Контакт

Европа

Јункер: Ниту една земја нема да и се приклучи на ЕУ во наредните пет години

Објавено пред

Жан – Клод Јункер, конзервативецот кој е именуван за нов претседател на Европската комисија, изјавил во вторникот дека ниту една нова земја нема да и се приклучи на Европската унија за време на неговиот петгодишен мандат.

Јункер истакнал и дека „преговорите кои се во тек ќе продолжат, особено со земјите од Западен Балкан на кои им е потребна европската перспектива“.

 

„Ново проширување нема да се случи во наредните пет години“, рекол Јункер во Европскиот парламент, каде гласањето би требало да биде завршна процедура на неговото именување за нов претседател на Европската комисија.

 

Тој оценил дека Европската унија треба да направи пауза во процесот на проширување со цел да се утврди она што е направено со досегашните 28 членки.

 

Јункер, кој по потекло е од Луксембург, за местото претседател на Европската комисија на 27 јуни го поддржале лидерите на ЕУ и покрај спротивставувањата на премиерот на Британија и Унгарија, Дејвид Камерон и Виктор Орбан.

 

Изборот на Јункер за претседател на Европската комисија е се поизвесен поради поддршката на три проевропски групи во Европскиот парламент, но тоа би можело да се случи само со големо мнозинство имајќи предвид дека одреден број пратеници се противат на неговиот избор.

 

Новиот претседател на Европската комисија мода да биде поддржан од 376 пратеници од вкупно 751 во Европскиот парламент./крај/мф/ап

Европа

Германската влада усвои историска стратегија за родова еднаквост

Објавено пред

Германската влада усвои стратегија насочена кон зајакнување на еднаквоста меѓу мажите и жените во сите идни закони и програми финансирани од владата.

Ова е првпат германската влада да се посвети на меѓуресорска стратегија за зајакнување на родовата еднаквост, тема што претходно беше препуштена на Министерството за жени.

И покрај родовата еднаквост утврдена во германскиот Устав, потребни се децении целата власт да се заложи за спроведување на истата, рече Франциска Гифеј, министерка за семејни прашања, стари граѓани, жени и млади.

Целите на стратегијата се да се назначат повеќе жени на лидерски позиции, да им се помогне на жените во спроведувањето на семејните и работните обврски и да се поттикне поправична поделба на грижата.

Гифеј вели дека има уште многу работа во овие области и дека стратегијата е пресвртница што ќе служи како важна основа за идните влади.

Овој потег на владата се случува еден ден откако Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел го прифати предлогот за зголемување на застапеноста на жените во партијата на 50 проценти до 2025 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Корушка задолжително носење маски и во текот на ноќта, од 21 до 2 часот наутро

Објавено пред

Од петок австриската покраина Корушка воведува задолжително носење заштитни маски ноќе во туристички места.

Сите ќе треба да носат маски од 21 до 2 часот наутро на места како што се Фелден, Клопаинер Зе, Факер Зе, Вертер Зе.

„Фелден не треба да стане летен Ишгл“, истакна членот на покраинската влада надлежен за туризам, Себастијан Шусниг.

Тој посочи дека апелите да се избегнуваат собири на граѓани, да се почитуваат мерките за далечина и хигиена, не биле доволни.

Затоа, како превентивна мерка, донесена е одлука да се воведе обврска за носење маски ноќе.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Австрија повратниците од Балканот ќе бидат особено контролирани

Објавено пред

Австриската влада донесе одлука да го прошири списокот на држави за кои важи предупредувањето за патување во Романија, Бугарија и Молдавија и најави строги контроли на своите источни граници.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, по владината седница, рече дека состојбата во врска со коронавирусот на Балканот и Балтикот се влошила и дека има сè повеќе случаи на инфекција во Австрија увезени од исток.

„Се соочуваме со сè поголем увоз на зараза од странство. Затоа нашиот итен апел е да не се патува во тие земји“, објасни тој.

Курц потсети дека за тие земји важи мерката за двонеделен карантин.

„Прекршувањето на карантинот е сериозно кривично дело и кој и да го стори тоа, мора да смета на глоба до 1.450 евра. Кој е позитивен на тестот и ја нарушува карантинската одлука, сторил кривично дело и мора да смета на јасно построга казна“, истакна Курц.

Тој најави дека ќе се спроведуваат построги контроли на карантин, но и на границите кон исток.

„Повратниците од Балканот ќе бидат особено контролирани“, додаде Курц најавувајќи дека бројот на полицајци на границата ќе биде удвоен на 1.800.

Претходно овој месец австриската влада одлучи да ги стави државите од Западен Балкан на списокот на земји за кои важи предупредувањето за патување, врз основа на кое сите оние што се враќаат во Австрија, а престојувале во земјите од поранешна Југославија, мора да одат на двонеделен карантин или да имаат негативен PCR-тест.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Казна за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица кои не биле од исто семејство

Обвинителството предложи казни за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион60 минути

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но кажа...

Македонија2 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион2 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија2 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион12 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион13 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион14 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет17 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион18 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија19 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија20 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија22 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион22 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион23 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион23 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет1 ден

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет1 ден

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет1 ден

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Досие