Европа
Камерон: Жалам за исходот од референдумот, но не и зашто е одржан

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави ноќта во вторникот во Брисел, по вечерата со челниците на другите на другите 27 земји членки на Европската унија, дека му е жал за резултатот од референдумот за излегувањето, но не и поради тоа што тој е одржан.
„Секако дека жалам поради резултатот. Но не ми е жал што е одржан референдум. Тоа требаше да се стори“, изјави Камерон на прес-конференцијата по вечерата со другите челници на земјите членки.
„Би сакал да успеев на референдумот … жал ми е подари“, додаде британскиот премиер, додавајќи дека во овој момент е загрижен бидејќи сака Британија да ги изгради како треба своите врски со Европа. „Ќе сторам сé да ги охрабрам блиските односи“, истакна.
Британскиот премиер истакна дека нема временска рамка во врска со активирањето на членот 50 од Лисабонскиот договор, кој се однесува на излегување од Европската унија, и рече дека тоа прашање ќе му го остави на својот наследник. Тој ќе треба да се занимава со следното поглавје за Британија, порача Камерон.
Најави дека со својот наследник блиско ќе соработува за да се осигури неговата земја да задржи што е можно повеќе врски со Унијата. Порача дека Британија нема да ѝ го сврти грбот на Европа и истакна дека тој ќе стори се што е во неговата моќ да го охрабри блискиот однос на Лондон и Брисел.
Наведувајќи дека постои „универзално почитување“ за одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ, Камерон рече дека самитот кој започна во вторникот и продолжува во средата, ќе биде последниот за него.
Камерон на вечерата со другите 27 челници од ЕУ рече и дека Обединетото Кралство и Европската унија треба „да имаат што поблиски економски односи“, а дека „клучот за блиските односи е да се разгледа реформата на слободното движење на луѓето“. /крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин