Европа
Хофер го призна поразот на австриските претседателски избори

Претседателскиот кандидат на австриската крајна десница Норберт Хофер му ја честиташе во неделата вечерта победата на својот ривал Александер Ван дер Белер, кандидатот на зелените кој ја имаше поддршката и од етаблираните партии, откако првичните процени покажуваат дека загубил во трката на претседателските избори во Австрија.
„Му честитам на Александер Ван дер Белен на успехот и ги повикувам Австријците да бидат единствени и да работат во заеднички интерес“, напиша Норберт Хофер на Facebook додавајќи дека е „бескрајно тажен што не успеа“.
Левичарскиот кандидат Ван дер Белен, зад кои стојат Зелените има предност на изборите, покажаа проекциите откако беа затворени избирачките места, со што се отстранува можноста Хофер да стане првиот избран претседател од крајната десница на земја членка на Европската унија по Втората светска војна.
Доколку биде потврден овој резултат од повторените избори, тоа ќе претставува олеснување за мнозинството од европскиот естаблишмент, кој многу стравуваше од можноста да победи кандидатот на антидоселеничката Слободарска партија (FPOe), откако многу тесната победа на Ван дер Белен на крајот од мај беше поништена од Уставниот суд поради неправилности при пребројувањето на гласовите по пошта.
Во проекцијата на агенцијата SORA за јавниот телевизиски сервис ORF, во која се вклучени и делумно преброените гласови, Ван дер Белен освоено 53,6 отсто од гласовите а Хофер 46,4 отсто, со маргина на грешка од 1,2 отсто.
Конечните резултати, како што соопшти австриското министерство за внатрешни работи, не се очекуваат пред понеделникот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ сака да формира специјален суд за руските злосторства

Првиот чекор во борбата против неказнивоста за злосторствата извршени во руската агресија врз Украина би можело да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија Дидие Рејндерс.
„Првиот чекор може да биде формирање на специјален суд кое ќе собира докази“, рече Рејндерс денеска пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура дека воените злосторства во Украина се да не остане неказнето.
Канцеларијата на специјалниот суд би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Европравда, агенција на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања. Рејндер вели дека може брзо да се воспостави.
Европската унија се залага за формирање на специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази.
На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства.
„Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и злосторствата за агресија врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен.
На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде што национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторства од руска агресија,пренесе Индекс.хр.
Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Европа
Путин: Злосторствата на неонацистите во Украина покажуваат дека ги заборавиле лекциите од историјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека злосторствата извршени од неонацистите врз цивилите во Украина покажуваат дека тие ги заборавиле лекциите од историјата.
Путин посочи дека заборавањето на лекциите од историјата води до повторување ужасни трагедии и како доказ з тоаа ги наведе злосторствата против цивилите и етничкото чистење извршено од неонацистите во Украина.
„Против ова зло нашите војници сега се борат херојски, рамо до рамо“, рече Путин во телеграмата упатена до организаторите и учесниците на настаните посветени на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и 78-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија.