Контакт

Европа

Јункер: Нечуено е бегалците да ги бираат земјите за азил

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер во понеделникот изјавил дека бегалците не можат да бираат каде ќе бидат сместени во Европа, како и тоа дека имаат одговорност да одат таму каде што за нив има место, пренесуваат светските агенции.

 

Јункер рекол дека тоа е „нечуено“ и дека е „неприфатливо бегалците во Грција и Италија да одбиваат со авион да одат на било која друга дестинација освен Германија“.

 

Тој навел дека владите на одредени земји на ЕУ се подготвени да ги прифатат бегалците кои се во Грција и Италија, каде ги има најмногу, но дека малку од бегалците прифаќаат да бидат преместени.

 

ЕУ во септември 2015-та година започна план за релокација меѓу државите членки за распределба на бегалците од земјите кои во најголема мера беа погодени од мигрантскиот бран. После повеќе од година дена преместени се само околу седум илјади лица./крај/мф/бс

Европа

Украински војник кој преживеа ужасна руска тортура исчезна од болница

Објавено пред

Војникот на украинската Национална гарда, Владислав Нахорни, кој преживеа ужасна тортура од страна на руските сили, исчезна од болница во Дњепарк завчера, потврди денес портпаролката на полицијата Хана Старчевска. Неговото исчезнување го пријавила неговата сопруга, а полицијата започнала обемна потрага, објавува „The Kiev Independent“.

dobivaj vesti na viber

33-годишниот војник бил заробен пред неколку недели во близина на Покровск, откако неговата бригада ја изгубила својата позиција. Подоцна сведочел за ужасите што ги доживеал, опишувајќи како руските војници ги осакатувале другите затвореници пред да му го пресечат грлото. Тој бил фрлен во јама заедно со уште седум негови соборци, кои неговите џелати ги сметале за мртви.

Во неверојатен пресврт на настаните, Нахорни бил единствениот преживеан. И покрај сериозните повреди, тој успеал да лази пет дена пред да стигне до територијата контролирана од Украина.

Тој бил примен во болница во регионот Дњепропетровск на 17 август во критична состојба. Изгубил голема количина крв, а раните му гноеле.

Не можејќи да зборува поради операција на гркланот, тој го запишал своето ужасно искуство во дневник. Во него опишал како руските војници им ги ваделе очите на затворениците, им ги сечеле усните, ушите и носевите и ги осакатувале на други начини.

Неговиот случај се надополнува на растечкиот број докази за систематски воени злосторства извршени од руските сили против украинските затвореници. Генералниот обвинител на Украина во јули објави дека Русија, кршејќи ги Женевските конвенции, егзекутирала најмалку 273 украински воени затвореници за време на нивното заробеништво.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

На Германка ѝ паднале очилата во езеро додека била на чамец, се удавила барајќи ги

Објавено пред

Една жена загина во Хамбург кога се обидела да ги земе очилата што ѝ паднале од чамец во езерото Алстер во близина на пристаништето, соопшти вчера полицијата.

dobivaj vesti na viber

Се верува дека 57-годишната жена нурнала под пристаништето за да ги бара, но не се вратила на површината. Нејзиното безживотно тело подоцна било извлечено од водата и не можело да се реанимира. Минувачите ги известиле службите за итни случаи.

Двајца мажи исто така исчезнале додека пливале во водите на Хамбург во неповрзани инциденти еден ден претходно, според властите.

Четириесетгодишен маж скокнал во реката Елба и бргу бил однесен од струјата, соопшти полицијата. Другиот, 46-годишен маж, пливал на друго место во градот кога одеднаш исчезнал под водата, соопшти полицијата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање на конфликтот.

dobivaj vesti na viber

Тоталната инвазија на Украина беше наредена од Владимир Путин пред три и пол години. Во војната загинаа десетици илјади луѓе и беше опустошен голем дел од источна Украина.

„Оваа криза не започна со рускиот напад врз Украина, туку е резултат на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа и охрабри“, рече Путин на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјенџин.

„Друга причина за кризата се постојаните обиди на Западот да ја вовлече Украина во НАТО“, додаде рускиот претседател.

Како избувна војната?
Конфликтот во Украина започна во 2014 година по месеци масовни протести познати како Револуција на достоинството, кога беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович. Кратко потоа, Русија го окупираше и анектираше Крим, а на истокот од земјата, во Донецк и Луганск, избувнаа борби меѓу украинските сили и проруските паравоени групи со директна поддршка од Москва. И покрај договорите од Минск од 2014 и 2015 година, војната во Донбас никогаш навистина не заврши.

Ситуацијата драматично ескалираше на 24 февруари 2022 година, кога Русија, по наредба на Путин, започна целосна инвазија на Украина.

Руските сили тргнаа од неколку правци, тргнувајќи и кон Киев, но наидоа на жесток украински отпор и беа принудени да се повлечат од северните региони. Војната потоа се концентрираше на југот и истокот од земјата, каде што се водеа најжестоките борби.

До ден денес, украинските градови остануваат систематски бомбардирани од руски ракети и беспилотни летала, додека Украина возвраќа со напади врз воени цели длабоко на руска територија. Конфликтот одзеде десетици илјади животи, расели милиони и претвори огромни делови од земјата во бојно поле, а мировните преговори се во застој.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 минути

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР...

Македонија5 минути

Студентите може да добијат повеќе пари за субвенциониран оброк, но следната година, тоа зависи од буџетот на државата, вели Јаневска

Зголемување на сумата од 140 денари која сега ја добиваат студентите за оброк може да има, но не оваа туку...

Македонија25 минути

Ексдиректорот на АНБ тврди: Мицкоски не бил прислушуван

Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година како лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен...

Македонија2 часа

Два активни пожара на територијата на Македонија, три под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија2 часа

„И официјално потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...

Свет3 часа

Фицо: Се гради нов светски поредок

Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе одржи билатерални средби со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и со рускиот претседател Владимир Путин на...

Свет4 часа

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет4 часа

(Видео) Путин и Шји во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...

Свет5 часа

Ненадејно лизгање на земјиштето во Судан, повеќе од илјада мртви

Најмалку илјада луѓе загинаа во катастрофално лизгање на земјиштето во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Суданско...

Свет5 часа

Белгија: Ќе ја признаеме Палестина, разгледуваме санкции против Израел

Белгија ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН, изјави министерот за надворешни работи, Максим Прево, зголемувајќи го меѓународниот...

Свет5 часа

(Фото) Виетнам слави: делат пари, ослободуваат затвореници, организирана голема парада

Виетнам ја одбележа 80-годишнината од својата независност од колонијалната власт со најголемата воена парада во последните децении, масовна парична помош...

Регион14 часа

Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС)...

Македонија15 часа

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушкувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги...

Македонија18 часа

(Видео) Родителите од Демир Хисар на протест побараа бесплатен превоз за учениците: „Нема да престанеме да се бориме“

На првиот училиштен ден,  на патниот правец Демир Хисар – Битола, кај местото Мраморица, се одржа мирен протест со блокада...

Македонија19 часа

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија22 часа

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...

Македонија22 часа

Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германци годинава ја посетија Македонија

Во рамките на Museumuferfest во Франкфурт, настан што секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот...

Македонија23 часа

Македонија 51. на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025

На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година Македонија е на 51. место со резултат од 1,799. Ова, според...

Македонија24 часа

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес, по 15 години, зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...