Европа
Ирскиот премиер Кени призна дека не може да ја задржи власта
Ирскиот премиер на заминување Енда Кени, по објавените прелиминарни резултати од парламентарните избори од петокот објавени во саботата вечерта изјави дека не е можно неговата партија Фине Гел, од десниот центар, повторно формира влада со лабуристите со коишто беше на власт од 2011 година.
Според моменталните резултати, Фине Гел освоила 26 отсто од гласовите, нејзиниот најголем ривал Фијана Фол, од центарот, 25 отсто, а посакуваниот коалициски партнер на едните и на другите – Лабуристите – само 7 отсто, па ниту една од двете опции нема да може да состави стабилна влада, освен доколку се одлучат на меѓународна соработка.
„Владата на Фине Гел и на Лабуристите не може да се врати. Имам должност и одговорност да ја почитувам волјата на избирачите, за да се формира стабилна влада“, изјави премиерот на заминување Енда Кени.
Откако се преброени гласовите од 38 од 40 окрузи, Фине Гел освоил само 26 отсто од преференцијалните гласови, што е за 10 отсто помалку отколку на претходните избори, а значително помалку од 30 отсто колку што им предвидуваа анкетите на почетокот од изборната кампања. Уште полошо минаа Лабуристите кои освоија само 7 отсто од гласовите, па нивните челници потврдија дека не можат да бидат значаен фактор во новата влада.
Челникот на Фајана Фол, која освои 25 отсто, Мајкл Мартин, не е наклонет на коалицирање со Фине Гел, и изјави дека ќе се обиде да формира влада со другите политички групации.
„Ќе бараме поддршка од оние избрани членови на парламентот кои не доаѓаат од Фине Гел и од Шин Фејн. Одлучни сме во тоа оваа земја да добие добра влада, макар за тоа да ни е потребно доста време“, изјави Мартин.
Коментаторите на политичките случување во Ирска сметаат дека единствена можноста да се избегнат нови избори е Фине Гел и Фијана Фол, сепак да се решат да соработуваат. „Или можеме да одиме на нови избори или ќе им дозволиме на челниците на најголемите партии еден месец да се обидат да се договорат околу нешто што изгледа незамисливо“, изјави професорот по политика на универзитетот Тринити во Даблин, Мајкл Марш.
Иако политичките програми на Фине Гел и на Фијана Фол се многу слични, нивните членови меѓусебната соработка ја доживуваат како кошмар.
Левичарскиот Шин Фејн, поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (IRA), освои меѓу 15 и 16 отсто од гласовите, и ќе остане во опозиција. Другите гласови отидоа за независни кандидати и на помалите партии кои досега немаа поголеми изборни успеси.
На сите досегашни избори во Ирска од нејзината независност стекната по Првата светска војна власта ја освојуваше или Фине Гел или Фијана Фол, со или без помош на Лабуристите, и тие три опции освоија 80 отсто од местата во парламентот дури и на последните избори./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

