Европа
И Меркел за замрзнувањето на пристапните преговори на ЕУ со Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел се залага за замрзнување на пристапните преговори меѓу Турција и Европската унија за полноправно членство, пишува во средата весникот Bild.
„Германската канцеларка и претседателка на Христијанско-демократската унија (CDU), Ангела Меркел, објаснила на состанокот со пратеничката група на Унијата CDU/CSU во вторникот дека е за тоа преговорите со Турција да бидат замрзнати“, пишува Bild повикувајќи се на извори во владејачката коалиција CDU/CSU.
На истиот состанок Меркел на пратениците им наложила во своите изборни кругови на избирачката база, доколку има прашања во однос на Турција, да објаснат дека со оваа земја нема да се преговара во иднина поради ситуацијата во оваа држава по пропаднатиот обид за воен преврат од 15-ти јули.
Претседателот на опозициската парламентарна партија Зелените, Џем Ездемир, кј има турско потекло, побара од сојузната влада водена од канцеларката Меркел на турскиот народ да му ја објасни актуелната политика кон Турција.
„Ние мораме да бидеме претпазливи и на турскиот народ да му дадеме до знаење дека овие мерки не се насочени против народот туку против (турскиот претседател Реџеп Тајип) Ердоган и неговата политика која земјата ја претвора во некој вид отворен затвор“, изјави Ездемир.
Тој во разговорот за јавниот телевизиски сервис ARD укажува дека германската влада на Турците и во Германија и во Турција мода „да им испрати јасни сигнали“ за поддршка на граѓанското општество во турската држава.
Замрзнувањето на пристапните преговори со Турција минатата седмица со необврзувачка резолуција побара и Европскиот парламент, по што турскиот претседател Ердоган индиректно се закани со прекинување на договорот со ЕУ според кој Турција го спречува продорот на имигрантите и бегалците од Блискиот и од Средниот исток кон западна и северна Европа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Голем пожар во Валенсија, евакуирани 1.200 луѓе

Голем пожар во природа опустоши површина од 6.500 хектари во шпанската автономна област Валенсија, а 1.200 луѓе се евакуирани, соопштија денеска локалните власти.
Во соопштението на Министерството за правда на „Твитер“ се наведува дека во гаснењето на пожарот биле ангажирани 15 авиони.
We don't know when we will back, perhaps we get evacuated from the uggly bushire here at the Costa Blanca, Spain – cross us the fingers! #racing #motorsport #spain #fire #costablanca pic.twitter.com/kpaphtaLBS
— automobilsport (@AutomobilsportC) August 15, 2022
Пожарот избувна во саботата на 13 август во градот Аликанте, а акцијата за гаснење е отежната поради непристапноста на теренот и силниот ветер.
Huge fires in #Spain. pic.twitter.com/T2nwipIiOF
— خالد اسكيف (@khalediskef) August 15, 2022
Ова е најголемиот пожар во Валенсија во последната деценија.
Многу европски земји во изминатите неколку месеци беа погодени од екстремно високи температури.
Некои земји се погодени од суша, а други се борат со огромни шумски пожари, кои уништија илјадници хектари, пренесе „Блиц.рс“.
Европа
Првата бивалентна вакцина против коронавирусот е одобрена во Велика Британија

Првата бивалентна засилувачка вакцина на „Модерна“ против коронавирусот е одобрена за употреба во Велика Британија, објави денеска британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи.
Таа приспособена вакцина, се вели, таргетира две варијанти на коронавирусот – оригиналниот вирус од 2020 година и варијантата омикрон.
Бивалентната вакцина на „Модерна“ е одобрена за бустер дози за возрасни бидејќи беше откриено дека ги исполнува стандардите на британскиот регулатор за безбедност, квалитет и ефикасност, се нагласува во соопштението објавено на веб-страницата на британската влада.
Одлуката за одобрување на бустер-вакцината во Обединетото Кралство ја поддржа владиното независно стручно научно советодавно тело – Комисијата за хумани лекови, по внимателно разгледување на доказите.
Одлуката на МХРА се заснова на податоци од клиничко испитување, кое покажа дека засилувачот на бивалентна вакцина на „Модерна“ предизвика силен имунолошки одговор на двата вида, а истражувачката анализа исто така покажа дека бивалентната вакцина предизвикува добар имунолошки одговор против омикронските подваријанти BA.4 и BA.5, се наведува во образложението на решението.
„Безбедносниот надзор покажа дека забележаните несакани ефекти се исти како оние забележани со оригиналната доза на ‘Модерна’ и обично се благи и се решаваат самостојно и не се идентификувани сериозни безбедносни грижи.
„Имаме сеопфатна стратегија за безбедносен надзор за следење на безбедноста на сите вакцини против Ковид-19 одобрени во Обединетото Кралство и ова ќе ја вклучи вакцината одобрена денес“, рече во писмената изјава извршниот директор на МХРА, Џун Рејн, пренесе „Денес.рс“.
Европа
Секој ден расте опасноста за нуклеарната централа Запорожје, велат украинските власти

Опасноста од нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, за чие гранатирање меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва повеќе од една недела, „се зголемува секој ден“, изјави градоначалникот на градот каде што е централата.
„Опасноста се зголемува секој ден“, рече Дмитро Орлов, градоначалник на Енерходар во телефонски разговор за АФП, осудувајќи го рускиот „вистински нуклеарен тероризам“, кој „во секој момент може да заврши со непредвидени последици“.
„Нуклеарната централа е гранатирана секој ден и ноќ од окупираните села“ – додаде тој и рече дека „ситуацијата е сериозна и најзагрижувачко е што нема процес на деескалација“.
Енерходар, како и нуклеарната централа Запорожје, беа заземени од руските сили на почетокот на март.
Дмитро Орлов, лојален на Киев, се засолни во Запорожје, голем град во областа.
Нуклеарната централа Запорожје од минатата недела е цел на гранатирање, за што двете страни меѓусебно се обвинуваат, што ги подгрева стравувањата од нуклеарна катастрофа, поради што во четвртокот се состана Советот за безбедност на ОН.