Европа
Идентификуван е третиот самоубиец од масакрот во париската сала Bataclan
Французин, на 23-годишна возраст, која кон крајот на 2013 година патувал во Сирија, е идентификуван како третиот напаѓач самоубиец во концертната сала „Bataclan“, каде беше извршен најголемиот масакр во рамките на нападите од 13-ти септември кога во Париз беа убиени 130 луѓе.
Според извор близок на истрагата, станува збор за џихадистот Фуад Мухамед Ахад, кој живеел во Стразбур, а отпатувал во Сирија со братот и група пријатели. Повеќето од нив биле приведени во пролетта 2014 година, по враќањето во Франција, но тој останал во Сирија, според полициски извори.
Властите на Франција и на Белгија водат интензивни потраги но досеа не успеаја да го уапсат Салах Абдеслам, кој е единствениот преживеан кој директно се поврзува со терористичките напади во Париз во кои беа убиени 130 луѓе. Белгиските власти распишаа потерница и по Мохамед Абрини, кој бил забележан со Абдеслам два дена пред напаадите, на 11-ти ноември, на автопатот Брисел – Париз.
Сите девет осомничени за париските напади имаат француско државјанство.
Во нападот на концертната сала „Batclan“, каде се убиени 89 луѓе, учествувал 29-годишниот Омар Исмаил Мосефаи кој пукал врз публиката на концертот а потоа се разнесол со појас на бомбаш самоубиец, Роден е на 21-ви ноември 198 година во Франција, и неговото досие содржи осум пресуди за мали престапи. Меѓутоа, никогаш не ја издржувал казната во затвор. Радикален исламист станал слушајќи ги проповедите во џамијата Шартр во 2010 година. Во евиденцијата на полицијата се појавува под разделот „напад врз безбедноста на државата“. Истрагата се сомнева дека двапати патувал во Сирија. Идентификуван е според отпечатоците на прстите најдени на местото на нападот
Сами Амимур, 28-годишен, е роден во Париз, а живеел во департманот Сен-Сен-Дени, Воспитуван во семејство кое не практикувало ислам. Работел како возач на автобус во градскиот сообраќај. Во 2012 година бил под истрага за заговор со уште две лица кои планирале напад. Бил должен редовно да се јавува во полицијата, но последните две години, оваа препорака ја запоставил. Патувал во Сирија во 2014 година, а по него заминал и татко му, кој го убедувал да ги „напушти редовите на сириските герилци“.
Третиот терористи чии остатоци беа пронајдени во концертната сала, на 9-ти декемвир беше идентификуван како Фуад Мухамед Ахад.
Меѓу бомбашите кај стадионот „Stade de France“ едниот дејствувал под лажно име Ахмад ал-Мухамед. Пасош на тоа име, кој бил издаден во Сирија, полицијата го пронајден крај мртвото тело на напаѓач кој не е идентификуван со вистинскиот идентитет. Истрагата, сепак, успеа да го утврди неговото патување низ Европа. Успеал да се инфилтрира во бранот бегалци од Сирија и минал редица земји на ткн балканска рута од Грција до Хрватска, со лажните документи. Истрагата истражува и информација дека до Франција патувал во придружба на уште едно лице.
Билал Хадфи, 20-годишник, исто така, се разнесол кај стадионот. Имал француско државјанство, а живеле во Белгија, во бриселското предградие Недер-овер-Хеембек. Се задоил со радикални ставови во пролетта 2014 година. Поставувал фотографии на социјалните мрежи со оружје во раце.
Името на третиот бомбаш самоубиец кај стадионот не е познато. Се разнесол кај блискиот ресторан „Macdonald`s“
Во нападите на париските кафулиња и ресторани како учесник е идентификуван Брахим Адбеслам, 31 година. Жител на Белгија со француски пасош. Кај него полициските органи никогаш не забележале радикално настроение. Пред две години бил сопственик на кафуле во проблематичниот белгиски кварт Моленбек, каде што живеат доселеници, претежно од Мароко и другите земји од северна Африка. Бил косопственик со брат му Салах Абдеслам, Брахим се разнел во бар на улицата „Волтер“.
Салах Абдеслам, 26-годишен, веројатно е осмиот учесник во терористичките напади и осомничен како стратег на операцијата. Француски државјанин роден во Брисел, а живеел во предградието Моленбек. Се верува дека тој ги изнајмил двата автомобила кои ги користеле терористите да дојдат до целите. Следниот ден по нападите бил запрен во рамките на рутинска контрола, но не бил приведен. Сега по него се трага по потерница.
Полицијата, исто така, трага и по деветто лице кое учествувало во нападите. Се претпоставува дека тој ги возел терористите кои пукаа на терасите од градските кафулиња./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.
Европа
Литванскиот претседател: Дијалогот со Путин е илузија, Кремљ не сака мир
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека Европа мора да биде подготвена за долгорочната закана од Русија и дека Москва нема намера да застане дури ни по војната во Украина. Во интервју за „Киев пост“, тој рече дека „империјалните амбиции“ на Русија се трајни и дека Европа мора да изгради „ѕид на одвраќање“.
„Ситуацијата е сложена и полна со предизвици“, рече Науседа, додавајќи дека клучната разлика од минатото е што Литванија сега е дел од НАТО и ЕУ. „Членството во Европската унија е „за подобар живот“, а членството во НАТО е „за цел живот“, рече тој. Тој нагласи дека заканата од Русија нема да се повлече со крајот на војната во Украина.
„Империјалните амбиции на Русија нема да исчезнат откако ќе заврши војната во Украина. Заканата ќе остане“, рече тој. „Можеби следниот пат целта нема да биде Украина, туку источниот дел на ЕУ или ЕУ како целина. Мора да бидеме подготвени. Мора да изградиме ѕид на одвраќање“, рече тој.
Зборувајќи за војната во Украина, Науседа рече дека не е оптимист за брзо решение. „САД се клучниот актер тука и само тие можат да ја турнат Русија во ќош и на преговарачката маса“, рече тој. Тој нагласи дека Русија, според него, нема намера да ја заврши војната. „Гледам дека Русија апсолутно нема намера да ја заврши оваа војна.
Тие си играат за време за да заземат повеќе украинска територија“, рече тој. Додаде дека Русија напаѓа цивили и инфраструктура и ја „оружува“ зимата, што го опиша како „длабоко циничен“ пристап. Тој рече дека нема големи очекувања за трилатералните разговори. „Од руска страна, гледам само имитација на преговорите и обиди за купување време“, рече тој.
Науседа рече дека некои во Европа ги повторуваат старите грешки кога верувале дека разговорите со Путин ќе дадат резултати. „Се сеќаваме на бројни средби и повици со Путин, а резултатот беше нула“, рече тој. Додаде дека Путин не ја гледа Европа како воена сила. „Тој не се плаши од Европа. Тој не се однесува кон Европа како кон партнер кого мора сериозно да го сфати. Тој се плаши само од Соединетите Американски Држави, а тоа е значајна лост“, рече тој.
Тој рече дека Европа треба да ги зајакне односите со Соединетите Американски Држави и да ја зајакне преговарачката позиција на Украина, наместо да се обидува директно да преговара со Москва. „Подобар пристап е да се координира со Соединетите Американски Држави и да се зајакне преговарачката позиција на Украина“, рече тој.
Науседа рече дека Литванија силно го поддржува проширувањето на ЕУ и пристапувањето на Украина. „Литванија е меѓу најсилните застапници за што е можно поскоро пристапување на Украина“, рече тој. Додаде дека Литванија предлага перспектива за членство за Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија до 2030 година, нагласувајќи дека датумот не е обврзувачки, туку политичка цел.
Зборувајќи за партиите и политичарите кои тврдат дека „ова не е наша војна“ и се залагаат за ресетирање на односите со Русија, Науседа рече дека е „штета“ што не научиле ништо. „Тие се однесуваат како деца и никогаш не растат“, рече тој, додавајќи дека војната не ја засега само Украина, туку претставува предизвик што Русија го фрла врз европскиот модел на управување, владеењето на правото и демократијата.

