Контакт

Европа

Каталонските сепаратисти освојуваат апсолутно мнозинство

Објавено пред

Сепаратистичките партии на покраинските избори во Каталонија во неделата освоиле апсолутно мнозинство во каталонскиот парламент, покажуваат излезните анкети и прелиминарните резултати по пребројувањето на повеќе од половината од гласовите на изборите коишто ги одбележа рекордно висока излезност на избирачите.

dobivaj vesti na viber

Според излезната анкета којашто ја нарача каталонската телевизија TV3, двете сепаратистички партии во коалицијата „Junts pei Si” (Заедно за Да), и помалата левичарска партија CUP би требало да добијат меѓу 74 и 79 места од 135 мандати, односно 49,8 отсто од гласовите.

Според анкетата на институтот GAD3 за радиото Cope, сецесионистите би требало да освојат меѓу 71 и 76 места, односно 49,78 отсто од гласовите. Оваа анкета е направена во периодот меѓу 14-ти и 25-ти септември, а беше објавена по 20 часот, по затворањето на избирачките места.

Ваквите предвидувања ги потврдуваат и прелиминарните резултати по пребројувањето на 56,37 отсто од избирачкиот материјал, според кои партиите коишто се залагаат за независноста добиваат 48,35 отсто од гласовите, односно 72 мандати.

Коалицијата во којашто влегуваат Демократската конвергенција на Каталонија (Convergencia Democratica de Catalunya CDC), на каталонскиот премиер Артур Мас и Левите републиканци на Каталонија (Esquerrа Republicanа – ERC), заедно со неколку помали движења, освојуваат 40 отсто од гласовите или најмалку 60 пратенички мандати. Втората партија којашто се залага за независноста на североисточната шпанска покраина Кандидатурата на народното единство (La Candidatura d’Unitat Popular – CUP) добива 10 пратенички места.

За апсолутно мнозинство во парламентот на Каталонија, неопходни се 68 пратеници.

Меѓу партиите коишто го поддржуваат територијалниот интегритет на Шпанија, води партијата Граѓани со 25 мандати, Социјалистичката партија на Каталонија има 17 мандати. Владејачката во Шпанија, конзервативната Народна партија на премиерот Маријано Рахој освојува според прелиминарните резултати 11 мандати.

Коалицијата Catalunya Si que es Pot (Каталонија, да, можно е), во којашто влегува и радикалната левица Podemos, која се залага за спроведување референдум за прашањето за независноста, може да очекува 10 места во парламентот.

На изборите во неделата е поставен рекорден одѕив во историјата на изборите во Каталонија, и според прелиминарните податоци на нив учествувале 77 отсто од електоратот,

Во неделата навечер повеќе стотици поддржувачи на независноста на Каталонија од Шпанија се собраа пред културниот центар Ел Бопрн, прославувајќи ја победата на нивната опција.

Последните години каталонската влада постојано го истакнува прашањето за спроведување референдум за независноста, носеше закони со цел да се создаде „државност“, особено во сферата на надворешната политика. Откако овие инсистирања беа одбиени од централната влада во Мадрид и Уставниот суд на Шпанија, кој не дозволува да се одржи референдум само на територија на автономната единица, туку во целата држава прогласувајќи го каталонскиот референдум за неуставен, властите во Барселона организираа неформален плебисцит на кој 80 отсто од излезените избирачи се изјаснија за независност. Но на него излегоа само третина од вкупниот електорат на Каталонија.

Оттаму, каталонските власти прибегнаа кон нова стратегија. Па така, доколку шпанските власти не им дозволуваат организирање валиден референдум, тие независноста ќе ја прогласат во покраинскиот парламент.

Мас изборите в недела ги нарече „референдум“,велејќи дека жителите на Каталонија треба да гласаат врз база на позициите на партиите во однос на независноста. Неговата цел е да оствари апсолутно мнозинство во законодавниот дом на покраината и да го „започне процесот на стекнувањето независност“.

Од друга страна шпанската конзервативна влада на премиерот Маријано Рахој соопшти дека не може да стане збор за никакви „плебисцитарни избори во Каталонија, туку станува збор за обични покраински избори, како и дека нема проблеми кои одат во прилог на идејата за независност. Како своевидна „компензација“, Рахој најави можност во Шпанија следната година да се направат уставни реформи, со што во уставот на земјата ќе бидат јасно дефинирани надлежностите на шпанските автономни покраини./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Објавено пред

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник под сомнение за злоупотреба на службена должност, соопшти лондонската полиција.

dobivaj vesti na viber

Полицијата потврди дека 72-годишникот е ослободен во исчекување на истрагата. Репортерите на Би-би-си го виделе Манделсон како се враќа во својот дом во Лондон околу 2 часот наутро, објави медиумот.

Манделсон беше уапсен во понеделник на адреса во Камден, северен Лондон, и беше однесен во полициска станица на испрашување. Апсењето го извршија полицајци од специјализираната криминална единица на Метрополитен полицијата. Полицијата започна истрага претходно овој месец поради сомневања дека Манделсон, додека бил министер во владата, му дал комерцијално чувствителни информации на починатиот осуден педофил Џефри Епстин. Две адреси, во Вилтшир и Камден, беа претресени како дел од истрагата.

Питер Манделсон не зборуваше јавно за случајот Епстин во последните недели, но Би-би-си дознава дека тој тврди дека не сторил никакво кривично дело или бил мотивиран од финансиска добивка. Консултациите се во тек меѓу полицијата и Службата за крунско обвинителство.

Тој беше назначен за амбасадор на Велика Британија во САД во февруари 2025 година, но беше отстранет во септември откако Даунинг стрит соопшти дека се појавиле нови информации за длабочината на неговите врски со Епстин. Владата соопшти дека очекува првите документи поврзани со назначувањето на Манделсон да бидат објавени на почетокот на март.

Владата сè уште е заинтересирана да објави документи за кои се надева дека ќе го поддржат тврдењето на премиерот Сер Кир Стармер дека Манделсон „лажел“ за време на процесот на безбедносна проверка.

Дарен Џонс, главниот секретар на Министерството за финансии, им рече на пратениците во понеделник дека записите за дополнителните прашања поставени од Даунинг стрит за време на процесот на проверка за назначувањето нема да бидат вклучени во првата серија објавени материјали поради „интересот на Метрополитенската полиција за документот“.

Обвиненијата против Манделсон произлегуваат од серија документи објавени од Министерството за правда на САД минатиот месец, кои вклучуваат транскрипт од е-пошта меѓу него и Епстин.

Една порака од 2009 година се чини дека го покажува Манделсон како доставува проценка на политичките мерки, вклучително и „план за продажба на средства“ до советник на тогашниот премиер Гордон Браун. Се чини дека тој, исто така, разговарал за данок на банкарските бонуси и го потврдил претстојниот пакет за спасување од еврото еден ден пред официјално да биде објавен во 2010 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето

Објавено пред

Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.

dobivaj vesti na viber

Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.

Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.

Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.

Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.

Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.

„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.

„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.

Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите

Објавено пред

Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.

dobivaj vesti na viber

За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.

Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.

Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 минути

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија10 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија16 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија18 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија19 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија19 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија19 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија20 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион21 час

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет22 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија22 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа22 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет23 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет23 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет24 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет24 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа24 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет2 дена

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет2 дена

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...