Европа
Камерон признава дека морал подобро да реагира на Panama Papers

Британскиот премиер Дејвид Камерон призна во саботата дека морал подобро да реагира во врска со скандалот познат како Panama Papers кој открива како светски државни и славни личности ги користеле даночните оази за да ги прикријат своите приходи и да го избегнат плаќањето даноци, два дена откако под силни притисоци на јавноста и опозицијата признал дека до 2010 година поседувал удели во фонд на неговиот татко регистриран на Бахами.
Таткото на британскиот премиер, Јан Камерон, почина во 2010-та а истата година Дејвид Камерон ги продал уделите за 37.000 евра, само неколку месеци пред да биде избран на должноста.
„Ова не беше добра седмица. Знам дека морав подобро да реагирам, не ги обвинувајте моите советници, јас сум виновен и го научив урокот“, истакна Дејвид Камерон на почетокот од традиционалниот пролетен конгрес на неговата Конзервативна партија во Лондон.
По откривањето на скандалот наречен Панамски документи во неделата, дури во четвртокот навечер Камерон призна дека поседувал удели во компанијата на неговиот татко регистрирана на Бахами, кои се сметаат за една од ткн даночни оази. Британскиот премиер, сепак, тврди дека не сторил ништо нелегално и дека секогаш ги плаќал даноците.
Камерон во саботата го повтори ветувањето дека наскоро ќе ги објави своите даночни пријави за последните неколку години, што досега ниеден премиер на Велика Британија не го сторил.
Истовремено, два километра подалеку до местото на одржување на собирот на конзервативците, повеќе стотици лица протестираа во Даунинг стрит, каде се наоѓа резиденцијата на премиерот и седиштето на владата, барајќи ја неговата оставка. „Камерон мора да замине“, скандираа демонстрантите.
„Премиерот ја загуби довербата на Британците“, коментираше во петокот навечер челникот на опозициските лабуристи, Џереми Корби, но не побара оставка од Камерон./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тие му се заканија на претседателот Владимир Путин со нови „масивни“ санкции доколку не се придржува до договорот.
ЕУ му постави ултиматум на Путин да се согласи на 30-дневен прекин на огнот од полноќ или да се соочи со значително построги санкции. Кина, исто така, го поддржа планот.
Русија не се огласи по ова прашање до полноќ.
Европа
Полска пронајде докази за подметнатиот пожар во трговскиот центар во Варшава, го затвори рускиот конзулат; Русија бесна

Полска ќе го затвори рускиот конзулат во Краков откога пронајде докази дека Москва е одговорна за големиот пожар, кој речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот министер за надворешни работи.
❗🔥🇵🇱 – A huge fire hit the “Marywilska 44” shopping center in Warsaw, consuming almost all of its 1,400 commercial units, including kiosks.
The shopping mall, one of the largest in the city, belonged to Mirbud and is practically destroyed.
Authorities are fighting the fire,… pic.twitter.com/7Z34ZGyBzQ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 12, 2024
Веќе напнатите односи меѓу Варшава и Москва достигнаа нови височини со руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска тврди дека нејзината улога како еден од најважните бедеми на Киев ја направила цел на руски саботажи, сајбер-напади и дезинформациски кампањи, што Москва го негира.
Вчера, премиерот Доналд Туск изјави дека Полска со сигурност знаела дека руските тајни служби стојат зад големиот пожар на улицата Меривилска во главниот град.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле неприфатлив чин на саботажа против трговскиот центар на улицата Меривилска, решив да ја повлечам мојата согласност за работа на Конзулатот на Руската Федерација во Краков“, напиша министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски на „Икс“.
Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека Полска намерно ги прекинува врските со Москва, објави државната новинска агенција РИА.
„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите дејствувајќи против интересите на своите граѓани“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од државната новинска агенција РИА. Таа додаде дека Русија набргу ќе даде соодветен одговор.
Европа
Русите лансираа 108 дрона врз Украина

Русија лансира 108 дрона во Украина преку ноќ и погоди цивилен товарен воз повредувајќи го машиновозачот, соопштија украинските власти, откога европските лидери му се придружија на претседателот Володимир Зеленски во повикот за 30-дневен прекин на огнот од понеделник.
Украинската воздушна одбрана уништи 55 беспилотни летала лансирани од Русија од 23 часот во неделата, соопштија украинските воздухопловни сили преку апликацијата за пораки „Телеграм“. Во нападот беа вклучени и 30 дрона, кои беа изгубени по патот не погодувајќи ништо. Беспилотните летала беа соборени во источниот, северниот, јужниот и во централниот дел на Украина, соопштија воздухопловните сили.
Машиновозачот на цивилен товарен воз е повреден во напад со беспилотно летало врз железничката инфраструктура во источниот регион Донецк, соопштија украинските железници.
„Предлозите за прекин на огнот се игнорираат, непријателските напади врз железничката инфраструктура… продолжуваат“, соопштија украинските железници, „Укрзализница“ во објава на „Телеграм“. Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече барањата за прекин на огнот ултиматуми и за возврат предложи директни разговори со Украина со цел да се стави крај на војната в четврток, иницијатива прифатена од американскиот претседател Доналд Трамп.