Европа
Германската полиција најде знаме на IS кај напаѓачот

Знаме на радикалната сунитска организација Исламска држава (IS)е најдено е во собата на авганистанскиот барател на азил кој во понеделникот вечерта со нож и секира ранил тешко четири од вкупно петнаесет лица кои се возеле со воз меѓу баварските градови Тројхтлинген и Вирцбург, изјави во вторникот баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман, додавајќи дека напаѓачот бил брзо совладан и убиен.
Агенцијата DPA јавува дека четирите лица кои се повредени, од кои две лица се во критична состојба, се од Хонгконг и пружена им е помош во локалната болница.
По нападот, младиот седумнаесетгодишен напаѓач се обидел да побегне, но бил ликвидиран од полицијата. „За неговите мотиви не можеме да кажеме ништо друго, сé би било шпекулација“, соопштија од баварската полиција.
Министерот за внатрешни работи на федералната земја Баварија, Јоахим Херман, за јавната телевизија ARD изјави дека напаѓачот успеал да излезе од возот и се обидел да се сокрие од полицијата, но набрзо бил откриен и се спротиставил на обидот да биде уапсен. Оган на него отвориле припадниците на интервентната полиција кога кон нив тргнал со нож.
„Меѓу работите во собата во која живеел седумнаесетгодишниот Авганистанец кој во Германија пристигнал пред две години, пронајденое со рака изработено знаме на Исламската држава“, изјави стручњак од министерството за внатрешно работи за телевизијата ZDF, додавајќи дека напаѓачот во текот на нападот извикувал „Алаху Акбар“ (Бог е голем).
Регионалниот министер оцени дека сега би требало да се провери во која мера младиот барател на азил бил ангажиран во исламистичкото движење и во која мера бил радикализиран.
Седумнаесетгодишниот Авганистанец стигнал во Германија пред две години како малолетник без придружба, а барањето за азил го поднел минатата година.
Минатата 2015 година 96.000 малолетници без придружба влегле како бегалци од кризните подрачја во Европа, според податоците на УНИЦЕФ, во кои се наведува дека и многу од нив страдаат од пострауматски шок../крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин