Европа
Германија: Мајката призна дека ги убила осумте бебиња
Мајката на осумте бебиња кои беа најдени мртви во куќа во мал град во германската покраина Баварија, призна, во вторник, преку своите адвокати дека ги убила бебињата.
Жената признала на суд дека ги завиткувала бебињата во крпи за бришење раце и потоа ги сокривала на различни места низ куќата, без разлика дали биле родени живи или мртви. Прашан, колку од убиените осум бебиња, признала мајката, бранителот Тил Ваглер вели, „Може да се две, три или четири“.Кога осумте тела на бебињата беа откриени во куќата во малиот град Валенфелс, кој има само 2.800 жители, Баварија беше шокирана од злосторството. Истрагата ги поврза Андреа Г. 45 и нејзиниот сопруг Јохан Г, 55, кој веќе ја напуштил куќата, дека се родители на бебињата, а кои веќе имале деца и живееле во куќата претходно.Се верува дека бебињата биле родени меѓу 2003 и 2013 година, а најмалку четири од нив биле родени живи, според Süddeutsche Zeitung. Медицинските иследници не можат да утврдат за три од бебињата дали биле живи при породувањето, а едното сигурно било живо.Во признанието, прочитано од нејзиниот адвокат, мајката вели дека ги родила сите осум бебиња сама дома и ги завиткувала во крпи за раце. Потоа ди загушувала бебињата се додека мрдале и плачеле, а полицијата ги најде телата пакувани во пластични кеси скриени низ домот, вели Ваглер. Сведочејќи во вторникот, Јохан Г. ја опиша мајката како хронична лажга и компусливен купувач. Која крадела од својата мајка и од своите деца.Тој се отселил од куќата во октомври, еден месец пред полицијата да ги открие останките од бебињата откако биле алармирани од сосед.Јохан Г. е обвинет за соучесништво во убиствата на бебињата, иако се верува дека тој не бил присутен во куќата кога тие се раѓале. Сепак, обивинителите тврдат дека тој бил свесен за бременостите на жената и дека знаел и одобрувал таа да ги убие.Не презел ништи за да ги спречи убиствата. „Со неговата неактивност, ја охрабрувал обвинетата Андреа Г., за сите случаи“, велат обвинителите.Обвинителството тврди и дека родителите се однесувале во склад со „сексуален егоизам, незаинтересираност и рамнодушност“ бидејќи не сакале да се ограничат во животот и да немаат повеќе деца.Двојката имале по две деца од претходен брак, а заедно имале уште три деца.„Таа сакала да остане сексуално активна без да мисли на последиците или за доброто на новородените“, велат обвинителите.Двојката продолжувала да има незаштитен секс, иако не сакале да имаат повеќе деца а не сакале да појдат на лекар и да закажат стерилизација.Андреа Г. се заљубила во друг маж и го напуштила семејството пред да бидат откриени телата на бебињата, јави SZ.Во Германија, за убиство се добива казна од 15 години затвор, а за соучесништво минимум три години затвор.Пресуда се очекува во среда.Во последните години Германија е шокирана од неколку случаи на убиства на бебиња. Во мај, жена беше осудена на 44 месеци затвор за убиство на нејзините две деца, чии останки ги чуваше во фрижидер. Во октомври 2013 година, градежници во Баварија најдоа останки од две бебиња, починати уште во 1980 години. Во 2008 година пак, 42-годишна жена беше обвинета за убиство на осум бебиња, а нивните тела ги криеше во саксии, кофи и во стари конзерви од риба./крај/мф/бб
Извор: Total
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

