Европа
Камерон одби да и’ даде на Шкотска право на вето за ЕУ референдумот
Британскиот премиер Дејвид Камерон во средата го одби предлогот на Шкотската национална партија (SNP), за правото Шкотска да има вето во однос на референдумот кој ќе се одржи во Велика Британија за членството во Европската унија (ЕУ) во 2017 година, пренесуваат британските медиуми.
Партијата предложила секој од четирите дела на Велика Британија (Шкотска, Велс, Англија и Северна Ирска), најпрвин сам да се произнесе во однос на референдумот, доколку има мнозинство за тоа.
Камерон на британските граѓани им вети дека во 2017 година ќе се оддржи референдум за членството на Британија во ЕУ, доколку неговата партија ги добие парламентарните избори следната година.
Лидерот на SNP, Никола Стурџон во средата изјавил дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ треба да се оствари само доколку е одобрено од мнозинствата во Шкотска, Велс, Северна Ирска и Англија, во која живее 85 проценти од британското население.
„Ние сме едно Обединето Кралство. Ќе има само еден референдум и на него ќе одлучува мнозинството од тие што ќе гласаат. Правилата треба да функционираат на овој начин“, изјавил Камерон како одговор на предлогот на Стурџон.
Шкотска, Велс и Северна Ирска имаат различен степен на автономија, но британската влада во Лондон ја контролира надворешната политика и легално не е обврзана да ги консултира регионалните администрации, во врска со прашања како што е членството во ЕУ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

