Европа
Интерпол објави потерница по двајца осомничени за нападите во Париз
Меѓународната полициска агенција Интерпол во својата интернет база на податоци објави податоци и потерница за главниот осомничен во врска со париските атентати од 13-ти ноември, Салах Абдеслам и човекот кого го виделе со некој на пат кон Париз, Мохамед Абрини.
Според објавата на Интерпол, против двајцата осомничени по барање на Франција е распишана „црвена потерница“. Двајцата државјани на Белгија, а Абдеслам има и француско државјанство, се бараат по неколку обвиненија, вклучително и за учество во терористичка организација, поседување и пренесување експлозивни средства, продажба на оружје….Властите на Франција и на Белгија водат интензивни потраги но досеа не успеаја да го уапсат Салах Абдесла, кој е единствениот преживеан кој директно се поврзува со терористичките напади во Париз во кои беа убиени 130 луѓе. Во вторникот белгиските власти распишаа потерница и по Мохамед Абрини, кој бил забележан со Абдеслам два дена пред напаадите, на 11-ти ноември, на автопатот Брисел – Париз. Сите девет осомничени за париските напади имаат француско државјанство. Според француската истрага досега се идентификувани осум.Во нападот на концертната сала „Batclan“, каде се убиени 89 луѓе, учествувал 29-годишниот Омар Исмаил Мосефаи кој пукал врз публиката на концертот а потоа се разнесол со појас на бомбаш самоубиец, Роден е на 21-ви ноември 198 година во Франција, и неговото досие содржи осум пресуди за мали престапи. Меѓутоа, никогаш не ја издржувал казната во затвор. Радикален исламист станал слушајќи ги проповедите во џамијата Шартр во 2010 година. Во евиденцијата на полицијата се појавува под разделот „напад врз безбедноста на државата“. Истрагата се сомнева дека двапати патувал во Сирија. Идентификуван е според отпечатоците на прстите најдени на местото на нападотСами Амимур, 28-годишен, е роден во Париз, а живеел во департманот Сен-Сен-Дени, Воспитуван во семејство кое не практикувало ислам. Работел како возач на автобус во градскиот сообраќај. Во 2012 година бил под истрага за заговор со уште две лица кои планирале напад. Бил должен редовно да се јавува во полицијата, но последните две години, оваа препорака ја запоставил. Патувал во Сирија во 2014 година, а по него заминал и татко му, кој го убедувал да ги „напушти редовите на сириските герилци“. Третиот терористи чии остатоци беа пронајдени во концертната сала, сé уште не е идентификуванМеѓу бомбашите кај стадионот „Stade de France“ едниот дејствувал под лажно име Ахмад ал-Мухамед. Пасош на тоа име, кој бил издаден во Сирија, полицијата го пронајден крај мртвото тело на напаѓач кој не е идентификуван со вистинскиот идентитет. Истрагата, сепак, успеа да го утврди неговото патување низ Европа. Успеал да се инфилтрира во бранот бегалци од Сирија и минал редица земји на ткн балканска рута од Грција до Хрватска, со лажните документи. Истрагата истражува и информација дека до Франција патувал во придружба на уште едно лице.Билал Хадфи, 20-годишник, исто така, се разнесол кај стадионот. Имал француско државјанство, а живеле во Белгија, во бриселското предградие Недер-овер-Хеембек. Се задоил со радикални ставови во пролетта 2014 година. Поставувал фотографии на социјалните мрежи со оружје во раце. Името на третиот бомбаш самоубиец кај стадионот не е познато. Се разнесол кај блискиот ресторан „Macdonald`s“ Во нападите на париските кафулиња и ресторани како учесник е идентификуван Брахим Адбеслам, 31 година. Жител на Белгија со француски пасош. Кај него полициските органи никогаш не забележале радикално настроение. Пред две години бил сопственик на кафуле во проблематичниот белгиски кварт Моленбек, каде што живеат доселеници, претежно од Мароко и другите земји од северна Африка. Бил косопственик со брат му Салах Абдеслам, Брахим се разнел во бар на улицата „Волтер“.Салах Абдеслам, 26-годишен, веројатно е осмиот учесник во терористичките напади и осомничен како стратег на операцијата. Француски државјанин роден во Брисел, а живеел во предградието Моленбек. Се верува дека тој ги изнајмил двата автомобила кои ги користеле терористите да дојдат до целите. Следниот ден по нападите бил запрен во рамките на рутинска контрола, но не бил приведен. Сега по него се трага по потерница.Полицијата, исто така, трага и по деветто лице кое учествувало во нападите. Се претпоставува дека тој ги возел терористите кои пукаа на терасите од градските кафулиња./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

