Контакт

Европа

Историски марш против тероризмот во Париз

Објавено пред

Семејствата на жртвите во неодамнешните терористички напади во француската престолнина Париз ја предводат големата поворка којашто во неделата во раните попладневни часови тргна од Плоштадот на Републиката во знак на несогласување со тероризмот и во одбрана на слободите, настан што француските медиуми го нарекоа „историски републикански“ марш.

dobivaj vesti na viber

Поворката се движи од Плоштадот на Републиката кон Плоштадот на Нацијата, а за нејзината безбедност и одржување на јавниот ред и мир, како што во саботата францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, беа ангажирани 5.500 припадници на полицијата и на војската. Низ Париз во патрола се ангажирани 2.200 војници и полицајци кои директно се грижат за безбедноста на поворката, на покривите се распоредени „елитни снајперисти“, како што најави министерот Казанев, а во масата се измешани полицајци во цивил. Пред почетокот на маршот детално е прегледана парискиот канализациски систем, а станиците на подземната железница се затворени на потегот меѓу двата плоштада.

По минутата молк, роднините на 17-тезагинати ги поведоа челниците на педесетина земји, зад кои се движи маса учесници во поворката кои носат француски и други знамиња. Се’ уште нема информација од полицијата на Париз колку луѓе се собраа во неделата во Париз, а еден од организаторите, пратеникот на владејачките социјалисти и поранешен министер Франсоа Лами на Twitter објави дека ги има меѓу 1,3 и 1,5 милиони.

Во секој случај, известувачите се согласни дека станува збор за најмасовна манифестација во современата француска историја, поголема и од прославата на ослободувањето на Париз во Втората светска војна во 1944 година, или прославувањето кога Франција стана светски фудбалски првак во 1998 година.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, заедно со челниците на владите и дипломатиите на педесетина земји, меѓу кои на Германија, Италија, Велика Британија, Турција, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, и претставници на Палестинските територии, се движат кон Плоштадот на нациите каде што мала група луѓе ја отпеаја француската химна „Марсељезата“ а на скулптурата на плоштадот е поставен натписот „Зошто?“. Медиумите забележуваат дека претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас е во колоната само неколку метри зад израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а доаѓањето на светските политички лидери масата го дочекала со аплауз.

Францускиот претседател Оланд, пред почетокот на поворката изјави дека „Париз денеска е главниот град на светот“. Освен маршот во Париз, многубројни собири се одржуваат низ Франција. Така се проценува дека на сличните собири во саботата навечер низ цела Франција имало повеќе од 700 илјади учесници во поворките. Во неделата, се проценува дека на улиците на другите француски градови се излезени над 600 илјади луѓе, а само во Лион, третиот по големина француски град во поворката учествуваа 150 илјади.

Учесниците во поворките носат пароли „Јас сум Шарли, Евреин, полицаец“, „Слобода, еднаквост, цртање, пишување“, „Јас сум муслиман, но не сум терористи“. „Сите ние сме полицајци“, „Сите ние сме кошер супермаркети“, извикуваа собраните на Плоштадот на Републиката недалеку од редакцијата на сатиричкиот неделник Charlie Hebdo зо чиј напад во средата кога беа убиени 12 луѓе започнаа еден од најмачните терористички напади на европска почва во последните девет години. Двајцата терористи во името на џихадизмот во редакцијата на весникот кој објавуваше во минатото карикатури на пророкот Мухамед што според исламот е навредливо и претставува богохулство, браќата Саид и Шариф Каши ги убија 12-те лица, од кои пет карикатуристи и двајца полицајци, а во следните два дена во поврзаните инциденти беа убиени уште пет луѓе. Настрадаа вкупно десет луѓе од редакцијата на Chalrie Hebdo, тројца полицајци и четворица од продавницата за еврејска кошер храна во 20-от арондисман на Париз. Полицајците ги убија тројцата напаѓачи, покај браќата Каши и 32-годишниот Ахмед Кулибали, а трага по 26-годишната Ајат Бумедиен којашто се опишува како „опасна и вооружена“. Меѓутоа, според информациите на турските безбедносни служби, таа уште на 7-ми јануари, пред нападите ја минала границата меѓу Турција и Сирија. Постојат сознанија дека таа за 2-ри јануари резервирала билет за летот од Мадрид до Истанбул, но турските безбедносни служби не добиле информации од своите француски колеги дека е издадена потерница по неа или, пак, дека е сомнечена за учество во терористички активноста, поради што и немале основа да ја задржат.

„Французин сум, се викам Жан, Ахмед, Клариса, Стефан, Јохан“, се набројуваат имињата на жртвите на транспарентот на 60-годишниот продуцент Жан-Пјер Лорен. „Сторете што и да сакате, можете и утре да ме убиете, но никогаш нема да победите“, вели продуцентот во анкетата на репортерот на AFP. „Многу сум среќен што денеска работам и ве возам на републиканската поворка“, рекол машиновозач на воз на линијата која во еден дел ја следи маршрутата на поворката, за што добил силен аплауз од патниците./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

(Видео) Турција претстави ново оружје кое може да погоди цели на оддалеченост од над 100 километри

Објавено пред

Турската одбранбена компанија „Рокетсан“ премиерно ја претстави својата нова високобрзинска, повеќенаменска муниција наречена „Ерен“ на Светскиот саем за одбрана во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, објави Анадолија.

dobivaj vesti na viber

„Рокетсан“, водечкиот производител на ракетни системи и муниција во Турција, изложува широк спектар на свои производи на саемот, кој се одржува од 8 до 12 февруари.

Новата муниција „Ерен“ е развиена од идеја до оперативен производ за помалку од една година, соопшти „Рокетсан“. Веќе е успешно тестирана на повеќенаменското борбено беспилотно летало „Bayraktar Akinci“, а се очекува сериското производство да започне оваа година.

Муницијата е дизајнирана да ги задоволи оперативните потреби на Турските вооружени сили, како и на партнерските и сојузничките земји. Може да се лансира од беспилотни летала, хеликоптери, копнени возила, копнени системи за лансирање и поморски платформи.

Наменета е за справување со бавно движечки воздушни цели и оклопни и неоклопни копнени цели. „Ерен“ е опремен со напредни системи за наведување и има оперативен дострел од повеќе од 100 километри.

Прикажи повеќе...

Европа

Британскиот премиер одбива да поднесе оставка

Објавено пред

Британскиот премиер Кир Стармер ги отфрли повиците за оставка, дури и од неговиот партиски лидер во Шкотска, и рече дека ќе продолжи да се бори откако назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите Држави ја втурна неговата влада во криза.

dobivaj vesti na viber

Под притисок поради назначувањето на човек чии врски со починатиот американски сексуален престапник Џефри Епстин се најдоа под лупа, Стармер се обидува да го промени наративот, но оставката на друг близок соработник и барањето за негово заминување покренаа дополнителни прашања за неговата проценка и способност за управување, објави Ројтерс.

Анас Сарвар, лидерот на шкотските лабуристи, стана највисокиот партиски функционер кој побара оставка од Стармер.

„Опструкцијата мора да заврши и раководството на Даунинг стрит мора да се промени“, изјави Сарвар на прес-конференција во Шкотска, каде што поддршката на лабуристите опадна од изборите во 2024 година. Кратко потоа, шефот за комуникации Тим Алан поднесе оставка, второ високо рангирано заминување за два дена.

Заминувањето на Алан следеше по заминувањето во недела на најблискиот помошник на Стармер, Морган МекСвини, кој рече дека ја презема одговорноста за советување за назначувањето на Манделсон на највисоката дипломатска функција на Велика Британија во Соединетите Држави.

И покрај интервенцијата на Сарвар, Стармер подоцна доби пораки за поддршка од неговите клучни министри и некои потенцијални ривали за водство на партијата, а позитивниот прием на состанокот на пратениците од Лабуристичката партија сугерира дека засега нема да има обид да се собори.

„Откако се борев напорно за можноста да ја променам нашата земја, нема да се откажам од мојот мандат и мојата одговорност кон народот, ниту ќе нè турнам во хаос како што направија другите“, рече Стармер на состанокот, нагласувајќи дека неговиот фокус е на спречување на популистичката Реформска партија, предводена од ветеранот од Брегзит, Најџел Фараж, да дојде на власт.

„Ова е мојата борба, нашата борба и ние сме во неа заедно“. Портпарол на Даунинг стрит рече дека Стармер има „јасен петгодишен мандат од британскиот народ да спроведе промени, што тој ќе го стори“.

Неговиот заменик Дејвид Лами, министерката за финансии Рејчел Ривс и министерката за надворешни работи Ивет Купер, меѓу другите, ја дадоа својата поддршка. Неговата поранешна заменик Анџела Рејнер, која се смета за еден од главните кандидати за негов наследник, му ја понуди својата „целосна поддршка“.

„Ги повикувам сите колеги да се обединат, да се сетат на нашите вредности и да ги применат во пракса како тим. Премиерот ја има мојата целосна поддршка да нè води кон таа цел“, објави таа на социјалната мрежа Икс. Стармер беше пречекана со аплауз од пратениците на лабуристичката партија, од кои еден за Ројтерс изјави: „Засега е безбеден“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Објавено пред

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува Бриндизи и Лече во јужна Италија. Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а за време на операцијата дошло до размена на оган со карабињерите. Две лица се уапсени, додека по другите се трага.

dobivaj vesti na viber

Внимателно испланиран напад
Според италијанските медиуми, напаѓачите користеле неколку возила, вклучувајќи возила со сини ротирачки светла како оние што ги користат полициските автомобили. Наводно, тие го искористиле ова за да се преправат дека имаат полициска интервенција со цел полесно да го запрат сообраќајот и да го изолираат блиндираното комбе за трансфер на пари, кое подоцна ќе го дигнат во воздух.

Групата прво го блокирала патот понатаму со тоа што поставила возило преку патот и го запалила. Некои извештаи укажуваат дека најмалку две возила биле запалени за целосно да се блокира патот и да се спречи поминување на други возила.

Нападнатото возило било возило на БТВ Батистоли. Напаѓачите биле вооружени, а италијанските медиуми објавија дека користеле автоматско оружје, вклучително и пушки Калашников. Исто така, се споменува употреба на експлозиви во обид да се отвори оклопното возило.

Судири со полицијата и потрага по напаѓачите
Карабињерите пристигнале на местото на настанот кратко потоа, по што избувнала престрелка. Според досега достапните информации, ниту еден од карабињерите, вработените во возилото за трансфер на пари или цивили не е повреден, иако едно полициско возило било погодено од куршум.

Во голема полициска операција, уапсени се две лица осомничени за учество во нападот. Според италијанските медиуми, некои од напаѓачите се обиделе да избегаат по судирот, а потрагата по преостанатите членови на групата сè уште е во тек.

Поради инцидентот, делницата SS613 помеѓу приближно 8 и 13 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика, била затворена во двата правци.

Сообраќајот бил пренасочен кон алтернативни патишта, додека пожарникарите и полицијата ги отстранувале запалените возила и спровеле истрага.

Сè уште не е официјално потврдено дали напаѓачите успеале да ги земат парите од блиндираното возило. Истрагата е во тек, а италијанските власти продолжуваат да го утврдуваат точниот број на учесници и целокупната динамика на нападот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Силен земојтрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија6 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија8 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија9 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија11 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија11 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија12 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија12 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет13 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија14 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија14 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија15 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет15 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет16 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет16 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет17 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа17 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет17 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет17 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...