Европа
Иванов не очекува недостиг во руските продавници поради санкциите
Шефот на администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Иванов, оцени во интервјуто за Росискаја газета дека Русите не мора да стравуваат од недостиг на продукти во продавниците поради западните санкции и возвратните мерки за ембарго.
Шефот на администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Иванов, оцени во интервјуто за Росискаја газета дека Русите не мора да стравуваат од недостиг на продукти во продавниците поради западните санкции и возвратните мерки за ембарго.
„Кога станува збор за храната, а тоа најмногу ги интересира граѓаните, воопшти не гледам можноста рафтовите да бидат празни како што се случуваше во периодот на Советскиот сојуз која се стоеше во редици за сирење и павлака“, вели Сергеј Иванов, пренесува агенцијата Итар-Тасс.
Советникот на рускиот претседател притоа ја отфрла можноста од помалку важни недостизи, на пример на гастрономските сирења. Меѓутоа, вели дека тоа е помалку важно, како и дека разгалените московски сладокусци, доколку саката такви производи, можат да тркнат до Европа, или до Белорусија, и таму да ги набават.
Иванов, исто така, вели дека западните санкции и руските против мерки нема да донесат ништо добро и дека таквите мерки не функционираат во глобализираниот свет. Санкциите, според него, целосно не беа ефикасни ниту против Иран, а против Русија се бесперспективни. Секај признава дека санкциите на Русија „не и’ носат радост и нанесуваат одредена штета, но во еднаква мерка како и на нејзините партнери“.
Говорејќи за последните секторски насочен бран западни санкции, Иванов ги оценува како многу цинични, бидејќи според него се воведени токму во период кога се појави надеж за постигнување на мир во источна Украина, односно кога на 5-ти септември во белоруската престолнина Минск, претставниците на прозападните власти во Киев и на проруските бунтовници од истокот потпишаа договор за прекин на огнот.
Сергеј Иванов, натаму, вели дека Русија нема намера да ја концентрира својата политика на Исток, по заладувањето на односите со Западот, што се смета за најлошото ниво на односите од крајот на Студената војна. „Не му трчаме никому во прегратки, ниту го давиме со наши раце, тоа не е нашиот метод“, вели Иванов и потсетува дека руската трговија со Европската унија е поголема за повеќе од четири пати отколку тргувањето со Кина.
Покрај тоа, Иванов истакнува дека Русија на зајакната надворешно политичка активност во Азија се решила незначителни подолг период пред избувнувањето на украинската. Шефот на администрацијата во Кремљ, исто така, нагласува дека Кина води самостојна надворешна политика, како и дека кризата во руско-украинските односи во односите меѓу ЕУ и Русија покажува дека земјите со самостојна надворешна политика можат да се набројат на прстите од една рака./крај/мф/сн
Извор: Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

