакаат земјата да се врати во Европската унија, покажа новото истражување на јавното мислење, пет години откако Обединетото Кралство официјално ја напушти ЕУ.

dobivaj vesti na viber

На референдумот во 2016 година, 52 отсто од Британците гласаа за Брегзит.

По долгогодишни тешки преговори, Обединетото Кралство стана првата земја што ја напушти Европската унија на 31 јануари 2020 година.

Но, пет години подоцна, само 30 отсто од Британците веруваат дека земјата ја направила вистинската работа со гласањето за Брегзит, според анкетата на YouGov, чии резултати беа објавени во средата. Анкетата е спроведена на 2225 испитаници.

Според институтот, ова е најниската поддршка за Брегзит досега.

Меѓу Британците кои гласаа за Брегзит, 18 отсто сметаат дека напуштањето на Европската унија е грешка. Но, тој процент се искачува на 55 отсто од сите испитаници. Само 11 отсто од испитаниците веруваат дека Брегзит бил успешен.

Мнозинството Британци, 55 отсто, го поддржуваат враќањето на земјата во Европската унија, вклучително и 20 отсто од гласачите кои гласаа за Брегзит.

Меѓу нив, 39 отсто од испитаниците „силно“ го поддржуваат враќањето во ЕУ.

Британскиот лабуристички премиер Кир Стармер вети дека ќе ги „рестартира“ односите со Европската унија. Сепак, се противи на враќање на полноправно членство во Европската унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов,...

Македонија4 часа

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Се оставаат...

Македонија4 часа

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следуваат драконски казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики...

Економија5 часа

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него,...

Топ7 часа

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија8 часа

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион8 часа

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија9 часа

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија9 часа

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион10 часа

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа11 часа

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет11 часа

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет11 часа

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...

Свет12 часа

(Видео) Интересот на Трамп за Гренланд не е шега, тврди шефот за надворешна политика на САД

Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, изјави државниот секретар Марко Рубио во вчерашното...

Македонија22 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на...

Топ23 часа

Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло

Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под...

Економија1 ден

Мицкоски: Го разбирам бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како функционери на СДСМ манипулирале со пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт...

Свет1 ден

(Видео) „Во оваа несреќа нема преживеани“: полека исчезнува надежта за семејствата по судирот на патничкиот авион и американскиот воен хеликоптер

Се стравува дека голем број луѓе загинале кога патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ се судрил со хеликоптерот на американската армија...

Македонија1 ден

Гаши за смената во Судскиот совет: Досега неколкупати сме избрзале, сега сакаме да дојдеме до издржливо решение

Собранискиот спикер Африм Гаши оценува дека во правосудството се потребни подлабоки реформи, но дека треба да се внимава. „На сите...

Македонија1 ден

Пријавете мито во полиција, во Здравство или на клиниките, повика Таравари откога хирург беше фатен со бележани 150 евра

Министерот за здравство Арбен Таравари ги повика граѓаните да привајат доколку од нив се бара мито за вршење услуги во...