Европа
Германските конзервативци не сакаат азиланти од Балканот
Конзервативните пратеници во германскиот парламент побараа во неделата нови мерки кои доселениците од Балканот би ги одвратило од барањето азил во Германија, најсилната европска економија којашто се справува со рекордниот прилив на бегалци и имигранти.
Повеќето од илјадниците луѓе кои доаѓаат во Германија бегаат од војните и сиромаштијата на Блискиот исток и северна Африка но од 180.000 бегалци кои во првата половина од 2015 година пристигнале во земјата, околу 70.000 се од Балканот.
Најголемиот број доаѓаат поради работа и подобриот животен стандард, меѓутоа шансите да добијат азил се минимални. Околу 0,1 отсто од барателите на азил од Балканот успеале во оваа намера во првите шест месеци од годинава, објави германското министерство за миграции и бегалци. Се очекува дека бројот на лицата коишто бараат азил до крајот на 2015 година двојно ќе се зголеми на 400.000 луѓе, споредено со 200-те илјади барање во 2014 година, а администрацијата вложува голем напори да ги процесуира сите барања.
Волкер Каудер, висок функционер на владејачката Христијанско-демократска унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, изјави дека лицата од Балканот кои немаат шанси да добијат азил би требало веднаш да бидат вратени. „Кој и да дојде од Косово, би требало да биде вратен назад во рок од еден месец“, изјави Каудер за весникот Die Welt.
Манфред Вебер, челник на Европската народна партија (EPP) и исто така член на баварската Христијанско-социјалната унија (CSU) која е сестринска партија на CDU, смета дека би требало да се размислува за воведување визи за граѓаните на Косово и на Србија. „Тоа е една од опциите во оваа ситуација“, изјави Вебер во интервјуто за германското јавно радио.
Сé повеќе луѓе од Косово бараат азил во Германија, откако поради поблагиот режим за патувања полесно стигнуваат во Европската унија преку Србија. Во првите шест месеци од годинава биле примени 29.000 барања за азил од косовари, што ги прави втората најбројна група по Сиријците, во однос на 2.000 барање во истиот период минатата година, објави, исто така, германското министерство за миграции.
Томас Штробл, висок функционер на CDU, смета дека Германија би требало да ја намали финансиската помош за барателите на азил за тие да бедат уште повеќе мотивирани. Весникот Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung пишува дека владата во Берлина одлучила порано да го одржи самитот за азилантите, префрлајќи го датумот на одржување од октомври или ноември за 9-ти септември. На дневен ред на самитот е проширување на листата земји кои се сметаат за безбедни на Косово, Црна Гора и Албанија, што значи дека нивните граѓани повеќе нема да може да бараат азил во Германија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала
Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела по големиот напад на 10 декември, објави „Киев индепендент“.
Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.
Taking the war to russian’s front door in Moscow tonight:
🔥Drones are attacking Moscow: explosions are heard and smoke is rising. Muscovites are panicking. Cope is real. pic.twitter.com/45Ca3Wym77
— Beefeater (@Beefeater_Fella) December 14, 2025
Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетаљни податоци тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати во Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот Регион.
Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, 40-ина километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот телеграм-канал „Шот“. Експлозии се слушнале и во Кашира и во Коломна, јужно од главниот град.
Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми „Жуковски“ и „Домодедово“. Претходните напади исто така ги прекинаа воздушните операции приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.
Европа
Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ
Евростат објави детаљни податоци за тоа колку граѓани, кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментно имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.
На 31 октомври оваа година вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1 %).
Земјите членки на ЕУ, кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина, биле Германија (1.229.960 лица; 28,6 % од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5 %) и Чешка (393.005; 9,1 %).
Список на земји според примени бегалци од Украина:
- Германија – 1.229.960
- Полска – 965.005
- Чешка – 393.005
- Шпанија – 250.135
- Романија – 197.675
- Словачка – 137.600
- Холандија – 132.200
- Ирска – 117.805
- Белгија – 93.520
- Австрија – 90.340
- Норвешка – 82.590
- Финска – 77.335
- Бугарија – 75.255
- Швајцарија – 70.950
- Италија – 56.940
- Франција – 54.005
- Литванија – 50.600
- Шведска – 48.315
- Данска – 45.230
- Унгарија – 42.430
- Грција – 37.685
- Естонија – 34.965
- Латвија – 31.280
- Хрватска – 28.070
- Кипар – 24.755
- Словенија – 10.950
- Малта – 2.445
- Лихтенштајн – 845
Европа
(Видео) Експлозии во Белгород; Русите: Бевме нападнати со ракети, штетата е значителна
Украинскиот ракетен напад врз рускиот град Белгород предизвика „сериозна штета“ на локалната инфраструктура, изјави доцна синоќа гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.
„Како резултат на нападот, е предизвикана сериозна штета на инженерската инфраструктура. Службите за итни случаи и оперативните служби работат на отстранување на последиците“, напиша Гладков на социјалните мрежи.
Night-time strikes were reported in Belgorod, Russia. Russian channels say the Luch thermal power plant was hit in a missile attack. Unconfirmed reports suggest HIMARS was used – something seen relatively rarely. pic.twitter.com/m6FVEx261w
— WarTranslated (@wartranslated) December 14, 2025
Гладков објави заматена фотографија од местото на нападот, но не прецизираше кои цели биле погодени. Локалните канали на Телеграм објавија експлозии во термоцентралата Луч во градот, клучна енергетска инфраструктура во Белгород, која во минатото беше цел на украински напади, предизвикувајќи големи прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Белгород е честа цел на украински напади
Термоцентралата Луч е гасно-турбинска електрана која произведува топлина и електрична енергија и обезбедува околу 10 проценти од греењето на градот.
❗️According to local reports, a missile strike hit the "Luch" substation in 🇷🇺Belgorod. The city is experiencing power outages. pic.twitter.com/PRq6at8B6T
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) December 14, 2025
Според Гладков, некои куќи и станбени згради во областа беа исто така оштетени во вчерашниот напад. Засега нема извештаи за жртви. Жителите на Белгород, исто така, пријавија прекини во снабдувањето со електрична енергија по нападот.
Сместен на границата со Харковската област, Белгород е честа цел на украински напади. Украина претходно ја таргетираше енергетската инфраструктура во регионот користејќи HIMARS и повеќекратни ракетни системи (MLRS) како одговор на руските напади врз енергетската мрежа на Украина, што сè повеќе го нарушува секојдневниот живот на жителите на Белгород.

