Европа
Кардиналите гневни поради „McDonald's“-от во Ватикан

Повеќе кардинали во саботата се спротиставија на отворањето на ресторанот од синџирот за брза храна „McDonald’s“ во близина на Плоштадот на свети Петар во Ватикан, осудувајќи го „перверзниот“ избор на кој му недостига почит.
„Тоа е перверзна и контроверзна одлука“, изјавил кардиналот Елио Сгрециа во разговорот за дневниот весник La Repubblica од саботата.
Отворањето на ресторанот на американскиот синџир за брза храна кај Базиликата на свети Петар во Ватикан без секакво почитување кон едно од архитектонските најважни места кој гледа на колонадата на свети Петар, додава кардиналот.
Овој кардинал не живее во зградата во којашто треба да биде ресторанот, но вели дека зборува во име на седумте кардинали кои таму престојуваат.
Со изнајмувањето на просторот се занимава друштвото ASPA, задолжено за управување со недвижнини во Ватикан.
„Не гледам каде е тука скандалот“, вели кардиналот Доменико Калгањо, челникот ASPA, додавајќи дека нема никаква причина да се откажат од одлуката која е донесена сосема легално.
Според весникот La Repubblica, еден од разлутените кардинали му напишал на папата Франциск и од него бара да интервенира против одлуката со којашто Ватикан секој месец би требало да добива по околу 30.000 евра./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација

Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот Рејкјанес. Според Исландската метеоролошка служба, ова е деветтата ерупција во регионот од крајот на 2023 година.
Фотографиите објавени од исландското Министерство за јавна безбедност покажуваат лава и чад како се издигаат од пукнатина во близина на Гриндавик, рибарско село кое во последните месеци постојано е изложено на вулканска активност.
A volcano in Iceland just opened the biggest Rubens Tube I’ve ever seen. It erupted along the rift about 5 hours ago—while you slept. Still think no geophysical link to the recent solar activity? Remember: every action has an equal and opposite reaction. Only 10k views pic.twitter.com/mQV9soAz1E
— Bluntly Put Philosopher (@SocraticScribe) July 16, 2025
Државната телевизија RUV објави дека жителите на Гриндавик се евакуирани, како и гостите и персоналот од Сината лагуна, една од најпознатите туристички дестинации во Исланд.
Евакуациите беа спроведени како претпазливост поради можно ширење на лава и токсични гасови.
A volcanic eruption in southwestern Iceland has once again forced the evacuation of tourists at the internationally known Blue Lagoon geothermal spa.
Read more: https://t.co/3Y1SePLwSX pic.twitter.com/ahVAhmC7uE
— ABC News (@ABC) July 16, 2025
Властите предупредија дека условите околу вулканот се опасни и дека се можни понатамошни ерупции. Нема извештаи за повредени.
Европа
(Видео) Огромен пожар на сцената на еден од најголемите фестивали во светот

Главната сцена на фестивалот „Tomorrowland“ во Белгија е зафатена од огромен пожар само два дена пред почетокот на првиот викенд на еден од најголемите музички фестивали во светот.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како пламенот ја проголтува главната сцена на белгискиот фестивал, додека локалните медиуми известуваат дека службите за итни случаи се на местото на настанот во голем број.
#breaking!! #tomorrowland is on #fire right now pic.twitter.com/iWO0QAHNqt
— Javier Churich (@JaviChurich) July 16, 2025
Локалниот портал ГВА објави дека властите им советуваат на жителите да ги затворат прозорците и вратите поради ширењето на чад низ областа. Досега нема пријавени повредени бидејќи посетителите сè уште не пристигнале, а британскиот „Мирор“ објави дека околу 1.000 вработени биле на лице место во времето на пожарот, учествувајќи во подготовките за фестивалот.
I don’t think Tommorowland is happening this year pic.twitter.com/xGBxMpJsLZ
— 1S Swix (@SwixVL) July 16, 2025
Фотографиите и видеата објавени од ГВА и корисниците на платформата Икс го покажуваат обемот на пожарот, но сè уште не е познато колкава е штетата и дали инцидентот ќе влијае на фестивалот.
🔥 BREAKING: A massive fire has engulfed the main stage of the Tomorrowland music festival in Belgium, just days before the event kicks off on Friday.#Fire#Belgium#Friday#Tommorowland #MusicFestival pic.twitter.com/J0ANLLevKH
— Lumi Watch (@Lumibunnyy) July 16, 2025
Tomorrowland е еден од најголемите и најпознатите фестивали за електронска музика во светот, а оваа година се очекува повеќе од 70.000 посетители дневно да поминат низ фестивалските порти. Првиот викенд од фестивалот е закажан за овој петок.
Европа
Путин ќе го игнорира ултиматумот на Трамп, ги изнесе условите за мир, објави Ројтерс

Владимир Путин планира да ја продолжи војната во Украина сè додека Западот не се согласи на мировни преговори под руски услови, а неговите територијални претензии би можеле дополнително да се прошират ако руските сили продолжат да напредуваат, изјавија за Ројтерс три извори блиски до Кремљ.
Според овие извори, Путин не е импресиониран од заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за нови санкции и верува дека и руската војска и економија се доволно силни за да издржат дополнителен притисок од Западот.
Путин смета дека никој сериозно не сакал да се договори со него
„Путин верува дека никој, дури ни Американците, сериозно не се ангажирал со специфичните услови на Русија за мир, па затоа ќе продолжи сè додека не го добие она што го сака“, рече еден извор под услов да остане анонимен.
Трамп вчера изрази фрустрација од одбивањето на Путин да прифати прекин на огнот и најави нови испораки на оружје за Украина, вклучувајќи системи „Патриот“, и дополнителни санкции ако не се постигне мировен договор во рок од 50 дена.
Кремљ: Нема основа за мир, само нејасни контакти
Иако Трамп и Путин разговарале по телефон неколку пати, а американскиот претставник Стив Виткоф, исто така, ја посетил Москва во неколку наврати на средби со Путин, рускиот претседател, според изворите, верува дека немало сериозен обид да се дефинира основа за мир.
„Важно е Путин да го зачува својот однос со Трамп и имаше добри разговори со Виткоф, но интересите на Русија се над сè“, додаде еден од изворите.
Барањата на Путин: Повлекување на НАТО, Украина мора да остане неутрална
Според извори блиски до Кремљ, Путин бара правно обврзувачка гаранција дека НАТО нема да се прошири кон исток, неутрален статус за Украина и ограничувања на нејзините вооружени сили, како и заштита за нејзиното рускојазично население. Тој, исто така, бара признавање на територијалните придобивки на Русија.
Путин, наводно, е подготвен да разговара и за безбедносни гаранции за Украина што би ги вклучиле големите сили, но не е јасно како тоа би изгледало во пракса. Канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.
„Путин не се плаши од царини, Русија го надминува НАТО во муниција“
Друг извор рече дека Путин верува дека целите на Москва се поважни од какви било економски последици и не е загрижен за заканите на САД за царини против Кина и Индија за купување руска нафта.
Два извори рекоа дека Русија има предност на бојното поле и дека нејзината воена индустрија го надминува производството на клучна муниција на НАТО, како што се артилериски гранати.