Европа
Гетеборг им плаќа на романските и бугарските питачи да се вратат во своите земји

Властите во шведскиот град Гетеборг се опишуваат како „меки и човечни” во справувањето со сиромашните имигранти од Европската унија (ЕУ), но ситуацијата сепак не е црно-бела, пишува шведскиот весник Göteborgs Posten.
Властите во шведскиот град Гетеборг се опишуваат како „меки и човечни” во справувањето со сиромашните имигранти од Европската унија (ЕУ), но ситуацијата сепак не е црно-бела, пишува шведскиот весник Göteborgs Posten.
Во 2010 година социјалните служби во Гетеборг им платиле на 28 питачи да се вратат во својата татковина, а во 2013 година овој број се зголемил на 93 лица. Најголем пораст на луѓето кои биле испратени дома е забележан кај Романците.
„Реакцијата на локалните власти е двострана. Од една страна, тие сакаат да покажат дека Гетеборг е добар шведски град, но од друга – да продолжат да ги бркаат луѓето од логорите и да ги праќаат во нивната татковина“, изјавил еден локален новинар.
Помеѓу 2010 и средината на 2014 година, Гетеборг им платил на 135 Романци да се вратат во својата татковина. Норвежаните се рангираат на второ место со 35 лица, а Бугарите се трети по бројност со 23 лица кои добиле бесплатен билет за дома./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин