Европа
Холандија можеби ќе мора на референдум за CETA
Холандски активисти соопштија во средата дека собрале речиси две третини од гласовите кои се потребни да ја принудат нивната влада да организира референдум за договорот за слободна трговија на Европската унија со Канада, односно Сеопфатниот економски и трговски договор (Comprehensive Economic and Trade Agreement – CETА), што претставува нов пресврт откако овој договор го отфрли па се согласи белгиската франкофона покраина Валонија.
Договорот CETA, за кој се преговара седум години, конечно беше потпишан на крајот од октомври во Брисел, со неколку денови доцнење од претходно најавениот датум.
Потпишувањето на договорот беше предвидено за 27-ми октомври, но беше одложено бидејќи недостасуваше согласноста од сите земји членки на Европската унија. Белгија не можеше да даде согласност поради противењето на франкофонскиот регион Валонија, кој бараше дополнителни гаранции за заштита на своите земјоделски производи и заштита од надмоќта на мултинационалните компании во можните инвестициски спорови со државите членки на ЕУ.
Со CETA ќе се укинат царините за речиси 99 отсто од производите во меѓусебната трговија меѓу ЕУ и Канада, но до целосното стапување насила на договорот, тој мора да биде ратификуван во сите земји членки на Унијата.
Разни граѓански здруженија во Холандија повикуваат на референдум, за граѓаните да одлучат дали парламентот ќе го ратификува договорот CETA. Со петицијата покрената во октомври 2015 година се собрани веќе 190.000 потписи од 300.000 потребни за распишување референдум .
„Сакаме јасно да им порачаме на политичарите дека за тие договори мора поотворено да се разговара“, појасни за AFP Нисео Дубелоер од движењето Meer Democratie.
Организаторите на петицијата против CETA тврдат дека не се евроскептици, туку оти веруваат дека Европа мора да биде подемократична.
Доколку потребните 300.000 потписи бидат собрани, референдумот ќе биде организиран за неколку месеци, но сигурно не пред парламентарните избори предвидена замарт2017 година/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

