Европа
Италија на референдум за уставна реформа
Италијанците во неделата гласаат на референдумот за уставната реформа којашто се претвора и во изјаснување за поддршка за премиерот Матео Ренци, кој во случај на неуспех на референдумот вети оставка.
Избирачките места беа отворени во 7 часот утрото, а се затвораат во 23 часот за повеќе од 46 милиони Италијанци со право на глас, додека по дописен пат до четвртокот навечер можеа да гласат околу 4 милиони Италијанци кои живеат во странство.
Првите излезни анкети се очекуваат по затворањето на гласачките места, а првите резултати ноќта кон понеделникот.
Неизвесноста околу италијанскиот референдум ја загрижува Европската унија и финансиските пазари, бидејќи се стравува дека по шокот предизвикан од британското излекување од Униката и јакнењето на десните и популистичките движења би можела да избувне нова нестабилност во Италија, третата по обемот економија во еврозоната.
Италијанците се изјаснуваат за уставната реформа којашто предвидува драстично намалување на овластувањата на Сенатот, а гласањето дефакто претставува и плебисцит за премиерот Матео Ренци, од левиот центар, кој вети дека ќе поднесе оставка доколку предложената реформа не мина. Тоа би можело да доведе од политичка парализа и да им овозможи на популистичките, на европскептичните и десните опозициски парти да се приближат кон освојувањето на власта.
Големо мнозинство од политичката сцена во Италија, од десницата до популистите на сатиричарот Бепе Грило – Движењето пет ѕвезди (M5S) или Северната лига, па дури и фракцијата во владејачката Демократска партија на Матео Ренци, ги повикуваат гласачите да кажат „не“, предупредувајќи дека со предложените реформи пресилна концентрација на моќ би била во рацете на шефот на државата.
Опозицијата, исто така, е обединета и во желбата од власт да си замине Ренци, кој должноста ја презема во февруари 2014 година, а во медиумите и на социјалните мрежи со сите сили ја бранеше „својата реформа која треба да го поедностави политичкиот живот во земјата во којашто се изредија дури 60 влади од 1948 година“.
Последните анкети, објавени пред две седмици, бидејќи во Италија се забранети 15 дена пред изборите, даваа 5 до 8 отсто предност за опцијата „не“, но исто така има и голем број неодлучени гласачи.
Американскиот претседател Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, отворено ги повикаа Италијанците да ја поддржат реформата на левиот премиер.
Оваа уставна реформа предвидува најдлабоко институционално преустројување откако пред 70 години Италија стана република според уредувањето. Реформата на владата би ѝ го олеснило носењето закони, особено со новиот изборен законик, усвоен минатата 2015 годна, кој на победникот на идните избори, кои се очекуваат во 2018 година, му обезбедува сигурно парламентарно мнозинство.
Клучниот момент од реформата е тоа што ја укинува обврската сите закони да мора да минат во двата дома на италијанскиот парламент. Во иднина Претставничкиот дом би одлучувал за повеќето прашања, вклучително и за гласањето за доверба на владата и за националниот буџет.
Сенатот се намалува од 315 на 100 мандати, а неговите членовите повеќе не би ги избирале граѓаните непосредно. Петмина би именувал претседателот на Републиката, а 95 би се избирале меѓу регионалните советници и градоначалници. Сенаторите би го задржале правото на вето за уставните прашања, прашањата коишто се однесуваат на локалните власти и на клучните одлуки на ЕУ.
Некои аналитичари се прашуваат дали е мудро на Горниот дом на парламентот, кој го сочинуваат локални политичари, кои во Италија се често корумпирани, да им се дадата овластувања за да можат да ги блокираат европските одлуки.
Реформата, исто така, ги намалува овластувањата на регионалните власти, префрлајќи ги одлуките за важните транспортни, енергетски и инфраструктурни проекти во рацете на државата. Се укинува и Националниот совет за економија и труд, форумот на синдикатите и работодавачите.
Ренци појаснува дека реформата ќе го подобри процесот на носење одлуки, ќе ги намали преклопувањата меѓу локалните и централните тела на власта што се смета за голема причина за бирократскиот застој, и ќе стави крај на политичката нестабилност. Истакнува и дека ќе ја намали цената на јавните институции./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

