Контакт

Европа

Ходорковски ја финансира кампањата „Наместо Путин“

Објавено пред

Поранешниот посткомунистички руски олигарх Михаил Ходорковски кој откако беше помилуван од долгата затворска казна од страна на рускиот претседател Владимир Путин живее во доброволен егзил во Лондон, изјави во понеделникот дека нема да се кандидира за руски претседател 2018 година, но дека е подготвен да ја финансира кампањата со којашто „би му се нашла алтернатива“ на Путин, доколку актуелниот руски претседател се одлучи да се кандидира и за четвртиот мандат.

dobivaj vesti na viber

„Сакаме да им помогнеме на нашите сограѓани во барањето одговор на прашањето: кој ќе го земни Путин“, изјави на прес-конференцијата поранешниот олигарх кој мина речиси десет години во затвор во Русија осуден за финансиски малверзации, пренесува AFP..

Поранешниот сопственик на рускиот нафтен гигант „Јукос“ поради чија приватизација настрада, рече дека нема да се меша во политиката откако Путин го помилуваше во декември 2013 година кога Ходорковски веднаш замина за Берлин, чии политичари најмногу лобираа за потегот на рускиот претседател.

Целта на проектот на Ходорковски, насловен „Наместо Путин“, е да се најде „нови политички личности“ способни да се кандидираат на претседателските избори во 2018 година во Русија против Владимир Путин, доколку овој се одлучи да се кандидира за уште еден мандат.

Во клучниот момент за консолидацијата на власта на рускиот претседател Владимир Путин, во 2003 година, аферата „Јукос“ резултираше со затворската казна за Ходорковски поради измама и даночна евазија, кога Западот го подготвуваше како политички ривал на Путин. Во декември 2013 година со указ на Путин ненадејно беше ослободен од затворот и сега живе во доброволен егзил.

Поранешниот младински комунистички челник од Москва кој во периодот пред и непосредно по распадот на Советскиот сојуз неверојатно уживајќи ја близината со тогашните руски политички моќници во Кремљ брзо создаде непроценливо богатство, беше уапсен во 2003 година под обвинение за затајување данок и финансиски малверзации. Меѓутоа, Ходорковски тврдеше дека вистинската причина да биде осуден на затвор е противењето на политиките на Путин кој во тој период дојде на чело на земјата.

Ходорковски во декември 2010 година беше осуден и на 14 години затвор за кражба на нафта и перење пари, што подоцна беше намалена прво за една година, а потоа за уште две години. Врховниот суд потоа за два месеца му ја намали казната и на Платон Лебедев, поранешен челник на поранешната компанија „Менатеп“ кој беше деловен партнер на Ходорковски.

Поранешниот претседател на управата на „Јукос“ и сопственик на компанијата Михаил Ходорковски, беше уапсен на 25-ти октомври 2003 година. Според истрагата, Ходорковски му давал инструкции на претседателот на бордот директори на „Менап“ (чиј претходно директор на истоимена меѓубанкарска фирма и банка беше самиот Ходорковски), Платон Лебедев во врска со украдените 20 отсто од акциите на компанијата „Апатит“ и препродавање на нејзините производи на светскиот пазар по цени кои двојно ги надминувале цените на внатрешниот руски пазар. Според судот, нивните дејствија на руската држава и’ причиниле штета од 500 милиони американски долари. На 31-ви мај 2005 година, Ходорковски и Лебедев во обединето дело беа осудени на по 9 години затвор.

На 5-ти февруари 2007 година, пак, Ходорковски и Лебедев се соочија со нови обвиненија за присвојување и перење парични средства, а на 30-ти декември 2010 година Хамновническиот суд во Москва ги осуди на 13,5 години затвор. Меѓутоа, бидејќи двајцата веќе служеа шест месеци од првата затворска казна, судот им изрече единствена затворска казна од 14 години. Во декември 2012 година Президиумот на Врховниот суд ја намали казната од 13 на 11 години.

Богатството на Хордаковски порано беше проценувано на 40 милијарди долари, но по неговата пресуда во 2005 година, пропадна или го откупи државата.

И Ходорковски и Лебедев не ја признаваат вината и ги отфрлаат обвиненијата. Ходорковски повторно го критикуваше судењето како политички мотивиран процес.

Меѓутоа, на 25-ти јули 2013 година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур го отфрли тврдењето дека судењето на Ходорковски е политички мотивирано, но дека првичното судење било правно некоректно и дека пресудата од 2005 година била неоправдана./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.

dobivaj vesti na viber

„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.

Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.

Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.

„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.

Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.

„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.

Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети

Објавено пред

Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.

dobivaj vesti na viber

„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.

Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.

Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95

Објавено пред

Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.

Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија13 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија14 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија15 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија15 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија16 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа17 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија17 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион18 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет18 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија18 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија18 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија19 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион19 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет20 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет20 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион21 час

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион22 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија1 ден

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија1 ден

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...