Европа
Германија ги отфрла критиките за пропусти во истрагата за Амри, Тунис апси негови блиски
Германскиот министер за надворешни работи во саботата ги отфрли обвинувањата дека властите „несмасно“ ја спровеле истрагата за 24-годишниот Тунижанец Анис Амри, за кој се верува дека го извршил терористичкиот напад на 19-ти декември на божикниот базар во Берлин кога беа убиени 12 и повредени 48 луѓе, и не признава дека надлежните тела пропуштиле да спроведат мерки кои би го спречиле да ја напушти земјата, додека истовремено во Тунис властите уапсија ќелија од лица поврзани со него.
Во Тунис во саботата објави дека се уапсени три лица, за кои се верува дека биле поврзани со осомничениот Анис Амри, а меѓу нив е и еден негов роднина, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на соопштение објавено на интернет страницата на туниското министерство за внатрешни работи.
„На 23-ти декември беше разобличена терористичка ќелија составена од три лица на возраст меѓу 18 и 27 години, која дејствувале во областа меѓу Фушан и Веаслатија и поврзана со терористот Анис ал-амри, извршител на терористичкиот напад во Берлин“, се навидува во соопштението што го цитира агенцијата.
„Беше утврдено дека еден од членовите на ќелијата е син на сестрата на терористот, кој признал дека контактирал со него преку сервисот Telegram“, се додава во соопштението на туниското МВР.
Истовремено во саботата во Берлин германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави дека „Би било несоодветно да се каже дека службите потфрлиле, но ние, се разбора, внимателно ќе го анализираме целиот случај и ќе поднесеме извештај за тоа“.
Амри, кој беше предмет на истрагата во врска со тероризам додека живеел азилант во Германија, беше убиен во петокот во италијанскиот град Милано кога рани полицаец при рутинска контрола.
Фактот дека Амри, успеал да избега од центарот на Берлина и од Германија да премине во Франција а потоа во Италија, предизвика дополнителни критики на сметка на безбедносните служби.
Сега стотици германски иследници се занимаваат со пропустите за истрагата за Амри и настојуваат да утврдат како по нападот успеал да им се протне, да мине дел од Германија, Франција и да пристигне во северот на Италија. Исто така, настојуваат да утврдат дали имал соучесници или мрежа од соработници кои му помагале во бегството.
Гневот на германската јавност го предизвика сознанието дека Амри, радикален исламист и криминалец, кој во Италија лежел во затвор каде што пристигнал како малолетник од родниот Тунис, долго бил следен од антитерористичките разузнавачки служби, поради сомневања дека планирал напад од таков вид. Критичарите предупредуваат и на тоа дека властите два дена задоцнија да објават потерница по осомничениот, како и на фактот дека тој како одбиен барател на азил одамна требало да биде депортиран од земјата.
Германската канцеларка Ангела Меркел одговарајќи на бранот критики се обврза дека ќе спроведе темелна анализа на она што се случил и истрагата да направи грешки./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон дер Лајен по нападите врз Иран: Постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Хамнеи
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои „обновена надеж“ за народот на Иран по смртта на ајатолахот Али Хамнеи.
„Мораме да се осигураме дека иднината е нивна за тие да ја бараат и обликуваат. Истовремено, овој момент носи вистински ризик од нестабилност што би можела да го турне регионот во спирала на насилство“, напиша Фон дер Лајен на Х.
„Блиску соработуваме со сите клучни актери, како и со нашите регионални партнери, за да ја зачуваме стабилноста и безбедноста и да ги заштитиме животите на цивилите“
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.

