Европа
Јункер нема да даде оставка ако Британците излезат од ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер нема да поднесе оставка доколку Британците во четвртокот одлучат да ја напуштат Европската унија, изјави во средата неговиот портпарол, Маргаритис Шинас, решително отфрлајќи ги шпекулациите за неговата можна оставка.
На новинарско прашање дали може да каже каква е здравствената состојба на Јункер и дали тој во случај на негативен исход од британскиот референдум, ќе поднесе оставка од челната функција во Европската комисија, Шинас кусо рекол „Одговорот е не“.
Европската комисија уште во февруари објави дека нема намера да се меѓа во британската кампања, но Јункер во неколку наврати изјави дека сака останување на Велика Британија во Европската унија.
Ден по референдумот, во петокот утрото, во Брисел ќе се сретнат првите луѓе на сите европски институции, на Европскиот парламент, Мартин Шулц, на Европската комисија, Џан-Клод Јунекр, на Европскиот совет, Доналд Туск, како и холандскиот премиер Марк Руте, чија земја моментално претседава со Советот./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.
Trump said he told Putin: “You wouldn’t mind if I gave a couple thousand Tomahawk missiles to your opposition?” — adding that the Russian leader didn’t like the idea. pic.twitter.com/hYainBXRW9
— KyivPost (@KyivPost) October 16, 2025
„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.
Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра

76-годишен маж од областа Виченца во Италија се преправал дека е целосно слеп повеќе од 50 години за да добие надомест за инвалидитет измамувајќи ја државата за повеќе од еден милион евра. Измамата е откриена кога финансиската полиција го снимила како извршува секојдневни задачи без никакви проблеми, како што се градинарство и пазарување на пазарот, објавува „Кориере дел Венето“.
На снимката објавена од финансиската полиција човекот е снимен како внимателно избира овошје и зеленчук на пазарот. Дома е снимен како врши градинарски активности, вклучувајќи кастрење и полевање растенија. Сите овие задачи ги извршувал со целосна леснотија, иако официјално бил регистриран како 100 % инвалид поради слепило.
Жителот на Монтекио Маџоре е обвинет за сериозна измама против државата.
Според обвинението, човекот незаконски примал бенефиции и надоместоци наменети за слепи лица повеќе од педесет години, со што стекнал незаконска бенефиција од повеќе од еден милион евра. Истрагата е поведена по вкрстена проверка на податоците на корисниците на социјално осигурување, а членовите на финансиската полиција од Арзињано поминале повеќе од два месеца следејќи го. Утврдено е дека тој почнал да прима пензија и надомест за придружба уште во 1972 година по наводна несреќа на работа.
#GdiF #Vicenza Denunciato un falso invalido per truffa ai danni dello Stato, avendo percepito indebitamente, per più di 50 anni, indennità e sussidi per un importo superiore al milione di euro.#NoiconVoi pic.twitter.com/DvqBzrir2l
— Guardia di Finanza (@GDF) October 13, 2025
Старецот е снимен како извршува голем број секојдневни задачи, без ничија помош, вклучително и користење опасни алатки, како што се ножици за кастрење и тримери за жива ограда. Тој исто така редовно одел сам на градскиот пазар избирајќи продукти и плаќајќи во готово од сопствениот паричник.
Врз основа на цврсти докази, поткрепени со сведочење на експерти, судската власт во Виченца поднесе обвинение против лажно слепиот човек. Финансиската полиција ги извести надлежните институции сите бенефиции веднаш да му бидат суспендирани. Даночната ревизија утврди нелегален приход од над 200 илјади евра во последните пет години, период за кој може да се направи процена, и е предложено да се конфискува овој износ.
„Оваа операција сведочи за континуираната посветеност на Финансиската полиција во борбата против измамите во секторот за социјална помош и пензиско осигурување. Јавните средства наменети за поддршка на најранливите и навистина сиромашните социјални групи неправедно се одземаат“, соопшти Покраинската команда на Финансиската полиција во Виченца.
фото: принтскрин