Европа
Германските муслимани се жалат дека се изложени на напади

Во Германија во пораст е насилството насочено против муслиманите и нивите светилишта, изјави Ајман Мазиек, претседател на Централниот одбор на германските муслимани за изданието на неделникот Focus во саботата.
„Нападите врз муслиманите, чест врз жени чии глави се прекриени, вандализмот на џамиите и насилството против имамите станаа секојдневна појава“, вели Ајман Мазиек. Според него, нападите врз џамиите во Германија се случувале секојдневно во текот на изминатата седмица.
За порастот на насилствата против муслиманите, претседателот на Централниот одбор на германските муслимани го обвинува граѓанското движење Pegida. „Pegida кај многу луѓе индиректно предизвика намалување на отпорот кон дискриминацијата и нападите врз муслиманите“, вели Мазиек.
Граѓанското движење Родољубиви патриоти против исламизацијата на Западот (Pegida) тврди дека се противи на исмаистичкото насилство но исто така порачува дека не е против странците ниту против муслиманите кои секаат да се интегрираат. Pegida секој понеделник организира протести во источногерманскиот град Дрезден на кои пред повеќе од еден месец започнаа со учество на одвај две илјади луѓе за пред две седмици да привлече 25.000 приврзаници и поддржувачи.
Според Мазиек, Централниот одбор на германските муслимани е во состојба да се справи со „количеството работа“ која е неопходна за да се спречи радикализацијата на младите германски муслимани. „Потребна ни е поголема помош од општеството и од политичарите На пример, имамите мора да бидат подобро образовани, и така да знаат како да постапуваат со радикалите и да можат рано да ги препознаат знаците на радикализирање“, вели првиот човек на муслиманите во Германија./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин