Европа
Хелмут Кол бара 5 милиони евра од поранешниот биограф
Поранешниот германски канцелар Хелмут Кл бара пет милиони евра од авторот на неавторизираната биографија по година ипол судска битка околу таа скандалозна книга, соопшти германското правосудство.
Сослушувањето се одржува во четвртокот пред судот во Келн и се однесува, меѓу другото, на барањето за обештетување, истакна портпаролката на германското правосудство потврдувајќи ја дневникот Bild.Скандалот избувна во есента 2014 година со објавувањето на бестселерот „Наследство: Вербални процеси против Хелмут Кол“, на новинарите Херберт Шван и Тилман Јенс, кој предизвика расправа за вистинското лице на „таткото на повторното обвинување“.Составена по 600 часа разговори, од март 2001 до октомври 2002 година, со Херберт Шван, кого Хелмут Кол го избрал дека со него да ги напише мемоарите, проектот е прекинат во 2009 година, книгата содржи тешки зборови за германската политика, и открива груба, па дури и огорчена личност.Шван веќе објави во 2011 година книга за поранешната сопруга на Кол, Ханелоре, којашто изврши самоубиство во 2001 година, отсликувајќи ја како осамена и несреќна жена, и претставувајќи ја приватната страна на конзервативниот челник./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

