Европа
Горбачов во Берлин ги критикуваше политиките на Западот
Последниот комунистички челник на поранешниот Советски сојуз, Михаил Горбачов, почитуван и фален на Западот и критикуван на татковината како разбивач на некогаш моќната велесила, во саботата го критикуваше Западот за неговите политики од падот Берлинскиот ѕид по 1989 година.
„Светот е на работ на новата Студена војна. Некои велат дека веќе започнала“, изјави сега 83-годишниот Михаил Горбачов, алудирајќи на актуелната криза поради украинската конфликт за кој Западот ја обвинува Русија.Горбачов допатува во Берлин по повод 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид на 9-ти ноември, што се смета не само за симбол на поделената по Втората светска војна Германија, туку и како почетокот на падот на комунизмот во источна Европа.Неговата реформа на гласноста во Советскиот сојуз позната како „перестројка“ придонесоа за пад на ѕидот и многу граѓани од поранешната комунистичка Источна Германија во 1989 година учествуваа во масовните протести против своите комунистички владетели го сметаат за херој.Меѓутоа, Горбачов во саботата го обвини Западот, особено САД, дека не ги исполнил ветувањата од деновите на крајот од Студената војна. Наместо тоа, изјави Горбачов, Западот се прогласи за победник на Студената војна и ги искористи поранешните слабости на Русија.„Настаните последните месеци се последици од кусогледите политики… игнорирањето на интересите на партнерите“, изјави Горбачов.„Мислам дека сега уште еднаш сме убедени дека европската безбедност може да биде само пан-европска. Никакви обиди да се решаваат тие проблеми преку НАТО или преку одбранбена политика на ЕУ не можат да дадат позитивни резултати. Уште повеќе, тие едноставно се контрапродуктивни. Заклучокот може да биде само еден – мора да се вратиме на плановите и скиците за изградба на новиот европски систем на европска безбедноста, коишто ќе им дадат чувство на сигурноста и гаранции на сите учесници“, рече Горбачов во саботата говорејќи во Берлин на состанокот на Форумот на новите политики кој е формиран по негова иницијатива.Според Горбачов, треба да се признае дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), којашто се поврзува со надежите за обезбедување на споменатите цели а тие не се исполнети, но тоа не значи дека оваа организација треба да се згасне и создаде нешто ново. „Уште повеќе што ОБСЕ во моментов пристапи кон исполнување сериозни надзорни функции во Украина“, рече последниот челник на СССР.Според него, денес неопходно е да се бараат општествени иницијативи за да продолжи изградбата на „заедничкиот европски дом“. „Му предлагам на нашиот форум да размисли во каква форма таа иницијатива би можела да биде преземена“, порача Горбачов.Во најавата на неговото присуство на 25-годишнината од одбележувањето на падот на Берлинскиот ѕид, Горбачов во четвртокот за агенцијата Интерфакс изјави дека ќе ја брани руската политика во однос на Украина кога во недела во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.„Силно ќе го бранам рускиот став, а со тоа и на претседателот Владимир Путин“, изјави Михаил Горбачов во интервјуто за агенцијата Интерфакс во четвртокот. Додаде дека „потполно е убеден дека Путин во моментот ги брани руските интереси подобро од кого и да е“.Гобрачов со Меркел и други влијателни личности од Германија ќе се сретне на свеченост од 25-годишнината од уривањето на Берлинскиот ѕид, симболот на поделеноста на Германија, но и на идеолошката блоковска поделба на светот на Запад и Исток.Поранешниот советски челник наспроти очекувањата на Западот во екот на кампањата против рускиот претседател во врска со кризата во Украина, и покрај тоа што во весникот Новаја Газета, во којашто Горбачов е сосопственик често го критикува Путин за авторитарен начин на водење на државата, кога станува збор за украинскиот конфликт застанува на страната на Кремљ.Така, на крајот од август годинава Михаил Горбачов, исто така, во интервју за агенцијата РСН изјави оти е убеден дека во моментов Русија води правилна политика во однос на она што во моментов се случува во соседна Украина.„Доколку нашата земја се вмеша, тогаш ќе избувне пожар кој нема да може да го изгасне целиот свет. И исправно е што политичарите ги држат сегашните позиции“, рече летово Горбачов.„Нашиот предлог беше да се отворат премини за да се извадат луѓето од сите тие котли. Некој, кој седи во удобната фотелја и размислува тоа го одби. А што во истото тоа време се случува со луѓето, децата, жените? Се стрела врз породилишта, училишта, се уриваат домови. Две илјади луѓе според официјалните информации загинале, а ранети има уште повеќе“, вели последниот претседател на СССР.„Мораме да сториме сé за да престане меѓусебното убивање, тоа е еден народ. Доколку се судрат државите, димензиите (на судирот) ќе се прошират, и ќе ги вклучи сите кои таму се присутни, и може да се создаде страшно боиште во Европа. Тоа не смееме да го дозволиме“, порача летово Горбачов.И во изјавата на Горбачов дадена во март откако црноморскиот полуостров Крим на референдум изгласа да излезе од составот на Украина и да се присоедини на Руската Федерација, што западот го смета за нелегитимна анексија на украинска територија, кога рече дека „Изгласаа (референдум). Луѓето го сакаат тоа, и треба да им се излезе в пресрет“.Тогаш Горбачов рече дека главата причина за украинската криза ја гледа во „неуспехот на перестројката (неговата реформа на комунистичкиот систем во СССР), во безумното авантуристичко распаѓање на Советскиот сојуз“. „Јас се борев за зачувување на една држава со сите расположливи политички, истакнувам – политички средства“.„И по разговорите со раководствата на Руската Федерација, Украина и Белорусија во Беловешка Гора, јас предупредував за опасноста од разурнувачките дејствија на тогашното руско раководство“, појасни Горбачов. „За жал, моите предупредувања не ги слушна Врховниот совет на Руската Федерација и со акламација го одобри уништувањето на Сојузот (СССР), а ни збор не рече за судбината на Крим и Севастопол“, додаде.Со Беловежкиот договор од 8-ми декември 1991 година, потпишан во Вискули во Белорусија, официјална резиденција на СССР, беше создадена Заедницата на независни држави, а беше потпишан од челниците на земјите основачки на Советскиот сојуз, на Украина – Леонид Кравчук, на Белорусија – Станислав Шушкевич и на Руската Федерација – Борис Елцин. Со него всушност беше означено распаѓањето на СССР.Во јануари годинава кога започнаа безредијата во Киев иницирани од прозападната опозиција откако поранешниот украински претседател Виктор Јанукович реши времено да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со ЕУ, Михаил Горбачов им се обрати и апелираше до рускиот и на американскиот претседател, Владимир Путин односно Барак Обама, заеднички да најдат разрешница за ситуацијата во Украина. „Не смееме да дозволиме Украинците да војуваат со Украинци. Тоа е страшен апсурд“, напиша Горбачов тогаш./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Плановите за погребот на кралот Чарлс се сменија по откривањето на ракот: „Тој е навистина, навистина лошо“
Здравствената состојба на кралот Чарлс постепено се влошува, што ги натера претставниците на Бакингемската палата редовно да го ажурираат планот за неговиот погреб, а тие подготовки почнаа еден ден по погребот на кралицата Елизабета, според упатените, пишува Њујорк пост.
75-годишниот монарх остана во голема мера надвор од очите на јавноста од февруари кога објави дека боледува од рак за да ја скрие својата влошена состојба, а повеќе извори за Дејли Бист велат дека неговата состојба е „не добра“.
„Секако дека е решен да го победи ракот и да направи се во таа смисла. Сите остануваат оптимисти, но тој е навистина многу лошо“, изјави за овој медиум извор кој себеси се опишува како стар пријател на кралското семејство.
Кралот Чарлс никогаш не откри каков вид на рак му е дијагностициран, но призна дека тоа не е рак на простата, кој е еден од најлесно излечивите форми на болеста.
Кралското семејство, исто така, беше воздржана за неговиот медицински проблем, но добро поставените инсајдери и политички коментатори јавно зборуваа за тоа како кралот „многу добро реагира“ на лекувањето.
Но, зад сцената, помошниците на кралот Чарлс редовно прегледуваат копии од стотиците страници на документот што ги содржи плановите за погребот на кралот, наречен „Операција Менаи бриџ“.
„Плановите се извадени од фиока и активно се ажурираат. Не повеќе отколку што би очекувале со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак. Но, тие секако се фокусирани на тоа“, изјави за Дејли Бист поранешен соработник.
Исклучително деталниот документ е создаден ден откако кралицата Елизабета беше погребана на 8 септември 2022 година – и го користи погребот на најдолговековната британска кралица како водич за да се осигура дека сè ќе оди без проблеми.
Воените претставници потврдија за Дејли Бист дека операцијата Менаи Бриџ редовно се ажурира, но истакнаа дека тоа е стандардна процедура и би било „апсурдно да се извлечат какви било заклучоци“ од тоа.
Сите членови на кралското семејство ги ажурираа плановите за нивните погреби кои се категоризирани со кодни зборови поврзани со мостови, при што погребниот план на кралицата Елизабета е познат како „Операција Лондон бриџ“.
„Секако дека го разгледуваат секој аспект од „Менаи бриџ“. Погребот на кралицата помина како што се очекуваше и ја подигна границата високо. Тоа не е емотивна работа, тоа е бизнис, многу сериозна, и разбирливо е дека никој не планира да биде фатен неподготвен“, рече висок функционер вклучен во планирањето на кралските погреби.
Друг официјален претставник додаде дека „планирањето за најлошите сценарија е она што го прави Армијата… Мора да го имате на ум обемот на оваа работа. Армиската дивизија, под команда на генерал-мајор Џејмс Баудер – тоа се седум гардиски полкови. Потоа ја имате целата област во Лондон, Територијалните армиски полкови и Кралската артилерија. Тоа е пред да стигнете до морнарицата или воздухопловните сили. Чарлс е тесно поврзан со Падобранскиот полк низ годините, па тие ќе бидат вклучени.
„Тоа е само церемонијален крај“, продолжи тој. „Тогаш ви треба огромна безбедносна операција бидејќи секој многу важен поединец на планетата присуствува на погребот. Зборуваме за сè, од противракетна одбрана до обезбедување од индивидуален напад.
„Целата работа од блесок до експлозија трае помалку од две недели, што значи дека секој аспект треба темелно да се испланира однапред. Сериозното планирање за погребот на Чарлс започна еден ден откако тие ја погребаа кралицата“.
Официјалните лица на кралот Чарлс не одговорија на барањето за коментар од страна на Page Six или Daily Beast.
Европа
Уапсен украински министер
Украинските антикорупциски тела денеска го уапсија министерот за земјоделство Микола Солски. Судот на министерот му изрече превентивна мерка притвор во траење од 60 дена, до 24 јуни. Сепак, Солски ќе биде ослободен од притвор доколку плати кауција од 75,7 милиони гривни (околу 1,7 милиони евра).
Обвинителството побара притвор поради ризик од попречување на истрагата, влијание врз сведоци и бегство. Тие истакнаа дека Солски во текот на вонредната состојба неколку пати ја минувал границата.
Адвокатот одговори дека Солски ја преминал границата поради службени патувања, освен во еден случај кога заминал на договорено отсуство. Тој се осврна и на тоа дека Солски како функционер може да патува во странство само со согласност на премиерот. Тој исто така изјави дека нема докази дека Солски би можел да се меша во истрагата или да влијае на сведоците.
Солски вчера понуди оставка откако беше осомничен за вмешаност во незаконско стекнување државно земјиште. Обвинителите тврдат дека Солски бил фатен дека поседува државно земјиште во вредност од 291 милион гривни и дека се обидел да добие друго земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски ги негира обвиненијата, за кои обвинителите велат дека се однесуваат на настани од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година. Солски е еден од најбогатите функционери во администрацијата на претседателот Володимир Зеленски.
Ако плати кауција, ќе мора да ја предаде својата обврзница на властите и нема да му биде дозволено да разговара со други осомничени и сведоци во случајот.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.