Европа
Генерал Хоџис: НАТО не би можел да се спротистави на руска агресија на балтичките земји
НАТО во овој момент не би бил способен да ги заштити балтичките земји доколку дојде до руска агресија, оценува американскиот генерал Бен Хоџис, еден од американските воени команданти во Европа, пред самитот на НАТО во Варшава на кој Алијансата би требало да го одобри јакнењето на сојузничките земји на Балтик и во Полска, и воопшто во Европа.
НАТО во овој момент не би бил способен да ги заштити балтичките земји доколку дојде до руска агресија, оценува американскиот генерал Бен Хоџис, еден од американските воени команданти во Европа, пред самитот на НАТО во Варшава на кој Алијансата би требало да го одобри јакнењето на сојузничките земји на Балтик и во Полска, и воопшто во Европа.
„Вистина е дека Русија многу побрзо би ги освоила балтичките земји отколку што ние би можеле да стасаме да ги браниме“, изјавила генералот Бен Хоџис, командант на копнените сили на НАТО, на маргините од воените вежби „Анаконда 16“, кои се одржуваат во Полска.
Хоџис е согласен со оцените на воените аналитичари, според кои руските војници за 36 до 60 часови би ги заземале главните градови на балтичките земји.
Според извештајот на истражувачкиот центар RAND, објавен во февруари 2016 година, на Русија би ѝ биле потребни „не повеќе од 60 часови, за во рамки на воена интервенција да стаса до престолнините на Латвија и Естонија“.
Американскиот генерал, исто така, ги опишува и различните недостатоци во координацијата на трупите на НАТО за време на маневрите „Анаконда“ во Полска. Според него, проблемите се појавиле при пренесувањето на тешката техника од Западна кон Источна Европа. На вежбата учествуваат 31.000 војници од 24 земји, а се борат против имагинарниот агресор „Сојузот на црвените“, чија цел се балтичките земји и Полска, со јасна алузија на Русија, за којашто Западот вели дека има наводни агресивни намери кон овие простори
Вежбите се одржуваат пред самитот на НАТО во Варшава на 8-ми и 9-ти јули, кој би требало да го потврди јакнењето на западните сили во источна Европа во близина на Европа.
Овие вежби, на коишто Русија одговори со ненајавени голем маневри во спротивниот правец на своите граници, официјално се водат како полски воени вежби, за наводно да не се иритира Москва.
Претходно седмицава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата го одобриле разместувањето на по еден баталјон со по илјада војници во Латвија, Литванија, Естонија и Полска.
Од друга страна, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија нема никогаш да нападне ниедна земја членка на НАТО, а сите изјави на челниците на Алијансата се со единствена цел – да го оправдаат разместувањето на повеќе вооружување и повеќе баталјони во Европа, како гаранција дека САД продолжуваат да ја чуваат таа лединка“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.
Европа
Лавините на француските Алпи убија тројца скијачи
Тројца скијачи загинаа вчера во одделни лавини на француските Алпи, само еден ден откако три други лица загинаа во слични несреќи, објавија локалните медиуми.
Во Ла Плањ, британски државјанин, на возраст од околу 50 години, беше затрупан од снег, објави скијачкиот центар. Француските медиуми објавија дека 52 спасувачи, кучиња-трагачи и хеликоптер биле вклучени во потрагата и дека им биле потребни 50 минути за да пронајдат маж под 2,5 метри снег, но не можеле да го спасат.
Во блискиот Куршевел, лавина затрупала уште едно лице кое било пронајдено мртво во доцните утрински часови, според извештаите.
Регионалниот дневен весник „Le Dauphiné libéré“, исто така, објави за неколку повредени скијачи и сноубордери.
Според извештаите на медиумите кои се повикуваат на планинската полиција, 32-годишен маж загинал во лавина во Валорцин, во близина на швајцарската граница. Тој скијал надвор од стазата кога лавина го исфрлила во дрво, а подоцна им подлегнал на повредите.
Властите повикаа на претпазливост
Еден ден претходно, уште три лица загинаа во истиот регион.
Во неделата беа пријавени неколку лавини низ Савој, што ги натера локалните власти да ги повикаат жителите и туристите да бидат „екстремно внимателни“ и да не излегуваат надвор од назначените скијачки патеки.
Европа
Британски скијач загина во лавина на француските Алпи
Британски скијач загина вчера во лавина во Француските Алпи. Несреќата се случила додека мажот, за кој се верува дека е во педесеттите години, скијал надвор од пистата во популарното одморалиште Ла Плањ, објави Скај њуз.
Обемна операција за спасување
Спасувачките екипи беа повикани на лавината попладнето во 13:57 часот и веднаш се упатија кон местото на настанот во југоисточна Франција. Голем тим од 52 лица, вклучувајќи медицински персонал и инструктори за скијање, беше вклучен во потрагата, а со хеликоптер беше донесено и куче трагач.
И покрај брзата реакција, Англичанецот беше пронајден дури по 50 минути пребарување, закопан под 2,5 метри снег.
Скијал без потребната опрема
Според соопштението од одморалиштето, човекот што починал бил во друштво на група, но не бил опремен со примопредавател за лавина ниту бил придружуван од професионален инструктор. Скијачкиот центар Ла Плањ изрази сочувство до семејството на починатиот.

