Европа
Италија: Бројот на жртвите во земјотресот се искачи на 73
Најмалку 73 луѓе загинале а околу 150 се повредени во силниот земјотрес кој во средата утрото ја погоди централна Италија, соопштија од Одделот за цивилна заштита.
„Мораме да соопштиме дека бројот на жртвите достигна 73 луѓе. И како што досега истакнувавме, овие податоци не се конечни“, се вели во објавата на службата.
Потресот со магнитуда од 6,0 според Рихтер ги погоди покраините Лацио и Марке, а по главниот потрес во 3,30 часот изутрината, следел во 4,34 часот уште еден силен удар со магнитуда 5,4 и околу стотина помали потреси, од кои 55 биле со магнитуда од 3 според Рихтер.
Епицентарот бил на 10 километри југоисточно од Норчија, град во регионот Умбрија, околу 150 километри североисточно од Рим, објавија сеизмолозите. Покрај во италијанската престолнина, земјотресот бил почувствуван и во Фиорентина и во Болоња. Уривања се регистрирани во три италијански региона, Лацио, Умбрија и Марке.
Најпогодени се градовите Аматриче, Акумоли и Пескара дел Тронто, кои според италијанските медиуми изгледаат како да биле бомбардирани.
Од местото Аматриче јавија за најмалку 35 мртви. „Аматриче повеќе го нема, сето е во урнатини“, изјави градоначалникот Серџо Пироци, Околу 2.600 луѓе останале без покрив над главата. „Станува збор за истата трагедија каква што ја погоди Лаквила пред седум години“, рече Поци алудирајќи на земјотресот во кој животот го загубија 300 луѓе, а градот е потполно разорен.
Во Аматриче, кој се наоѓа во еден од најживописните краеви на Италија, свои викенд куќи имаат многу познати семејства и личности од Рим. Аматриче беше познато како кулинарско место и се гордее со називот „родниот град на шпагетите аматричиана“.
Во Акумоли, во близина на епицентарот на потресот, загинале најмалку единаесет лица, меѓу кои и едно цело четиричлено семејство. Евакуирани се 2.500 жители. Градоначалникот Стефано Петручи изјави дека ниедна куќа или зграда не е за живеење. „Мораме да подигнеме шаторска населба за да ги сместиме сите“, рече и додаде дека навечер температурата во ова место паѓа и до 10 Целзиусови степени.
Уште четиринаесет мртви се најдени во Пескара дел Тронто во регионот Марке. Во Арквати пријавени се три жртви, а едно девојченце е извадено живо од урнатините, но за жал подоцна починало во болница.
„Никој нема да го оставиме сам“, изјави италијанскиот претседател Матео Ренци кој подоцна во текот на денот ќе ги посети настраданите подрачја. Им се заблагодари на оние кои со голи раце ги спасуваат луѓето од урнатините.
Папата Франциск изрази „голема болка“ по вестите за земјотресот, и го откажа планираниот говор за да се помоли за жртвите. „Не можам а да не изразам голема болка, и да кажам дека сум крај луѓето од местата погодени од потресот, со сите коишто ги загубиле своите најмили и кои и натаму ги тресе стравот“, рече папата додавајќи дека е „силно погоден“ откако слушнал дека планинското село Аматриче е уништено до темели, а особено дек а меѓу жртвите има и деца.
Италијанскиот претседател Серџо Матарела ги повика сонародниците да покажат солидарност со оние кои ги погоди земјотресот, нарекувајќи го „момент на болка и повик на заедничка одговорност“. Им се заблагодари на локалните власти и единиците на нивната самопожртвуваност во текот на операциите за спасување, вклучително и полицијата, пожарникарите и војската, како и волонтерите.
Европската унија, како и одделно Франција, искажа подготвеноста да ѝ се помогне на Италија во справувањето со последиците од земјотресот, изјави комесарот на Европската комисија за хуманитарна помош и управување со криза, Христос Стилианидес. Координационите центар за одговор на вонредни ситуации на ЕК го следи развојот на ситуацијата,м и е во контакт со италијанските власти околу потребната помош, додаде комесарот.
Италија засега побарала сателитски карти за да ја процени штетата во погодената област, појаснил Стилианидес, додавајќи дека тоа веќе било сторено.
„Сега е потребно да се ангажираат сите сили за да се спасат животи, да се погрижиме за повредените, и на раселените да им се овозможат најдобрите услови“, заклучи Ситилианидес и нагласи дека наскоро ќе биде потребно да се обноват уништените центри за да можат да продолжат активностите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

