Европа
Италијанската полиција уапси седум лица во истрага за меѓународна педофилска мрежа

Седум педофили од глобалната интернет мрежа што ја сочинуваат десетици илјади учесници, се уапсени по тригодишна истрага наречена „Длабока врска“, објави во вторник италијанската полиција.
Сите осомничени мажи се Италијанци, со исклучок на американски војник на возраст меѓу 40 и 50 години, додека седмиот е 28 годишен.Еден од уапсените, сопственик на продавница, е осомничен за злоставување на три деца на возраст од четири до осум години.Уапсените и припаѓале на злогласната педофилска интернет страница што ја водеше Австралиецот Шенон МекКол, уапсен во 2014 година, а една година подоцна осуден на 35 години затвор.На страницата имало 45.000 активни членови од цел свет, наведува италијанската полиција, на која во истрагата и помагала американската федерална полиција (ФБИ), како и полицијата во австралиската држава Квинсленд. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шест деца уапсени откога беше застрелан 11-годишник во Ротердам: неговата состојба сè уште е сериозна

Полицијата во холандскиот град Ротердам оваа недела уапси шест малолетници откога 11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан. Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера холандската полиција, а пренесува „Телеграф“.
Според холандските медиуми, апсењата се извршени во последните три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Марсберген и 16-годишно момче од Еншеде.
По истрагата, малолетниците станале осомничени, а некои од нив ѝ се предале на полицијата, пишува „Телеграф“. Како што се дознава, полицијата не ја исклучува можноста за дополнителни апсења. Освен тоа, тие се осомничени и за поседување огнено оружје и муниција. „Секој осомничен е испрашуван поединечно за неговата улога во овој инцидент“, соопшти полицијата.
Сите малолетници што беа уапсени се во притвор и денеска и утре ќе бидат изведени пред истражен судија во Ротердам, кој ќе одлучи дали ќе им го продолжи притворот. Веднаш по инцидентот, полицијата пронашла огнено оружје на тревната површина во близина на станбената зграда, пренесува „Телеграф“.
Момчето морало да биде реанимирано и однесено во болница во критична состојба. Што точно се случило на местото на злосторството сè уште е нејасно, но полицијата утврдила дека 11-годишното момче било застрелано. Неговата состојба сè уште е сериозна.
Европа
Зеленски е поканет на важен состанок на ЕУ за европската одбрана

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на вонреден самит на лидерите на ЕУ следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и на европската одбрана.
„Го поканив украинскиот претседател Зеленски во Брисел на состанок на Европскиот совет за да разговараме за најновите случувања поврзани со нас“, напиша Коста во писмото со покана до лидерите на земјите членки на ЕУ.
Вонредниот самит што ќе се одржи за една недела ќе биде исклучиво посветен на Украина и зајакнувањето на европската одбрана.
„Во однос на европската одбрана, мојата цел е да ги продолжам дискусиите на нашиот неформален собир на 3 февруари со цел да ги донесеме првите краткорочни одлуки за да ја направиме Европа посуверена, способна и подобро опремена да се соочи со непосредните и со идните предизвици за нејзината безбедност“, вели Коста.
Во однос на Украина, „постои нов момент што треба да води кон сеопфатен, праведен и траен мир“.
„Европската Унија и нејзините земји членки се подготвени да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа.
„Затоа треба да бидеме подготвени за можен европски придонес кон безбедносните гаранции, кои ќе бидат неопходни за да се обезбеди траен мир во Украина“, нагласи Коста.
Европа
(Фото) Фреските откриени во Помпеја покажуваат верски обичаи пред ерупцијата на Везув

Археолозите во Помпеја открија ретки фрески во речиси природна големина, кои нудат нови сознанија за религиозните практики во античкиот град пред да биде уништен од ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера.
Големата фреска што се протега на три ѕида од салата претставува живописни слики на иницијациски обреди за следбениците на Дионис – античкиот грчки бог на виното, плодноста, театарот и религиозната екстаза.
Ритуалите за иницијација, познати како Дионизиски мистерии, биле тајни религиозни обреди посветени на богот, кои ветувале духовно просветлување и можеби благословен живот по смртта.
„…Денешниот ден ќе биде запаметен како историски бидејќи откритието што го презентираме е историско“, рече италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули, кој присуствуваше на откривањето на фреските.
„Заедно со Вилата на мистерии овие фрески се неспоредливо сведоштво за помалку познатите аспекти на древниот медитерански живот“.