Европа
Германија: Евакуација на 10.000 луѓе поради бомба од ВСВ

Околу 10.000 жители на германскиот град Кобленц се принуден да ги напуштат своите домови поради откривањето на Бомба од втората светска војна, објави во неделата градската администрација,
Бомбата со тежина од околу еден тон е пронајдена во текот на градежните работи во четвртокот. Според локалните власти, откако евакуацијата ќе биде завршена, стручњаците ќе започнат со отстранувањето на осигурувачот на бомбата.
Вкупно врз Германија за време на Втората светска војна биле фрлени повеќе до 2 милиона бомби, од кои повеќе од 20 отсто не експлодирале. На неколку месеци, некогаш и почесто, при изведување градежни работи се откриваат вакви експлозивни направа. Вообичаен, ниедна од нив претставува реална закана за безбедноста на луѓето, и по неколку часа се неутрализиарани.
Несреќен случај е забележан само во јуни 2010 година кога експлодираше бомба од 500 кгр кај Гетинген, кога загинаа три а беа повредени две лица./крај/мф/сн
Извор: The Local
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Ќе размислам

Владимир Путин ќе го „разгледа“ западниот предлог за целосно и безусловно примирје во Украина, откако Велика Британија, САД и европските сојузници се заканија дека ќе испратат повеќе оружје во Киев доколку Русија не го почитува тоа.
Кир Стармер му рече на Путин дека повеќе нема место за „ако“ и „но“ и дека мора да се согласи на прекин на огнот или да се соочи со нови санкции насочени кон енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.
Ултиматумот беше издаден по состанокот во Киев, каде што лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска, заедно со Володимир Зеленски, разговараа по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Сите ние овде, заедно со САД, го критикуваме Путин. Ако навистина се грижи за мирот, сега е неговата шанса да го покаже тоа“, рече Стармер на прес-конференција.
Кремљ одговори велејќи дека ќе го „разгледа“ предлогот, но не се обврза да потпише ништо.
Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.