Европа
Камерон завршува со политиката, заминува и од парламентот
Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон изјави во понеделникот дека се повлекува од местото пратеник во парламентот и ја завршува политичката кариера по поразот на 23-ти јуни, кога британските избирачи гласаа за излегување на земјата од Европската унија и покрај неговата кампања за останување.
Сега 49-годишниот Дејвид Камерон кој владата на Велика Британија ја презема во 2010 година, изјави дека ја информирал актуелната премиерка Тереза Меј, којашто го наследи на премиерската должност, за својата одлука со што ќе престане да ја застапува својата изборна единици Витни во Оксфордшир.
„За тоа долго и напорно размислував летово и одлучив дека е исправно да се повлечам“, рекол Камерон. Појаснил дека не сака да биде пратеник, како поранешен премиер кој ќе го свртува вниманието од личностите коишто денес ја водат државата.
Камерон оставката на премиерската должност ја поднесе на 24-ти јуни, ден откако 52 отсто од Британците се оглушија од неговите повици да гласаат за останување во Европската унија. Тогаш образложи дека на земјата ѝ е потребно „свежо раководство“ коешто ќе ги испреговара условите за излегување на Велика Британија од ЕУ (Brexit).
Премиерката Меј се дистанцираше од некои политики коишто ги спроведуваше Камерон, на пример политиката во образованието, а тој изјави дека ја поддржува.
„Го поддржувам она што таа го прави (…) Ќе има сопствени ставови за различните прашања. За тоа всушност станува збор“, изјави поранешниот премиер кој од 2011 година ја застапува својата изборна единици и челник на конзервативната партија стана во 2005 година, а по пет години стана и британски премиер./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

