Европа
Холандија воведува ригорозни мерки за азилантите

Холандија планира наскоро да воведе нови правила според кои на барателите на азил ќе им ја скрати храната и сместувањето по само неколку недели доколку нивното барање за азил биде отфрлено.
Холандија планира наскоро да воведе нови правила според кои на барателите на азил ќе им ја скрати храната и сместувањето по само неколку недели доколку нивното барање за азил биде отфрлено.
Додека Германија „ги отвора вратите“ за да овозможи поедноставно пристигнување на бегалците, а Франција ја критикува Унгарија поради оградата, холандската влада се движи во сосема друга насока, пишува лондонски Independent.
Од ноември, секој мигрант кој нема да добие бегалски статус ќе биде депортиран во рок покус од еден месец.
Во рамки на новите мерки, холандската влада има намера да затвори 30 регионални центри кои нудат сместување, купатило и храна за азилантите, без оглед на нивниот статус или пријава.
Овие мерки се сметаат како политички обид да се одвлечат гласачите од партијата на Герт Вилдерс, која е позната по антиимиграциски ставови.
Уште само две членки на ЕУ имаат слични рестриктивни мерки-Финска и Британија, пишува Independent, додавајќи дека Лондон сака да оди чекор понатаму и да ја укине помошта за азилантите кои имаат семејства.
Холандија премиер Марк Руте ги бранише новите мерки, наведувајќи дека е „сулудо“ да понуди неограничена помош на оние кои не добиваат статус на бегалци. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“