Европа
Горбачов најави дека ќе го брани Путин на средбата со Меркел
Последниот челник на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов, изјави дека ќе ја брани руската политика во однос на Украина кога во недела во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.
Последниот челник на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов, изјави дека ќе ја брани руската политика во однос на Украина кога во недела во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.
„Силно ќе го бранам рускиот став, а со тоа и на претседателот Владимир Путин“, изјави Михаил Горбачов во интервјуто за агенцијата Интерфакс во четвртокот. Додава дека „потполно е убеден дека Путин во моментот ги брани руските интереси подобро од кого и да е“
Гобрачов со Меркел и други влијателни личности од Германија ќе се сретне на свеченост од 25-годишнината од уривањето на Берлинскиот ѕид, симболот на поделеноста на Германија но и на идеолошката блоковска поделба на светот на Запад и Исток.
Поранешниот советски челник наспроти очекувањата на Западот во екот на кампањата против рускиот претседател во врска со кризата во Украина, и покрај тоа што во весникот Новаја Газета, во којашто Горбачов е сосопственик често го критикува Путин за авторитарен начин на водење на државата, кога станува збор за украинскиот конфликт застанува на страната на Кремљ.
Така, на крајот од август годинава Михаил Горбачов, исто така, во интервју за агенцијата РСН изјави оти е убеден дека во моментов Русија води правилна политика во однос на она што во моментов се случува во соседна Украина.
„Доколку нашата земја се вмеша, тогаш ќе избувне пожар кој нема да може да го изгасне целиот свет. И исправно е што политичарите ги држат сегашните позиции“, рече Горбачов.
„Нашиот предлог беше да се отворат премини за да се извадат луѓето од сите тие котли. Некој, кој седи во удобната фотелја и размислува тоа го одби. А што е во истото тоа време се случува со луѓето, децата, жените? Се стрела врз породилишта, училишта, се уриваат домови. Две илјади луѓе според официјалните информации загинале, а ранети има уште повеќе“, вели последниот претседател на СССР.
„Мораме да сториме сé за да престане меѓусебното убивање, тоа е еден народ. Доколку се судрат државите, димензиите (на судирот) ќе се прошират, и ќе ги вклучи сите кои таму се присутни, и може да се создаде страшно боиште во Европа. Тоа не смееме да го дозволиме“, порача летово Горбачов.
И во изјавата на Горбачов дадена во март откако црноморскиот полуостров Крим на референдум изгласа да излезе од составот на Украина и да се присоедини на Руската Федерација, што западот го смета за нелегитимна анексија на украинска територија, кога рече дека „Изгласаа (референдумот). Луѓето го сакаат тоа, и треба да им се излезе в пресрет“.
Тогаш Горбачов рече дека главата причина за украинската криза ја гледа во „неуспехот на перестројката (неговата реформа на комунистичкиот систем во СССР), во безумното авантуристичко распаѓање на Советскиот сојуз“. „Јас се борев за зачувување на една држава со сите расположливи политички, истакнувам – политички средства“.
„И по разговорите со раководствата на Руската Федерација, Украина и Белорусија во Беловешка Гора, јас предупредував за опасноста од разурнувачките дејствија на тогашното руско раководство“, појасни Горбачов. „За жал, моите предупредувања не ги слушна Врховниот совет на Руската Федерација и со акламација го одобри уништувањето на Сојузот (СССР), а ни збор не рече за судбината на Крим и Севастопол“, додаде.
Со Беловежкиот договор од 8-ми декември 1991 година, потпишан во Вискули во Белорусија, официјална резиденција на СССР, беше создадена Заедницата на независни држави, а беше потпишан од челниците на земјите основачки на Советскиот сојуз, на Украина – Леонид Кравчук, на Белорусија – Станислав Шушкевич и на Руската Федерација – Борис Елцин. Со него всушност беше означено распаѓањето на СССР.
Во јануари годинава кога започнаа безредијата во Киев иницирани од прозападната опозиција откако поранешниот украински претседател Виктор Јанукович реши времено да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со ЕУ, Михаил Горбачов им се обрати и апелираше до рускиот и на американскиот претседател, Владимир Путин односно Барак Обама, заеднички да најдат разрешница за ситуацијата во Украина. „Не смееме да дозволиме Украинците да војуваат со Украинци. Тоа е страшен апсурд“, напиша Горбачов тогаш.
Сега 83-годишниот Михаил Горбачов во светот се смета заслужен за крајот на Студената војна поради тоа што покрена големи реформи по доаѓањето на чело на СССР в 1985 година. Во Русија и често го обвинуваат како виновник за уништување на Советскиот сојуз./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.
Европа
„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали
Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски интернет терминали на Starlink. Извори од Генералштабот на вооружените сили на Украина потврдија дека бројот на руски напади во некои области е намален, додека во други сектори тие целосно престанале, пишува Украинска правда.
Според извештајот на Генералштабот објавен вчера во 16 часот, украинските сили регистрирале 56 борбени ангажмани по должината на фронтовската линија од почетокот на денот. Намалувањето на руската активност следува по мерките преземени за ограничување на неовластената употреба на технологијата Starlink.
Експертот за воена радиотехнологија Серхиј „Флеш“ Бескрестнов објави дека руските сили вчера се соочиле со масовен прекин на терминалите на Starlink.
Според него, Русите се жалат дека не можат повторно да ја воспостават врската, што ќе влијае на координацијата на нивните дејства по целиот фронт.
Проблемот стана јавен на 25 јануари, кога Бескрестнов, кој оттогаш стана советник за технологија на министерот за одбрана Михаил Федоров, изјави дека руските сили веројатно го користат Starlink на беспилотните летала Шахид.
Американскиот претприемач Илон Маск одговори на барањето на Федоров за помош во решавањето на проблемот, по што SpaceX презеде контрамерки. Маск на 1 февруари објави дека мерките се чини дека дале резултати.
Федоров потоа извести за постепеното воведување на систем што ќе им овозможи само на овластени терминали на Starlink да работат на украинска територија.
Украинската влада донесе декрет за воведување на таканаречена „бела листа“, што значи дека само потврдени и регистрирани терминали наскоро ќе можат да работат во Украина, додека сите други ќе бидат исклучени.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

