Европа
Ирците на референдум за истополови бракови

Ирците во петокот започнаа да гласаат на референдумот преку кој ќе се изјаснат дали ќе ја изменат уставната дефиниција на бракот и ќе дозволата венчавање на лица од ист пол.
Хомосексуалноста во Ирска беше вон законот до 1993 година, а истополовите граѓански партнерство може да се склопуваат од 2011 година. Доколку Ирците изгласаат измена на уставот, Ирска ќе биде првата земја којашто истополовиот брак го озаконува плебисцитарно.
Анкетите упатуваат на тоа дека ќе има позитивна одлука во полза на истополовите бракови, бидејќи четирите последни истражувања на јавното мнение им даваа предност на заговорниците на ваквите бракови. Разликите во анкетната поддршка се доста големи. Според најтесната, истополовите бракови ќе бидат прифатени со 53 отсто, а најголемата разлика во анкетите којашто предвидува таков резултата дава дури 69 отсто поддршка за приврзаниците на иницијативата.
Кампањата којашто медиумите ја оценија како зрела, но понекогаш и усвитена, последните неколку седмици ги покажа широките разлики меѓу младите и старите гласачи, како и тоа дека традиционалното и длабоко вкоренето влијание на Католичката црква забрзано бледнее. Една од причините за тоа се низата скандали со свештеничките злоставувања на децата кои во последните две децении ја возбудуваа јавноста во Ирска.
Референдумот ја подели и корпоративна Ирска. Повеќето ирски компании не сакаа да заземат страна, меѓутоа затоа, пак, американските технолошки компании чии седишта се во Ирска и вработуваа илјадници млади луѓе, наголемо беа за прифаќање на истополовите бракови.
Во полза на истополовите бракови се изјаснија и повеќе партии, медиуми, синдикати, студентски и спортски здруженија. И многу славни личности, како на пример Боно, фронтменот на U2, го поддржаа./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Снимен моментот кога Фридрих Мерц сфати дека сепак не е избран за канцелар

Кандидатот на Христијанско-демократската унија, Фридрих Мерц, не го доби потребниот број гласови во првиот круг од изборите за канцелар во Бундестагот и не беше избран за канцелар, што е историски уникатен случај.
310 од вкупно 630 пратеници во Бундестагот гласаа за Фридрих Мерц во првиот круг, што значи дека најмалку 18 пратеници на ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија, кои би требало да формираат коалициска влада, не гласаа за Фридрих Мерц.
За обезбедување на долгоочекуваните избори за наследник на Олаф Шолц му беа потребни 316 гласови.
Тоа е прв случај во историјата на Германија канцеларот да не биде избран во првиот круг.
Friedrich Merz unexpectedly failed to achieve the majority required to be elected German chancellor.
Here's how that moment unfolded in parliament ⬇️ pic.twitter.com/aCKkNLYqmM
— DW Politics (@dw_politics) May 6, 2025
Камерите го забележаа моментот кога лидерот на германските демохристијани сфати дека сепак не е избран за канцелар.
Европа
(Видео) Пожар на најголемиот градски пазар во Харков

За време на големиот руски напад врз Харков, избувнал пожар на најголемиот пазар во градот, Барабашово. Оштетени се неколку станбени згради и возила. Вкупно 11 лица се повредени во регионот Харков.
Massive Russian drone attack on Kharkiv last night. There were about 20 hits on the city.
Barabashovo market, the largest market in Kharkiv, is burning from the drone attacks. Thankfully, no one was hurt, although material losses from the fire will likely be huge. pic.twitter.com/USaAA67sTS
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 6, 2025
Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека околу 20 малопродажни објекти на пазарот се целосно уништени.
Европа
Папата Франциско го донираше „папамобилот“ на децата од Газа, објави „Ватикан њуз“

Папата Франциско го донираше својот познат „папамобил“ на децата во Појасот Газа, објави „Ватикан њуз“. Возилото ќе биде претворено во мобилна медицинска единица за деца, која ќе им обезбеди основна здравствена заштита во контекст на хуманитарна катастрофа.
Во текот на неговите 12 години на чело на Католичката црква, папата Франциско постојано ја нагласуваше важноста на мирот и сочувството, особено кон децата погодени од војните низ целиот свет, од Украина до Кавказ, Блискиот Исток и Африка. Тој беше особено потресен од судбината на десетици илјади деца кои ги загубија животите во конфликти како оној во Газа.
Според информациите од Ватикан, Папата ја доверил оваа акција на Каритас Ерусалим во последните месеци од својот живот. Целта е да се одговори на огромната хуманитарна криза во Газа, каде што речиси еден милион деца се раселени и изложени на глад, инфекции и други сериозни здравствени проблеми.
Папамобилот ќе биде опремен со медицинска опрема за дијагноза, тестирање и лекување, вклучувајќи брзи тестови за инфекции, дијагностички уреди, вакцини, комплети за нега на рани и друга итна помош. Возилото ќе го управуваат лекари и медицински работници кои, штом ќе биде овозможен хуманитарен пристап до Газа, ќе се упатат кон најизолираните делови од регионот.
„Благодарение на ова возило, ќе можеме да стигнеме до децата кои денес немаат пристап до здравствена заштита – деца кои се ранети и неухранети. Ова е конкретна, животоспасувачка интервенција во време кога здравствениот систем во Газа е речиси целосно распаднат“, изјави за Ватикан њуз, Петер Бруне, генерален секретар на Каритас Шведска.