Контакт

Европа

Градот Кан забрани носење на буркини на плажа

Објавено пред

Властите во францускиот град Кан објави во четврток дека со одлука на градските власти се забранува носење на ‘буркини’, костим за капење што го покрива целото тело.

dobivaj vesti na viber

Според таа одлука која на 28 јули ја потпиша републиканскиот градоначалник Давид Лиснард, „се забранува пристап до плажа и капење…на секој што нема вообичаен костим за капење, во согласност со обичаите и начелото на безбедност, почитувајќи ги хигиенските и безбедносните прописи“.Според одлуката на градоначалникот, костимот за капење кој нападно ја покажува верската припадност би можел да го зголеми ризикот од нарушување на јавниот ред и мир. /крај/он/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Разорен земјотрес ја погоди Турција

Објавено пред

Разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри.

Засега нема информации за жртви и штети.

Да потсетиме, во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, го погодија истокот на Турција. Малатија беше сериозно оштетена во овие земјотреси, додека неколку градови беа срамнети со земја.

Прикажи повеќе...

Европа

Албанија ги прими првите мигранти фатени од Италијанците

Објавено пред

Италијански брод денеска се закотви во албанското пристаниште Шенѓин за да ја донесе првата група од 16 мигранти чии барања за азил ќе бидат разгледани во Албанија, јавува Anadolu.

dobivaj vesti na viber

Бродот „Либра“ го напушти италијанското пристаниште Лампедуза во понеделникот, превезувајќи десет мажи од Бангладеш и шест од Египет, кои беа спасени на море откако тргнаа од Либија.

Во Шенѓин ќе се врши идентификација и здравствени прегледи на мигрантите. Во Италија ќе можат да влезат само оние чии апликации се одобрени.

Минатата недела Италија официјално отвори два центри во Албанија за обработка на барањата за азил.

Италија објави дека не планира да ги раздвојува семејствата и дека ќе прими жени, деца, стари лица, болни и жртви на тортура.

Прикажи повеќе...

Европа

Масовен напад со беспилотни летала врз Киев и други градови

Објавено пред

Русија изврши серија напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Киев и други украински градови во текот на ноќта, предизвикувајќи пожар во индустриска фабрика во западниот украински регион Тернопил, соопштија украинските власти.

dobivaj vesti na viber

Русија лансираше 136 беспилотни летала насочени кон Украина и три проектили во текот на ноќта, а украинската противвоздушна одбрана уништи многу, соопшти украинското воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм.

Голем дел од Украина беше во состојба на готовност поради воздушен напад во средата наутро. Воздухопловните сили соопштија дека Русија ги лансирала беспилотните летала во неколку бранови и во различни насоки.

„Пожарот од големи размери“ во регионот Тернопил оттогаш е изгаснат, објави воената администрација на регионот на апликацијата за пораки Телеграм. „Нема повредени“, додаваат од управата. Засега не е јасно која зграда е во пламен.

Сите беспилотни летала што го нападнаа Киев претходно во ноќта се уништени и нема извештаи за штета или повредени, но постои нов ризик од напад, изјави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација на Киев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Три пиштоли, рамки, шаржер, илјада куршуми, шок бомби и дрога пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

При претрес во домот и подрумските простории во сопственост на 48-годишен скопјанец, полициски службеници на 14 октомври пронашле поголемо количество...

Македонија1 час

„За коса ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според...

Свет3 часа

Кина: Не се откажуваме од можноста да го вратиме Тајван со сила

Кина нема да вети дека ќе се откаже од употребата на сила против Тајван, но тоа се однесува на надворешно...

Европа3 часа

Украинските власти наредија евакуација на Купјанск, еден од клучните градови: „Се водат тешки битки“

Украинските власти денеска наредија евакуација на Купјанск, важен град и три други локалитети во североисточниот регион Харков, бидејќи руските сили...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: За мене најубавиот збор на светот е царина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите протекционистички трговски политики и другите фискални предлози, отфрлајќи ги оценките дека тие...

Свет4 часа

Северна Кореја тврди дека 1,4 милиони млади луѓе се приклучиле на армијата

Севернокорејските државни медиуми објавија дека оваа недела, околу 1,4 милиони млади луѓе, вклучително студенти и претставници на младинската лига, се...

Македонија15 часа

Регистриран земјотрес во Македонија

Попладнево е регистриран земјотрес во Македонија со јачина 2,4 степени според Рихтер. Епицентарот е на 13 км североисточно од Демир...

Македонија19 часа

Јакимовски до Јаневска: Се јавувам доброволно да одам на часови кај министерката да ми одговори како да ги изменаџирам парите

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски уште еднаш побара од министерката за образование Весна Јаневска да ги подмири трошоците за греење...

Македонија19 часа

13 игротеки затворени, кај некои имало хигиенски недостатоци, на 32 им се изречени глоби по контролите на Агенцијата за храна

Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјата. Со контролите опфатени...

Македонија20 часа

Рама: Северна Македонија беше понижена, тажен сум што нашите браќа не почнаа преговори

Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати јавна поддршка за Северна Македонија и критики до Европската Унија што нашата земја се’...

Топ20 часа

Приведени четворица за пукањето во Чаир, двајца од нив се затвореници од „Идризово“, кои излегле поради работа

Полицијата соопшти дека го расчисти случајот со пукањето на улицата Христијан Тодоровски- Карпош, во близина на Општина Чаир, каде што...

Македонија21 час

Германската министерка на средбата со Муцунски: Потребна ни е обединета ЕУ, која нема да биде блокирана од одделни земји членки

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес во Берлин оствари билатерална средба со сојузната министерка за надворешни...

Македонија22 часа

Јаневска за училиштата без греење во Карпош: Верувам дека градоначалникот, кој е многу способен, ќе најде начин да ги згрее, блок- дотациите се исплатени

Парите за греење во основните училишта се исплатени на сите општини, рече денес министерката за образование Весна Јаневска иако вчера...

Македонија23 часа

Скопје е меѓу европските градови со најнезадоволни жители од јавниот превоз

Скопјани се меѓу најнезадоволните жители на европските градови кога станува збор за јавниот превоз. Седум од 10 жители во Европа,...

Регион1 ден

Албанија ги отвора преговорите за членство во Европската Унија

Албанија ќе биде првата земја кандидат за членство која ќе ги отвори пристапните преговори според изменетата методологија за проширување, соопшти...

Македонија1 ден

Запленети златен накит, лекови, облека, цигари и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен...

Македонија1 ден

„Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка“, прашува СДСМ

„Како на Див Запад, синоќа во Чаир се случи уште едно во низата пукања. Со доаѓањето на власт на ДПМНЕ...

Свет1 ден

Австралија ги повика граѓаните да го напуштат Израел додека се уште има летови

Австралија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Израел и ги повика Австралијците таму да ја напуштат земјата додека...

Свет1 ден

Белата куќа: Со години ги следиме иранските закани кон поранешниот претседател Трамп

Белата Куќа во понеделникот објави дека САД со години внимателно ги следат иранските закани кон поранешниот претседател Доналд Трамп и...

Топ2 дена

Пукање во Чаир: повреден маж

Триесет и петгодишен маж е повреден во пукање кое се случило вечерва во Чаир, информираат од МВР. -Денеска (14.10.2024) околу...