Европа
Илјадници Руси му одадоа почест на убиениот Немцов
Повеќе од десет илјади Руси, според процените на агенциите, му одадоа во вторникот почест на опозицискиот политичар, поранешен министер и вицепремиер, Борис Немцов, кој беше убиен во петокот ноќта во центарот на Москва
Со цвеќиња и запалени свеќи бројни граѓани му одаваа почест на убиениот политичар од времето на создавање на руската политичка и финансиска елити, чиешто тело беше изложено во Центарот за човекови права Сахаров, додека илјадници луѓе чекаа пред зградата и покрај речиси четиричасовниот обред во ред кој се протегаше во должина од околу еден километар, пренесува германската агенција DPA.
Подоцна сандакот со останките на Немцов беа одведени на Троекуровските гробишта во во предградието на Москва, каде што беа погребани по опелото, во присуство на неговото семејство и роднини, соработници и многу луѓе кои не останаа рамнодушни на оваа свирепо убиство, пренесува РИА Новости.
Руските официјални власти и натаму тврдат дека неговото убиство нема никаква поврзаност со неговите критички ставови кон рускиот претседател Владимир Путин, преферирајќи ја една од можните варијанти на истрагата дека станува збор „политички мотивирано убиство со цел да ја дестабилизира политичката ситуација во Русија“, додека опозицијата тврд дека бил „жртва на атмосферата на омраза која ги зафаќа сите кои му се спротиставуваат на рускиот претседател“.
„Куршумите не се истрелани само во Немцов, туку во сите нас – во руската демократија. Никогаш не помисливме дека би можело да се случи вакво нешто, но се случи. Почивај во мир, пријателу мој. Ќе ја продолжиме твојата работа“, изјави опозицискиот новинар Генадиј Гудсков над ковчегот на политичарот.
Од Немцов, покрај членовите на неговото семејство, неговата мајка и поранешната партнерка Екатерина Одинцова, меѓу другите се простија и поранешниот британски премиер Џон Мејџор, американскиот амбасадор Џон Тефт, литванскиот министер за за надворешни работи Лианас Линкивициус и германскиот комесар за Русија, Гернот Ерлер. Партнерката со која 55-годишниот Немцов беше во тригодишна врска, 23-годишниот украински модел Ана Дурицка, како и што најави, не присуствуваше на погребот, откако ноќта кон вторникот ја напушти Москва и се врати дома во Киев.
Почест на Немцов му оддаде и Наина Елцина, вдовицата на поранешниот рускиот претседател Борис Елцин кој го воведе поранешниот гувернер во руската владата на позициите министер за енергетика и прв вицепремиер.
И Кремљ беше исто така застапен на проштевањето со Немцов, со присуството на заменикот руски премиер Аркадиј Дворкович, за кого западните медиуми велат дека е претставник на либералната струја којашто е сé повеќе маргинализирана.
Ерлер за DPA изјави дека смета оти ќе биде „многу тешко да се замени“ Немцов. Тој го критикуваше фактот дека руската опозиција е слаба бидејќи сé уште живее и дејствува во „атмосферата на меѓусебна омраза и сомничавост“.
Агенцијата Reuters наведува дека Немцов изминатиот период откако на власт е Путин, бил еден од најистакнатите руски опозициски политичари. Истакнува дека на погребот на Борис Немцов имало најмногу жестоки противници на Кремљ кои неговото убиство го сметаат за предупредување, но и дека тие претставуваат многу мал дел од руската популација.
Reuters забележува, исто така, дека истражувањата на јавното мнение последните месеци покажуваат дека огромно мнозинство Руси го поддржуваат претседателот Владимир Путин, и покрај големиот пад на вредноста на националната валута рубљата и западните санкции воведени против Москва поради нејзината наводна вмешаност во украинската криза./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

