Европа
Германија се подготвува за бегалски бран

Првите мигранти од големиот бегалски бран почнаа да пристигнува во вторникот на германските железнички станици, додека владата во Берлин проценува дали фондовите за интеграција на дојденците ќе скокнат за една милијарда евра.
Првите мигранти од големиот бегалски бран почнаа да пристигнува во вторникот на германските железнички станици, додека владата во Берлин проценува дали фондовите за интеграција на дојденците ќе скокнат за една милијарда евра.
На станиците во Штудгарт и Франкфурт во вторникот изутрината пристигнаа околу 200 бегалци.
Германија се подготвува за многу поголеми групи кои веројатно ќе пристигнат во следните денови.
Се очекува дека повеќето бегалци кои бегаат од војните на Блискиот исток дека на крајот ќе добија азил.
Германската министерка за труд, Андреа Нахлес побара дополнителни 1,8 до 3,3 милијарди евра за интеграција на имигрантите.
Од друга страна бегалската криза не покажува знаци на попуштање. Европската агенција за безбедност на границите Frontex соопшти дека околу 23 илјади бегалци само минатата недела сигнале до грчките острови. Само на Лезбос има околу 15 илјади кои се подготвуваат да тргнат кон Европа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Ќе размислам

Владимир Путин ќе го „разгледа“ западниот предлог за целосно и безусловно примирје во Украина, откако Велика Британија, САД и европските сојузници се заканија дека ќе испратат повеќе оружје во Киев доколку Русија не го почитува тоа.
Кир Стармер му рече на Путин дека повеќе нема место за „ако“ и „но“ и дека мора да се согласи на прекин на огнот или да се соочи со нови санкции насочени кон енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.
Ултиматумот беше издаден по состанокот во Киев, каде што лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска, заедно со Володимир Зеленски, разговараа по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Сите ние овде, заедно со САД, го критикуваме Путин. Ако навистина се грижи за мирот, сега е неговата шанса да го покаже тоа“, рече Стармер на прес-конференција.
Кремљ одговори велејќи дека ќе го „разгледа“ предлогот, но не се обврза да потпише ништо.
Европа
Зеленски ги презентираше деталите од предлогот за 30-дневно примирје

Во последните часови, Володимир Зеленски даде дополнителни појаснувања за предлогот за 30-дневен прекин на огнот, кој беше договорен со лидерите на Обединетото Кралство, Франција, Германија и Полска.
Еве краток преглед на тоа што, според Зеленски, вклучува предлогот:
- Безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од понеделник, 12 мај, „во воздух, на море и на копно“.
- „Надзорот врз неговото спроведување е целосно изводлив“, рече Зеленски, додавајќи дека тоа е „реално во координација со Соединетите Американски Држави“.
- За време на затишјето, треба да започнат разговори за безбедносните, политичките и хуманитарните основи на мирот.
- Доколку Русија ги отфрли условите за безусловно примирје, ќе бидат воведени дополнителни санкции, особено врз нејзиниот енергетски и банкарски сектор.
- Украинскиот претседател изјави дека партнерите од ЕУ веќе работат на нов, силен пакет санкции, во соработка со Обединетото Кралство, САД и Норвешка.
„Беше договорено дека јасен приоритет е зајакнувањето на одбранбените и безбедносните сили на Украина како фундаментална гаранција за суверенитетот и безбедноста на Украина“, додаде Зеленски. „Клучен елемент на безбедносните гаранции треба да биде и поддржувачкиот контингент.“
Володимир Зеленски рече дека Украина и нејзините сојузници чекаат одговор од Русија откако побараа од Путин да се согласи на 30-дневен прекин на огнот што ќе стапи на сила во понеделник.
Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.