Контакт

Европа

Камерон ја претстави својата ‘нова стратегија против екстремизмот’

Објавено пред

Британскиот премиер Дејвид Камерон ја објави во понеделникот својата „нова стратегија против екстремизмот“, низа мерки кои ќе овозможат одземање пасош на малолетници за да бидат спречени да се приклучат на групи како Исламската држава.

dobivaj vesti na viber

Британската влада од почетокот на годинава неколкупати ја најавуваше оваа нова стратегија којашто до крајот на годината треба да биде конкретизирана во нацрт закон за сузбивање на екстремизмот. Премиерот Дејвид Камерон се надева дека така ќе ги спречи џихадистичките групации да регрутираат странски борци во Велика Британија.

Според официјалните податоци, повеќе до 700 Британци заминале да се борат во Сирија и во Ирак, на териториите коишто ги контролира Исламската држава, а речиси 300 од нив се вратиле во Велика Британија, и се стравува дека може да преземат терористички напади во земјата.

„Мислам дека борбата со екстремизмот е една од главните борби на нашата генерација. Во борбата со таа отровна идеологија имаме избор: да го затвориме очите надевајќи се дека нашите вредности ќе опстанат или … да ги браниме тие вредности со сите сили“, изјави Камерон.

Неговата влада има намера да ги заостри условите за стекнување британско државјанство, во прв ред оние кои промовираат „екстремистички ставови“, и да го олесни одземањето на државјанство на оние коишто „не ги прифаќаат“ британските вредности.

Вториот „битен елемент“ од оваа стратегија се состои во тоа да се „прави повеќе на заштитата на децата и лицата кои се во опасност да бидат радикализирани“, истакна Камерон. „Конкретно, родителите загрижени поради тоа што нивните 16 или 17-годишници би можеле под влијание на екстремистите да отидат во странство, ќе можат да побараат да им се одземат пасошите“, додаде.

Оваа можност веќе постои за лицата до 16 година, а полицијата може да им ги одземе пасошите и на сомнителни полнолетни лица.

Премиерот Камерон, покрај тоа, рече дека „никој кој е осуден за тероризам и екстремизам нема да може да работи со деца и лица од другите ранливи категории“. Претходно во неделата тој ја претстави програмата која ќе чини 6,8 милиони евра за помош на локалните здруженија и организации во справувањето со џихадистичката пропаганда.

Мината година во Велика Британија медиумите пишуваа за неколку случаи кога малолетници заминале во редовите на Исламската држава, од кои најголем публицитет доби оној кога три девојчиња на 15 и 16 годија заминаа во Сирија./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

Лукашенко за мирот во Украина: Путин е подготвен, проблемот е кај Европејците и кај Зеленски

Објавено пред

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги обвини лидерите на Европската Унија за попречување на мировните напори во Украина велејќи дека Русија е подготвена да ги почитува договорите постигнати со САД, но дека напредокот сега зависи од Киев и од неговите поддржувачи, објави РТ.

dobivaj vesti na viber

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот во Украина треба да се реши преку траен договор, а не преку привремено прекин на огнот. Сепак, според Москва, Киев „отворено покажува дека нема интерес за долгорочен мир“.

„Русија е подготвена да ги спроведе договорите постигнати со Американците. Веќе разговаравме за ова со претседателот Путин неколкупати. Проблемот е кај Европејците и кај Зеленски“, изјави вчера Лукашенко.

За време на состанокот со американскиот претставник Џон Коул претходно во текот на денот, Лукашенко нагласи дека ниеден американски лидер не вложил поголеми напори за да обезбеди мир во светот од Трамп.

„Сакам да му се заблагодарам на вашиот претседател за напорите што ги вложува за мир, првенствено во нашиот регион“, рече Лукашенко додавајќи дека Белорусија е подготвена „да застане покрај Трамп и да му помогне во оваа мисија“.

Белорускиот лидер посочи дека додека Вашингтон се залага за решавање на конфликтот, Брисел и Киев сè уште го посакуваат поразот на Русија на бојното поле инсистирајќи дека таквата цел е нереална и никогаш нема да се случи.

Лукашенко исто така ја критикува Полска за подгревање на тензиите како дивјаци откога Варшава ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор со беспилотни летала претходно оваа недела.

Тој рече дека белоруските сили пресретнале дел од авионите и однапред ја предупредиле Полска за други, но за возврат добиле само хистерија, според RT.

Руските и белоруските претставници повеќепати го обвинија Брисел за поткопување на мировната иницијатива на Трамп со тоа што го туркаат Киев кон она што Москва го нарекува невозможни барања.

Москва, треба да се потсетиме, бара Украина да остане неутрална, да остане надвор од НАТО и другите воени сојузи, да се демилитаризира и денацифицира и да ја прифати сегашната територијална реалност – вклучувајќи го и статусот на Крим и другите региони.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Објавено пред

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија руските власти и медиумите во петокот наутро. Првичните извештаи сугерираат дека нападите предизвикале пожари на брод во пристаништето Приморск и во објектот на „Лукоил“ во Смоленск, објавува „Киев индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот гувернер Александар Дрозденко изјави дека повеќе од 30 беспилотни летала биле соборени над регионот Ленинград. Тој рече дека остатоците паднале на неколку локации во Тосно, град оддалечен 53 километри од Санкт Петербург, но рече дека немало жртви или голема материјална штета. Делови од беспилотните летала се пронајдени и во селата Всеволожск, Покровскоје и Узмино.

Дрозденко исто така потврди дека нападот предизвикал пожар на брод во пристаништето Приморск, најголемото руско пристаниште за товарење нафта на Балтичкото Море. Тој нагласи дека пожарот бил бргу изгаснат и дека нема ризик од потонување или истурање нафта. Заканата со беспилотни летала привремено го затвори аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург предизвикувајќи одложувања или откажувања на речиси 50 лета.

Главниот град исто така беше цел на напади
И главниот град на Русија беше цел на напади. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку девет украински дрона биле соборени во близина на градот. Тој на „Телеграм“ изјави дека службите за итни случаи биле испратени на местата на урнатините, но не даде детали за локациите или евентуалната штета.

Во исто време, руските канали на „Телеграм“, повикувајќи се на извештаи од жители, објавија експлозии во населбите Можајск и Дедовск во Московскиот Регион, западно од градот.

Пожар во фабриката „Лукоил“
Нов бран дронови го погоди и рускиот град Смоленск. Гувернерот на Смоленската област, Василиј Анохин, потврди дека дејствуваат противвоздушни единици, но не даде дополнителни информации.

Жителите пријавија експлозии, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледа пожар во блискиот објект на „Лукоил“, со густ чад и пламен што се издига од непозната локација.

Украинската војска сè уште не ги коментира нападите. Украина наводно ја променила својата стратегија за беспилотни летала во последните месеци за да ги попречи руските воздушни операции и да ја направи војната видлива за руското население.

Нападот се случи само неколку дена откога Русија изврши рекорден напад со беспилотни летала и ракети врз Киев, како и инцидент во кој руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Украински воен пилот загина за време на борбена мисија

Објавено пред

Олександр Боровик, 30-годишен пилот од 39-та украинска тактичка авијациска бригада, загина вчера додека извршуваше борбена мисија во секторот Запорожје на фронтовската линија, потврди неговата бригада.

dobivaj vesti na viber

Боровик летал околу 13:30 часот по локално време кога се случил инцидентот. „Причините и околностите за неговата смрт се под истрага. Изразуваме искрено сочувство до семејството и пријателите на Олександр. Вечно сеќавање на Херојот“, се вели во соопштението.

Во краткото соопштение не се наведува што се случило со воениот авион, но со оглед на тоа што пилотот бил убиен, се претпоставува дека авионот бил уништен.

Русија моментално контролира околу 70% од Запорошката област, но главниот град на областа, Запорожје, останува под украинска контрола.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните сустанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија7 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија8 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија8 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија10 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија12 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија12 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија13 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет16 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија17 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија18 часа

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет19 часа

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет20 часа

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија21 час

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –...

Македонија1 ден

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија1 ден

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет1 ден

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...