Европа
Голем прокурдски собир во Диселдорф
Речиси 15.000 Курди и нивни поддржувачи протестираа во саботата во Диселдорф, во западна Германија, против турската воена офанзива против Работничката партија на Курдистан (PKK), објави градската полиција.
Критиките беа насочени и против Европската унија, на којашто демонстрантите ѝ забележуваат дека „склучила договор“ со Турција за бегалците. ЕУ, имено, ѝ вети на Турција три милијарди евра за да задржи околу 2,5 милиони сириски и ирачки бегалци на својата територија.Турција кон средината на декември започна нова воен офанзива против герилците на PKK во југоисточните области каде што доминираат Курдите. Судирите се разгореа ова лето, означувајќи крај на мировниот процес започнат во 2012 година за да се прекине судирот со PKK, која во почетокот бараше самостојна држава а потоа поголема автономија, во кој од 1984 година загинаа над 40.000 луѓе./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта
Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на локалните канали на Телеграм кои споделија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во објектот.
Гувернерот на областа Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми објавија дека по инцидентот привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.
Ukrainian attack drones just successfully struck Russia's Saratov oil refinery, setting the facility ablaze.
The refinery, owned and operated by Russia's Rosneft, processes about 7 million tons of crude oil per year. pic.twitter.com/9S9Qn45YfF
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 10, 2025
Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени деривати, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.
Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.
Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин

