Европа
Германија објави мерки против тероризмот
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер ги претстави во четвртокот низата безбедносни мерки со коишто би требало да се зголеми сигурноста на граѓаните од терористички напади, вклучително и можноста за одземање на германското државјанство и протерување на лицата кои се бореле во редовите на џихадистичките организации.
„Итно ни е потребно воведување забрзана постапка за протерување на лицата кои се огрешиле кон законот или од коишто се заканува опасноста“, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, кој доаѓа од Христијанско-демократската унија (CDU) од која е и канцеларката Ангела Меркел.
Де Мезиер ја најави мерката којашто би овозможувала одземање на државјанството на лица коишто се бореле во редовите на терористичките организации.
Со цел да се олесни протерувањето на странците за коишто не постои законска основа да останат во Германија, де Мезиер најави низа мерки со коишто би се отстраниле досегашните разлики за отежнатото протерување. Меѓу другото, се планира промена на ткн времен статус за престој (Duldung) кој им се доделува на лицата кои во принцип не би смееле да престојуваат во Германија, но поради различни причини, главно од хуманитарен карактер, нивното протерување се одложува.
„Во иднина одложувањето на протерувањето ќе биде сведено на најмалата можна мера, а за тоа време ќе бидат намалени и социјалните повластици“, рече де Мезиер реагирајќи на критиките на дел од германската јавност дека државата постапува преблаго кон лицата коишто немаат право на престој во Германија, а коишто според некои процени ги има околу 30.000 луѓе.
Критиките се засилија по сознанијата дека атентаторот кој кон средината на јули се разнесе во баварскиот град Анбах бил сириски бегалец кој веќе требало да биде протеран и вратен во Бугарија, но поради здравствени причини неговото протерување било одложувано.
Министерот во врска со здравствената грижа најави можност од укинување на задолжителната професионална тајна за лекарите и медицинскиот персонал, доколку е очигледна дека пациентот, како што било во случајот од Анбах, доаѓа закана. Имајќи предвид дека лекарските здруженија најавија отпора за овие нови правила, де Мезиер најави дека се тежнее да се постигне договор со лекарите којшто „би ги задоволил двете страни“.
Една од најавените мерки вклучува и засилени активности на безбедносните служби во таканаречениот Даркнет, областа од интернетот кој е непристапен за поголемиот број корисници и во кој илегално се тргува со оружје. Младиот напаѓач во Минхен кој уби девет луѓе, но неговиот чин не беше подведен како терористички акт, имено токму во овој интернет простор го набавил пиштолот со кој го изврши крвавиот поход.
Де Мезеиер претставувајќи го својот план нагласи дека државата „не може да гарантира стопроцентна безбедност“, но дека може да „стори сé што е можно“ за да се зголеми нивото на безбедност на граѓаните. Додаде и дека претставените мерки можат да бидат „применети многу брзо“, веќе во текот на сегашниот предизборен период./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

