Европа
Холандскиот референдум за Украина, тест за ЕУ во пресрет на плебисцитот за Брекзит
Холанѓаните во средата излегуваат на гласање за референдумот за Спогодбата за придружување на Украина на Европската унија, чии резултати се сметаа за показател на односите кон Брисел во пресрет на британскиот референдум за членството во ЕУ во јуни.
Избирачките места беа отворени во 8,30 часот, а ќе бидат затворени во 17 часот. Референдумот не е обврзувачки, па холандската влада нема да мора да вложи вето на европско ниво, доколку избирачите гласаат против Спогодбата. Меѓутоа, кревката коалиција која претседава со ЕУ во ова полугодие, тешко ќе може да го пренебрегне една година пред парламентарните избори.
Сеопфатниот политички, трговски и одбранбен договор за придружувањето во членството меѓу ЕУ и Украина привремено се применува од јануари годинава, но мора да го ратификуваат сите држави членки на ЕУ во целост, за да има целосна правна сила. Холандија е единствената држава којашто тоа ќе го стори преку референдум.
Отфрлањето на спогодбата во Холандија, според коментаторите, би претставувало голема победа на рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи Москва се противеше и поставуваше услови за таквиот договор меѓу Брисел и Киев, тврдејќи дека ќе се нарушат нејзините економски интереси од договорите со претходното украински раководство.
Коментаторите додаваат и дека многу Холанѓани сметаат дека мора да избираат меѓу две непривлечни опции: експанзионистичките сништа на бирократите во Брисел кои не одговараат никому или помагањето на Москва која повикувајќи се на западните центри моќ недокажано ја обвинуваат за уривањето на авионот во јули 2014-та над источна Украина кога загинаа речиси 200 холандски државјани.
Организаторите на референдумот би можеле многу скоро да започнат да размислуваат и за организирање на референдум за „Некзит“, односно излегувањето на Холандија од ЕУ, смета Тони ва дер Тогт, од Институтот за меѓународни односи Клингдаел од Хаг. Напомнува дека холандскиот референдум би можел да постави и опасен преседат во ЕУ. „Повеќе нема да може да се носат одлуки“, вели.
Според последните анкети, 66 отсто од избирачите кои се изјасниле дека ќе излезат на референдумот ќе гласат против Спогодбата ЕУ – Украина, а само 25 отсто ќе ја поткрепат, а решавачка улога во конечниот резултат ќе има одѕивот на гласачите. Агенцијата TNS Nipo предвидува одѕив од 32 отсто, нешто над прагот од 30 отсто потребни за референдумот да биде валиден.
Владата, која го поддржува договорот со Украина, стравуваа дека референдумот може да се претвори во протест како и 2005 година, кога мнозинството избирачи го отфрли предлогот на првиот Устав на ЕУ.
„Се надевам дека Холанѓаните ќе може да го надминат своето незадоволство. ‘Да, лути сме на Европа, лути сме на оваа наша влада, но сепак ја поддржуваме Украина’“, рече германскиот министерот за финансии Јероен Дијселблом.
Иако некои парламентарни партии истакнуваат дека исходот од референдумот мора да се почитува, „ставот на владата е дека ќе го почитува законот, кој едноставно вели дека повторно ќе размислиме“, рече Дијселблом, давајќи до знаење дека владата ќе настојува да го сочува договорот со Украина, или барем неговата суштина, каков и да е исходот референдумот.
Холандската владата во почетокот избегнуваше во кампањата за референдумот да го стави акцентот на Русија, но ја промени тактиката како што се приближуваше датумот на одлуката. Младината на Лабуристичка партија на Јероен Дијселблум, помалиот коалициски партнер во владата на премиерот Марк Руте, печатеше постери на кои беше прикажан евроскептикот Геерт Вилдерс страсно го бакнува Путин.
Владата во почетокот економските ползи од спогодбата, но во последното време да се фокусираше на беговата важност за реформите во Украина во борбата против корупцијата, човековите права и демократијата.,
Противниците на спогодбата, пак, истакнуваат дека таа е првиот чекор кон полноправното членство на Украина кон ЕУ, и велат дека тоа е „квази членство“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

